- Член од
- 28 мај 2008
- Мислења
- 3.966
- Поени од реакции
- 4.073
Кога си во Рим, прави што прават Римјаните. Не можеш, ама буквално да ги правиш истите работи од дома, друга култура, друг начин на размислување ....Факт е дека освен патувања низ светот и одмори за кои ние можеме да сонуваме и со директорска плата, апсолутно ништо подобар живот од нас немаат оние кои се отселиле во странство
Имам многу познаници кои беа во Америка, братучеди и тетка во Шведска, братучетка во Швајцарија која претходно живееше во Германија, познаници кои работат во Франција,Белгија, Норвешка, Австралија, Катар, па дури и познаник кој се врати од Либија.
Ајде тој од Либија се врати затоа што секој ден му фрчеле куршуми над глава и едвај преживеал, па ќе ги исклучам од муабетите.
За парични средства тука воопшто не правиме муабет, НЕМА споредба. Тоа што ќе го заработиш во странство како чистач, овде можеш воглавно да го сонуваш и со професорски плати.
За напредок во одредени научни области истотака. Тука нема услови за напредок, колку и да си самоук, друго е кога ќе можеш да споделиш искуства со некој друг. Има интернет кој може да послужи за комуникација, но сосема е поинакво кога имаш соработка во живо.
Парите не се се во животот, ама без нив не се може и целосно ги разбирам оние кои заминале во странство поради тоа што тука е тешко да се најде пристојна работа.
Но, со преселба во странство губиш многу нешта, особено начинот на живот на кој сме навикнати Балканците
Од сите што биле во Америка, еден не ми рекол дека навечер можеш да си седнеш во некое маалско паркче, да се собереш со друштвото, да удрите некој муабет. Сите ми рекле дека после 22 часот градовите се мртви, жив човек нема надвор. Никаква комуникација со соседи...
Тетка ми цел живот живее во Шведска, ете ја сега на 70 и кусур години нема со кој збор да прозборе. Вистина е дека си има супер пензија, на тие години си оди на базен два пати неделно, има еден куп придобивки за пензионери, ама џабе е кога цело време е сама. Познанството меѓу соседите не е како овде, меѓу роднини никаква комуникација немаат, па камоли со некој кој не ти е крвно поврзан. Татко ми во секое време си оди на гости кај комшиите. Комшијата кога доаѓа кај нас, ни на врата не тропа, директно си влегува Ти треба помош од некого, слободно си бараш. Во секое време ќе најдеш некој што седи во двор и ќе те викне на муабет, на чашка ракија итн.
Братучедите во Швајцарија го имаат истиот проблем. Сум ја кажал оваа приказна и пак ќе ја повторам. На нивните комшии им дошле некои роднини од друг град. Ама не се најавиле претходно и овие не сакале да ги примат. Два дена спиеле кај моиве роднини...
Толку години се таму ЕДНИ пријатели немаат стекнато. Цело време куча-посао, ќе земат двонеделен одмор, ќе го свртат цел свет и пак исто те исто. Никакво ново познанство, во 22 часот во кревет итн.
Другарка што е отидена во Катар мака мачи со тоа Арапите. Без машко друштво не смее да искочи од дома. Брат и кој е во Америка, не планира да се враќа во Македонија и потполно го сфаќам, затоа што нема некое знаење од специфична област, а како физички работник тука нема што да бара. Сепак, и тој ми го кажува истиот муабет за тамошниот начин на живот. Знам еден куп луѓе што останале во Америка на диво и не планираат да се вратат.
Да бираш меѓу странство и Македонија е доста тешко за некој кој приврзан за роднините, пријателите, родното место, начинот на живот кој го води тука итн.
Џабе пари кога на крајот од денот ќе немаш со кого да си ја споделиш маката, на кого да му се пофалиш за успесите, ќе немаш некој кој ќе биде со тебе во моментите кои си болен од полесна или потешка болест, ќе немаш со кого да си направиш муабет кој нема да биде ради-реда...
Џабе пари, ако за време на викенд не можам да отидам на натпревар на Вардар
Плус правото на приватност на запад ти е основа на се, нема ненајавен да дојдиш на гости (мене ептен ми е сељачки тоа) и шо го ебам јас комшијата дали спие во два саат сабајле ќе побарам шеќер, битно мене да ми е добро.
За тоа и тие ја имаат разбрано демократијата како што треба, а не како нас (секој може да прави што сака)