Дали вреди да се напушти нашава земја?

Дали би ја напуштиле Македонија доколку ви се пружи прилика?

  • Вкупно гласачи
    585
Член од
3 август 2015
Мислења
1.722
Поени од реакции
2.958
Дали вреди да се напушти нашава земја, не можам да кажам, не сум ја напуштил за доволен период да направам споредба. Верувам дека од финансиски причини и од аспект на подобар живот мора да вреди бе мајкому стара, ваљда не живеат вака по белиов свет како нас, акмаци. Не верувам, сигурен сум. Од аспектите што највеќе не засегаат секојдневно сигурно вреди!

Одма би ја напуштил државава ама не ми се напушта татковината!

Веројатно вреди да се напушти земјава, ама дефинитинво вреди да и се даде шанса, да си дадеме шанса себеси да просперираме и да се избориме за она што ни следува. Некогаш нашите предци се бореле за да можат слободно да го зборуваат мајчиниот јазик, слободно да играат ора и да пејат на македонски, слободно да шетаат, да се смеат, дружат, јадат и пијат, и многу животи се дадени за таа кауза. Се бореле со непријателот за подобро утре.

Денес, ситуацијата е многу поразлична. Имаме земја, зборуваме наш јазик, можеме да јадеме и пиеме и највеќе може оро да играме и да се дереме на македонски, пошто само тоа ни остана...за јадење и пиење требаат пари. Сакаме ние младите да јадеме и пиеме со наши пари, со наша работа која сме ја заслужиле со наша пот и труд, а не со парите на нашите родители кои место да си гледаат како да ги поминат своите преостанати години од пензија или веќе својата пензија они гледаат на нас како да сме деца кои се неспособни самостојно да живеат. И у право се, не сме способни. Не сме способни ради новите непријатели на модерната македонска независна држава, политичарите. Сите бе, од плави до црвени од скопјани до провинцијалци, од младо до старо...

Тие се нашиот модерен, актуелен непријател против кој е потешко да се бориме, не знаеме каде се е спопикан. Знаењето е сила, знаењето е моќ... кој апсурд човече. Факултетот ти е новото основно образование, магистерските студии ти се бивш факултет и штабот ти е новата агенција за вработување...

Баравме демократија, добивме политизирана автократија, сеа кај да се жалиме?

Да не го должам...јасна е ситуацијата, гнасна е.

Да, вреди да се напушти државата, ама едно е да ја напуштиш, друго е да те избрка некој. Во нашиов случај во последните години - индиректно масовно бркање на млад кадар и стари семејни луѓе во потрага по корка леб.

Да се надеваме дека ќе имаме некој убав спомен да раскажеме на следните поколенија како што ни раскажуваа нас постарите. Надешта последна умира, ама сепак умира.
odi vo stranstvo 10 godini zaraboti vrati se kurcise cel zivot vo mak zosto samo vo makedonija 65 den e kilo i pol pivo ;)
 
R

Ranta

Гостин
Не, не вреди да се напушти Македонија. Пред се', зошто би ја напуштиле Македонија - земјата која воопшто не е развиена, на која и треба постојано надградување ,земјата која е млада и многу МНОГУ силна, земјата во која што сте се родиле.
Ќе си одите од тука поради тоа што вашите постари офкаат и плачат дека нема работа и дека животот е тежок и дека странство е најубо дека има се и е најубаво? Да избегате од патот на ВАШИОТ оригинален живот, она што треба да го поминете, да видите, проучите, да запознаете. Како прво ние младите не ја знаеме својата култура, а одејќи странство ќе се измешаме со туѓа, нова за нас култура и притоа ќе немаме дом, место каде ќе можи да се каже ,, OВА Е МОЕ''. Верувајте нема да ви е така добро. Освен тоа, каква работа би работеле? Бидете сигурни дека нема дави дадат на шефувате и да имате столче каде ќе си ги одмарате нозете. Не велам дека тука во Македонија има убави и лесни работи, ама сметајте дека тука имате предности од типот: тука ви е семејството, другарите, има простор за иновирање, правење нови работи, откритија. Бидите сигурни дека нема да земете многу пари, ама замислете колкаво би ви било задоволството ако некогаш можете да кажете ,,ДА, ЈАС УСПЕАВ ТУКА, ТУКА ВО МАКЕДОНИЈА!''. Не знам за вас, ама мене една од целите во животот ми е кога ќе остарам да го кажам ова.

И уште нешто:
MAZEDONIEN ÜBER ALLES!! (не сум партиец)
 
Последно уредено од модератор:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.309
Поени од реакции
7.299

Во Македонија има многу успешни луѓе, речиси сите, пошто навистина е успех со 200 евра на месец да врзеш крај со крај.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
311
Поени од реакции
302

Ова како аудио трака за владина реклама. Оди кај сиромавиот и кажи му да иновира и прави откритија ебате гнаса вомароидна.
 
Член од
2 септември 2015
Мислења
36
Поени од реакции
30
И јас не сум за комплетно напуштање. Поради заработка на поголема сума пари за пократок временски период...ДА.
Тоа всушност сум јас.
Работев вкупно 3 ипол години во Авганистан за две различни компании се со една цел да си купам сопствен стан. Никако не ми одеше на памет да работам тука, да земам кредит и да се заглавам во следните 25-30 години. Иако познавам и такви луѓе и ништо не им фали. Обично се со работни позиции кој се платени околу 25000-30000 денари и имаат стабилна и очекувана финансиска подршка од фамилијата ако се подзаглави малку.
Читајќи ги споредбите со животот тука и надвор, мислам дека секаде работа си е работа, само што разликата е во стандардот, односно можноста да си се дозволат некој основни животни потреби со платите којшто се заработуваат, можноста за земање на кредит и очекувањата од животот. Сето тоа е поврзано со организираноста на системот во државата и нејзиното богатство. Што истата може и колку може и мисли на сопствените граѓани. Тука ние сме на дното.
Имајќи можност да запознаам и разговарам со луѓе од богатите држави (Британија, Америка, Австралија...итн) речиси сите се жалат на огромните даноци што државата ги побарува. Голем дел од нив исто така како и некој нашинци ги напуштаат родните држави и се селат комплетно низ Азиските држави (Тајланд, Филипини, Индија...итн) каде што веднаш стануваат газди, отвораат свој сопствени бизниси бидејќи со парите што ги заработуваат по базите се екстремно богати за тие држави.
...Секој има различни потреби и очекувања од животот, па со тоа и си ја крои судбината преку сопствениот труд.
 
M

Moon Child

Во право си, и јас би направила така како ти, одиш некаде заработуваш пари, го плаќаш сопствениот стан пола или комплетно и мирна глава. Конкретно на брод, или Авганистан, места каде можеш за краток период добро да заработиш споредено со наши услови, а пак да се вратиш дома.
Ама сето тоа зависи поради која причина си ја напуштил Македонија.
Јас на пример кога си отидов, мене ми дојде преку од се, буквално ми се собра, се фрустрирав секој ден додека ми беа газени правата како работник, а добивав мизерна плата и додека гледав како ретардирани со едвај завршено средно се испонапикаа државно, сета таа ситуација на вриење се прели, јас си ги собрав парталите и си реков јебига, нема што да изгубам.
Од почетокот мислев еј супер, ќе заработувам повеќе пари, ќе си купувам работи и ќе живеам добро, нешто што никогаш не сум го имала, секогаш сум се стегала и мислела што да правам за утре... Ама како минеше времето, еве скоро 2 ипол години, почнав да сфаќам дека мене сиромаштијата не ми пречела толку колку размислувањата и менталитетот. Не велам јас дека имам многу понапредно и либерално мислење во однос на другите жители, воопшто себеси не се ни сметам за либерал и не сум екстремна по тоа прашање, некако ме угуши сета таа атмосфера на пикање на носот каде што не му е местото од страна на секој ебан човек, повикан или не, дали се работи за комшија, роднина и тако даље.
Таму каде сум сега, а нема да бидам уште долго, си го најдов својот мир, својата самосталност и мојот живот никој не го интересираше. Ни кога станувам, ни кога излегувам, нити некој ненајавен дома ми иде и ми се башари ко да е во својата дома, ниту некој ми поставува прашања што овака, а не овака. Живеев една година во еден ист стан и познавав само два комшии. Ниту ме интересира кој се, што се, ниту ме интересираат нивните животи, ниту кога се прибираат и кој им иде дома. Ништо, а и нив за мене. Секој си го живее својот живот, си го гледа својот дом, своите маки ако ги има, на никого не му е грижа што се случува кај комшиите дома, ниту кај братучедите, ниту кај никого. Еве сега на приумер, би отишла да живеам во земја како Македонија, нека немам толку пари, не ми претставува толку проблем, само сакам да си имам сопствен мир.
Еве овие денови дојдов на гости во Македонија, и ја затекнав истата таа ситуација, од која сафра ме фаќа. Бев кај братучедка ми на гости, живеат во една куќа, она, маж и, мало детенце, свекор,свекрва, и девер. Вкупно дома имаат 3 соби. И она мене ме прашува како ми се даваат 100 евра за ќирија? Јас неможам да разберам дека девојче, кое е пресно омажено и веќе основало свое семејство, живее во такви услови во какви што живее, и има такво размислување??? Па јас ќе дадам 1000 евра за ќирија, и ќе немам ако треба леб да јадам, ама со својот сопруг ќе имам своја приватност и мир, бидејќи нашиот живот не го интересира никој.
Ситуација број два. Бидејќи многу работев, баба нашла овде во Велес некој човек, со супер заебани апарати, да дојде да ме измасира и да ми го исправи грбот. Два саати човекот ме масираше, и нели, како што е редот во една домаќинска куќа, на крајот го понудуваш со кафенце. Седнавме надвор, бидејќи дома не се пуши, и ете ти ја една комшика. Застанува на оградата и гледа. Кој е сега мажов овде, тоа е болката? Како тоа јас сум дошла овде без маж, а некој друг маж седи во дворот. И одма после тоа ќе пуштаат муабети, аха, некој маж имаше таму, а она е сама дојдена. Јас зоврев, ама несакав да правам скандал, што треба тоа да значи, да дојде да ми застане и да ми гледа? Што ја интересира, на пример? Мене не ме интересира за никого и ништо. Секој си има свој живот и свои причини. Тоа е само дел од еден куп ситуации со кои јас неможам да живеам. И затоа не би се вратила да живеам во Македонија. Затоа што секого за секого го интересира, секој туѓо гајле бере, а себеси не се погледнува.
Јас работам, имам свој дом, свои пари, сопруг, сакам да имам и свој мир кој го заслужувам. Овде неможеш да прднеш без некој да дознае. Јас попрво во Уганда би отишла да живеам, отколку да бидам душевна храна за некој овде во Македонија. И најлошото е тоа што, ова не е ситуација својствена само за стари баби, ова се пренесува од колено на колено, и идните генерации се такви, секој гледа во туѓиот двор, а не ги гледа купиштата лајна во својот.
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Не, ако капе некој денар тука е најдобро... богами имаш и привилегии, да се курчиш на семафор со југо. Да дремеш со пријатели до 3 да грицкате сончоглед. Да не го сфаќаш толку животот сериозно, ама само, само 20 000 во месецот... ништо повеќе. :angel:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.814
Поени од реакции
15.737
Точно еден месец сум во Шведска на студии. Се осеќам како да сум дошол на друга планета( и не е тоа заради климата ). Друг стил на живот, други размислувања, други навики, природни плави лепотици(со извинување до женската популација). Треба време дури да се навикнеш ама кога ќе станеш дел од општеството веќе ти е сеедно.

Искрено мислам дека секој млад човек треба да си ја искористи шансата и ако може слободно нека бега надвор. Ќе видите дека пропуштате многу во таа "златна" Македонија . И жално е тоа што секој бара спас во политика и заслепеност додека една група на крембиломонголоиди бенефицираат и си го живеат животот.

Патриоти не ме напаѓајте ама сепак ова е форум и само искажувам мислење.:smir:
се е убаво, ама немој да заглавиш со швеѓанка, опасна работа...
 
B

Blade Torch

Гостин
Ќе ја славам датата кога ќе излезам од тука. Со се светец од тој ден.
Мене ми е јасно дека и следните 10 години мимимум ќе се исти или полоши во МК.

Кој (мисли дека) му е убаво тука, нека седи. И такви си треба.
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.156
Koj ja napustil si znae dali vredi ili ne vredi da se napusti, za mene licno jas mojot son si go napraviv realnost i uzivam nadvor od Makedonija... P.S.Anglicanite velat, mojata tatkovina e onamu kade sonceto najdobro me gree :)
Ти брат/сестро каков патриот си? Па за државата ќе гинеш ако треба. Нешто слично како Путин и Хорхе.
 
Член од
2 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.782
Вреди и те како вреди , збирај си парталите и гитла ке ти се мочам и држава и се !!!!!!!
 
OziLLLL

MADRIDISTA
Член од
8 октомври 2008
Мислења
3.334
Поени од реакции
1.892
И тука имало од дијаспората :D Само фалат маабетите И ТУКА НИ Е УБАВО ИМАМЕ ВЕГЕТА И ФРИЏИРЕЈТОР.

Шала настрана, јасно е како ден причината и дали е арно или не да фаќаш магла од тука.

1. Ако немаш кој да те ране и гледа до дека најдеш работа - работа да можеш да живееш и смејство да одгледуваш не келнер со 12 000 или у конфекција со 12 000, затоа шо едноставно не бива.

2. И да избегаш нагоре треба да имаш идеја дека би отишол, пошто и тоа е нов почеток - нов живот.

Сите викат ако ти се работе, ќе најдеш работа. Нека дојде некој да гледа семејство со 18 000 вкупно бруто плата дома и две деца, и нека ме убеде дека уживат во живото и се им е пуно и рамно.

Нека ни излезат у пресрет сите дипломи да можат полесно да ги нострифицират по западо, барем на тај начин ќе мислат на нас.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom