Дали вреди да се напушти нашава земја?

Дали би ја напуштиле Македонија доколку ви се пружи прилика?

  • Вкупно гласачи
    585
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
забегавме малце..............а овај без програма шо е и лешинарите околу него ќе ти донесат подобро утре...........и пак ќе речам таквите како тебе се со кратко памтење или се многу млади да знаат што се случувало изминатите 30 години,колкава индустрија имаше МКД и ја снема преку ноќ во приватни џепови префрлајки ги средствата на компаниите во приватни фирми...........потекло на пари овие 30 години да се побара и данок на имот по пропорционален модел,кој ќе го донесе тоа гласам до крај на животот за него
Не ме интересира за никој друг.
Овој е откриен дека крадел и правел на се живо и диво манипулации.
Затоа треба да си оди,а кој ќе дојде тоа е друга работа.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.057
Поени од реакции
6.668
Не ме интересира за никој друг.
Овој е откриен дека крадел и правел на се живо и диво манипулации.
Затоа треба да си оди,а кој ќе дојде тоа е друга работа.
тебе ако не,мене ме интересира,ако дојди бетер некој после пак треба да му ја мислиш и да те интересира одново..................
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
МКД индустрија пропадна највеќе заради префрлањето на средствата на компаниите во приватни џепови,отворени се во мегувреме многу фирми фантоми во кои се слеваа средствата од гигантите,за повеќето тоа се случи,а има и од тие што поштено пропаднаа затоа што немаа доволно пазар како што велиш,но и за тоа имаше решение раководството да го намали бројот на работници или да се работат и други слични дејности од струката
Не ми е јасно, како префрлале пари од сметките на компаниите во приватни џепови ?
Па за тоа да се прави потребно е самата фирма да има пари, да генерира профит, па наместо кај работниците да оди во приватни џепови.
Најголем дел од фирмите пропаднаа, затоа што имаа неспособни директори, со слабо владеење на странски јазик и гасењето на југословенскиот пазар, па кога се наоѓаат во таква состојба голем дел од директорите, си земаа кредити на име на фирмата, а ги трошеа во приватни цели и фабриката трупа долгови, како плати, сметки и слично.
"Успешните" фирми во Македонија се монопол кај нас и нешто ситно што извезуваат во странство.
Еве да биде како што викаш, дека МКД индустријата пропадна заради префрлање на пари, демек пред 90-тите сме имале јака индустрија, денес сигурно ќе имаме фирми што прават извоз за европскиот пазар на барем 50% од сопственото производство, а такви се толку малку што име не им знаеме. 20 години не се многу и голем дел од тие "успешни" менаџери од тоа време сеуште се живи и може да ја работат својата работа успешно и денес. Но реалноста е поинаква, реалноста е дека успешните менаџери кај нас денес прават увоз на роба што може да се произведува кај нас и со тоа ја уриваат секоја можност за развој на било каква индустрија кај нас.
Во Македонија само две индустрии се добро стоечки, ИТ и приливот на девизи од иселениците
 
истиот управител отвораше фирма на негов близок(жена,син,ќерка),префрлаше на таа сметка пари а тоа го оправдуваше како да добил некоја услуга и материјали по повисока цена многупати од реалната или за “фантомски добра и материјали“,сеа јасно ти е или треба СЕ да цртаме по форуми ..................
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Кој е претприемчив, со идеи и храброст, може да успее и во Македонија.
Мене Македонија ми е Америка.
 
Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Кој е претприемчив, со идеи и храброст, може да успее и во Македонија.
Мене Македонија ми е Америка.
Бев у Америка.
На крај на месец ми остануваа 2000+ долари, и најдов две работни места у рок од една недела.
Исто бе, и кај нас еве.

Него, вреди да се напушти ако имаш план и работна позиција добиена од тука. Да отидеш и да талкаш низ странски земји, само трошок на време ќе ти е.
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Бев у Америка.
На крај на месец ми остануваа 2000+ долари, и најдов две работни места у рок од една недела.
Исто бе, и кај нас еве.

Него, вреди да се напушти ако имаш план и работна позиција добиена од тука. Да отидеш и да талкаш низ странски земји, само трошок на време ќе ти е.
Колки има само фриленсери во Македонија, луѓе со знаења и претприемачки дух, кои од Македонија работат за странски фирми и остваруваат и далеку повеќе од 2000 долари месечно.
 
Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Колки има само фриленсери во Македонија, луѓе со знаења и претприемачки дух, кои од Македонија работат за странски фирми и остваруваат и далеку повеќе од 2000 долари месечно.
Колку има?
Просечната плата ни е 4-5 000 денари над минималецот.
Рачунај дека јас, без врски, со англиски како втор јазик, првпат отиден во друга држава успеав да заработувам да ми останат 2000 долари.
Тоа е разликата.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.554
Колки има само фриленсери во Македонија, луѓе со знаења и претприемачки дух, кои од Македонија работат за странски фирми и остваруваат и далеку повеќе од 2000 долари месечно.
Не ме дупи у Кам зимаат 8.200 плата, не се прај паметен. Таму на каса да работиш у маркет ќе јадеш и пиеш кока кола. А овде со 8.200 не можеш ни степчиња од 5 денари да си дозволиш секој ден.:pusigo:
 
M

Moon Child

Гостин
Не се малку примери од нашето секојдневие кој колку плата зима, особено градови што не се Скопје. Сакам да кажам, останатите градови во Македонија.
Во Велес да најдеш некој што ќе ти даде плата 8050, порано толку беше минималецт, сега незнам, е права реткост.

Јас работев во цвеќара за 5000 денари, осигурана на пола работно време. Потоа во сплет на ситуација мораа да ме осигураат на цело, на банка ми ја пуштаа минималец платата, а јас потоа на рака 3000 им враќав. Свесен си за неправдата, ама ќутиш, затоа што поарно нема. Или ќе одиш да рмбаш келнер по кафичите за нешто повеќе пари, ама и тоа е привремено, не бидува келнер цел живот. Прашање е дали и таму ќе најдеш и среќен ќе бидеш ако си нашол.

Еве моите немаа можност да не студираат и двете па само сестра ми заврши факултет, јас се мачев ко грешен ѓавол откако завршив средно. Не барав работа одредена, барав било што, каде било, во конфекција да шијам, во фаст фуд, келнер, сеедно, само да работам и да имам свои пари. Несакав да излегувам додека не работев за да не барам од моите, па седев дома и гледав што помалку да бидам на терет, и цигарите ги откажав за да не ги обврзувам да ми купуваат, што е ете не лоша работа, но сакам моментот да го доловам.

И така неколку години барав работа било каква, секаде каде и да прашаш, искуство ти бараат. Одиш во конфекција, ти вика, а ти искуство имаш, не а? ок ќе ти се јавиме. Добиваш курац. Фрустрацијата расте што ни во ебена конфекција неможеш да се вработиш.

Во меѓувреме некадарни талтаци што мафтаат по митинзи од твојата генерација што ги знаеш дека се талтаци со исто образование ко твоето работат во канцеларија. Живот... Некој одлучува да се продаде за ситен интерес, некој се противи на таквиот начин и сака нешто да се промени.

Одиш да прашаш за келнер, јбг свесен си дека не си кадарен и ќе работиш што годе.
Се извинувам, слушнав овде е потребен келнер. Аха, а искуство имаш? Курац број два.

Одиш во продавница, ви треба ли можеби продавачка, немам досега работено, еве ќе работам пробно месец дена без плата да добијам искуство. Аха, веќе праша една што има искуство. И така животот ти мава шамари а годините и времето ти минат.

После толку време, наоѓам работа во цвеќара. Среќна, пресреќна. Плата 5000 денари. Ок нема везе, дај само да се работи, боље ишта него ништа, боље 5000 денари него ич. Газдарицата, мои години, студент на ФОН. Ама Сашка знаеш, јас студирам па некогаш ќе ми требаат слободни денови, да ме мењаш, или да идеш двократно, ќе ти платам јас. Ок нема проблем, свесна дека со години седев без работа. На крај на месец, за месец дена двократно работење, без ниеден слободенм ден, 6000 денари плата. Платено двократното. Добиваш курац ипол овој пат, и си ќутиш, абе добро е додека се работи.

Во меѓувреме партиски полтрони по форуми и фејсбуци те убедуваат колку е убаво во Македонија, и ти се прават паметни. Фрустрацијата секој ден расте.

Поминува време, трпиш и гледаш како неправди се случуваат и дека некој твојот труд и фер однос го множи со нула. Ти пука филм, си ги собираш парталите и викаш, полошо неможе да биде. Им покажуваш два средна прста на сите, во знак на протест поради сите ситуации за кои си добил курац у животот. И на 20 години си одиш.

Се враќаш на форумот после одредено време, истите луѓе те убедуваат дека е убаво, и уште те нарекуваат исфрустриран, те осудуваат затоа што си исфрустриран ко сам да си се направил таков а не некој друг.

Јас сега овде во Црна Гора работам како шанкер и како келнер, не се срамам, ни таму во Македонија немам високи очекувања. Да се разбереме, јас не се плашам од работа, овде знам да работам и по цел ден, и да останам два три саата после моето работно време, за што добивам дупла дневница. Секогаш сум била максимално испочитувана и наградена за мојот труд, што не е случај во Македонија. Таму само гледаат да те исцедат а за возврат или да добиеш ништо или да добиеш трошки. Сум почувствувала на своја кожа, а знам и примери од секојдневието.
 
Последно уредено од модератор:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.304
Поени од реакции
78.998
Може да се успее во Македонија, како не, само пртприемачки дух ти фали и нема гајле.:kruna:
...
Што и да се десило, а се десиле милион и едно срање, од најкрвави како Смилковско или Куманово, до иљадници грабежи и неправди, све која од која пофлагрантни..... А сепак увек на подфорумов, у секое време, било која таква тема, ќе биде прекриена со постови од темата Бугарски пасош, па сеа вие видете ја таа перспектива.
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Резултатот од анкетата зборува доволно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom