Дали вреди да се напушти нашава земја?

Дали би ја напуштиле Македонија доколку ви се пружи прилика?

  • Вкупно гласачи
    585
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.618
Поени од реакции
18.089
Да се споредува Македонија со Германија после втората светска војна, која во тоа време беше најмалку 40 години технолошки понапред од другите држави во светот и која војуваше со цел свет речиси сама и притоа за малку ја изгуби војната е во најмала рака смешно.

Има уште една голема разлика, а тоа е дека способните во Македонија се или жртви на непотизам или се приморани своите умствени способности да ги насочат кон работи како газење преку трупови, за да ете бидат "успешни"
Како тоа Германија станала технолошки толку напредна? Некои мистериозни сили ја направиле таква?
Дали тоа способноста на еден човек нагло расте со вадење на бугарски пасоши или стапување во брак за документи или нелегално останување во странство? Кога сите такви способњаци би се доселиле во Германија (желба сигурно дека постои), што мислиш каква држава ќе стане Германија по одреден период? Јас знам за хирурзи во Систина кои работат за основна плата од 5 до 7 иљади евра месечно, ако имаш гз оди кажи им дека се неспособни и неуспешни.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.312
Поени од реакции
7.299

А јас "знам" многу што работат и за 10 000 евра месечно чак и више :icon_mrgr:

Додека реалноста е сосема друга ствар.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Не вреди да се напушти оваа земја затоа што на ниедно друго место посебно во Западна Европа нема да ве почитуваат толку - да ги почитуваат законските права на работникот и секако да ви даваат плата со која што би можеле да го преживеете месецот па дури и да тргнете нешто на страна за одмор.
Дополнително, не треба да се напушти земјава затоа што на ниедно друго место нема да ве уценуваат со партиска книшка за вработување и нема да ви го уништат животот ако не се согласувате со нив.
Нема да се изгласуваат смешни закони и да се плаќа најскап бензин, струја и вода во регионот (па и Европа)

Не, стварно - треба да останеме горди патриоти и да си ја сакаме и чуваме државата исто како што таа не сака и чува нас.

он топик: да ми го бричат курот со тупо зелено џамче, да можам одма идам негде (без да ми попувате, можам - ама неам муда сеуште ...да не речам не ми е прелиена чашата односно не ме ГАЗАТ доволно како што го газат мнозинството од напатениот македонски народ)
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.736
Поени од реакции
24.391
Не ми е јасно зошто толку го потите, дали вреди или не е прашање на кое секој сам треба да си даде одговор. Индивидуално е. Уште па и се инаетат и натегаат на триесет и кусур страни... На кој како му одговара.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.699
По пишаново се добива впечаток дека очајно сакаш да избегаш од државата, ама немаш муда да го направиш тоа, па сеа као демек не ти било предизвик да успееш некаде каде што секој може да успее :pos: Dude Seriously?
Тоа ќе да е... :facepalm:
Немам што да додадам, твој заклучок си е тоа :icon_mrgr: Не бегаат сите од проблеми во првата прилика.

Ти Чаирчанец си...?
За Чаир е компетентен да дава оценки само некој што живее во Чаир, живеел долго време во Чаир или добар дел од животот го поминува во Чаир, а не некој што слушнал за Чаир или неколку пати поминал од таму...Затоа те прашувам...
А и компарацијата на градови во Шведска со Чаир ти е некако смешна...
За Скопје и животот во него можам докторат да спремам. Никој не ти збори за животот во Чаир, зборам за моќта на институциите во оваа населба. Полиција не смее да влезе, се менуваат имиња на училишта без одобрение на министерството, пола населба не плаќа сметки за струја, не си безбеден во јавниот превоз, едноставно држава во држава. Кога тогаш и градовите во Шведска ќе дојдат до тоа дереџе. Не знам како да ти објаснам имам роднини што живеат таму 40 и кусур години, барем они знаат во која насока им оди градот.
Повели читај :D
http://www.brusselsjournal.com/node/2278
 
Член од
24 јуни 2015
Мислења
27
Поени од реакции
20
Како тоа Германија станала технолошки толку напредна? Некои мистериозни сили ја направиле таква?
Дали тоа способноста на еден човек нагло расте со вадење на бугарски пасоши или стапување во брак за документи или нелегално останување во странство? Кога сите такви способњаци би се доселиле во Германија (желба сигурно дека постои), што мислиш каква држава ќе стане Германија по одреден период? Јас знам за хирурзи во Систина кои работат за основна плата од 5 до 7 иљади евра месечно, ако имаш гз оди кажи им дека се неспособни и неуспешни.
Tolku zema čistačka vo Švajcarija osnovna plata. So toa što nema stresovi, raboti 40 saati nedelno, ne se mačela da uči najmalku 10 godini i da brka ocenki cel život, ne i treba postojana nadgradba na znaenjeto, ne morala da čeka da završi so obrazovanie da ima deca tuku odma na 18 mozela vekje bez odlaganja, eden kup raboti i se posredeni vo državata i dostapni kako javni dobra.
Pa sea vidi ti koj e popameten i pouspešen. Onoj što bez mnogu stresovi i paftanje so metla pravi tolku pari ili onoj koj mora cel život da se mači.
 
Лебари и паразити од цел свет обединете се под овој пост. Ја им пожелувам на сите твои истомисленици да отидат во Швицарска и да станат чистачки. Поентата на мојот пост не беше у мерење на кој му е подугачок, туку дека има луѓе во Македонијава кои европскиот стандард на живот си го донеле сосема сами, работејќи го тоа што го сакаат, а за да го работат тоа што го сакаат се измачиле печејќи занает, ова се поими тотално непознати за чистачки така да не очекуем да ме разбереш.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Како тоа Германија станала технолошки толку напредна? Некои мистериозни сили ја направиле таква?
Дали тоа способноста на еден човек нагло расте со вадење на бугарски пасоши или стапување во брак за документи или нелегално останување во странство? Кога сите такви способњаци би се доселиле во Германија (желба сигурно дека постои), што мислиш каква држава ќе стане Германија по одреден период? Јас знам за хирурзи во Систина кои работат за основна плата од 5 до 7 иљади евра месечно, ако имаш гз оди кажи им дека се неспособни и неуспешни.
Нивниот народ видел како да е да се живее во моќна и развиена земја,и се стремат да се одржат на тоа ниво.Да не зборам за степенот за образование и култура за тоа време.
Македонија да биде до темел изрушена од војна или што било ќе изградиме комплетно иста ваква,ни подобра ни полоша.
Германецот после војната сватил дека не сака да живее како лебарка,се потрудил и напраил нешто. Пола Македонија е задоволна од својата работа,10 000 плата и притоа ги влечат надоле и тие кој сакаат да сменат нешто.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.344
Поени од реакции
22.641
За Скопје и животот во него можам докторат да спремам. Никој не ти збори за животот во Чаир, зборам за моќта на институциите во оваа населба. Полиција не смее да влезе, се менуваат имиња на училишта без одобрение на министерството, пола населба не плаќа сметки за струја, не си безбеден во јавниот превоз, едноставно држава во држава. Кога тогаш и градовите во Шведска ќе дојдат до тоа дереџе. Не знам како да ти објаснам имам роднини што живеат таму 40 и кусур години, барем они знаат во која насока им оди градот.
Повели читај :D
http://www.brusselsjournal.com/node/2278

Одамна не сум се смеел вака на некој натпис па уште и на релативно сериозна веб страница е - гласот на конзервативна европа....

Ај што е напишан од норвежанец што живее во белгија за шведска (ова е ко јас за животот во београд да пишувам) ама и толку глупости/дезинформации и генерално не разбирање на мултикултурата и цела таа проблематика на едно место тешко дека ќе најдеш пак.

Прво муслимани во шведска се дури 5%. Од тие 5%, (500, 000) според исламскиот совет само 106,000 (значи 1% од популацијата) посетува џамија. Тоа што багра шип+ари глуми лудило во Малме треба и е веќе под контрола на локалната полиција. Она што е најсмешно е што шипците таму уствари војуваат со србските мусламни - со санџаклиите, значи муслмани на муслимани, не на другите. Дека во Малме има криминал не треба да е чудно сепак е тоа град колку скопје со тоа што граничи со многу поголемиот копенхаген и е релативно големо пристаниште/влез во скандавија па се проаѓа од таму. Покрај Hells Angels и Bandidos и другите помали мотоциклистички банди кој се криви за 70% од криминалот (значи белци ариевци) тука се и 2-3 шведски банди, една данска, една асириска (христијани), шипците, санџаклиите и африканците. Ова е исто/слично мање више секаде...

Тоа дека ќе има гета има, ама дека некогаш ќе биде како во МКД малку потешко. Типот требал малку повеќе да истражи во земјите каде мултикултурата е подолго присутна за да разбере некој основни работи. Со исклучок на Британија (тука веќе има повеќе генерации) и Германија (втора генерација) остатокот на европа сеуште е ја прима првата генерација на имигранти. Првата генерација е таа што гради, работи и се гетоизира пошто полесно им е со својте да се снајдат за почеток. Втората генерација е таа што сака да се истакне и да се претопи во новата татковина (такви примери гледај во германската репрезентација). Ова допрва шведска ќе го доживее, постоечките гета ќе се растурат и втората генерација ќе се раштрка на секаде низ градот. Ова моментално го доживува македонската заедница во Австралија. Третата генерација е таа што се враќа на корените еден период (благодарение на баба и дедо, дур да имаат свој деца) и таа генерација работи и се бори повторно за матичната земја. Ова моментално го прави Мак дијаспората во Америка, значи станува збор за успешни, добро едуцирани, потковани финансиски... Четвратата е веќе претопена... Е сега четврта генерација и повеќе ти се црнците во Америка. Они нит знаат од кај се нит ги интересира, ама се гетоизираат затоа што се СИРОМАШНИ. Таму муслиманите или евреите кој исто се 4 генерација и повеќе не се гетоизираат ниту прават проблеми, така? Значи тоа дека ќе стане чаир, нема шанси освен ако не останат сиромашни... Друга работа имај на ум дека МКД се граничи со албанија и они пробуваат да приграбат територија, имаат логистичка подрша и можат полесно да прават срања. На запад можат дур не им пукне филм и не ги линчуваат преку ноќ ко Хитлер евреите.
 
V

viktora

Гостин
Одамна не сум се смеел вака на некој натпис па уште и на релативно сериозна веб страница е - гласот на конзервативна европа....

Ај што е напишан од норвежанец што живее во белгија за шведска (ова е ко јас за животот во београд да пишувам) ама и толку глупости/дезинформации и генерално Да разбирање на мултикултурата и цела таа проблематика на едно место тешко дека ќе најдеш пак.

Прво муслимани во шведска се дури 5%. Од тие 5%ЕУ(500, 000) според исламскиот совет само 106,000 (значи 1% од популацијата) посетува џамија. Тоа што багра шип+ари глуми лудило во Малме треба и е веќе под контрола на локалната полиција. Она што е најсмешно е што шипците таму уствари војуваат со србските мусламни - со санџаклиите, значи муслмани на муслимани, не на другите. Дека во Малме има криминал не треба да е чудно сепак е тоа град колку скопје со тоа што граничи со многу поголемиот копенхаген и е релативно големо пристаниште/влез во скандавија па се проаѓа од таму. Покрај Hells Angels и Bandidos и другите помали мотоциклистички банди кој се криви за 70% од криминалот (значи белци ариевци) тука се и 2-3 шведски банди, една данска, една асириска (христијани), шипците, санџаклиите и африканците. Ова е исто/слично мање више секаде...

Тоа дека ќе има гета има, ама дека некогаш ќе биде како во МКД малку потешко. Типот требал малку повеќе да истражи во земјите каде мултикултурата е подолго присутна за да разбере некој основни работи. Со исклучок на Британија (тука веќе има повеќе генерации) и Германија (втора генерација) остатокот на европа сеуште е ја прима првата генерација на имигранти. Првата генерација е таа што гради, работи и се гетоизира пошто полесно им е со својте да се снајдат за почеток. Втората генерација е таа што сака да се истакне и да се претопи во новата татковина (такви примери гледај во германската репрезентација). Ова допрва шведска ќе го доживее, постоечките гета ќе се растурат и втората генерација ќе се раштрка на секаде низ градот. Ова моментално го доживува македонската заедница во Австралија. Третата генерација е таа што се враќа на корените еден период (благодарение на баба и дедо, дур да имаат свој деца) и таа генерација работи и се бори повторно за матичната земја. Ова моментално го прави Мак дијаспората во Америка, значи станува збор за успешни, добро едуцирани, потковани финансиски... Четвратата е веќе претопена... Е сега четврта генерација и повеќе ти се црнците во Америка. Они нит знаат од кај се нит ги интересира, ама се гетоизираат затоа што се СИРОМАШНИ. Таму муслиманите или евреите кој исто се 4 генерација и повеќе не се гетоизираат ниту прават проблеми, така? Значи тоа дека ќе стане чаир, нема шанси освен ако не останат сиромашни... Друга работа имај на ум дека МКД се граничи со албанија и они пробуваат да приграбат територија, имаат логистичка подрша и можат полесно да прават срања. На запад можат дур не им пукне филм и не ги линчуваат преку ноќ ко Хитлер евреите.
Уфффф колку ли си само во грешка.Џихади Џон типот кој е главна фаца и одговорен за сечење глави во ИД роден е во Лондон во арапско семејство.Првин бил добар факултетлија плус луд по рапот,па одеднаш отишол во Сирија да сече глави на неверници.Да не го заборавам муџата кој среде Лондон закла англиски војник и му ја отсече главата.Осама Б. Ладен се школувал во западна европа плус бил и шампион во карате,па стана најбараниот терориста во свет.Да не збориме за остатокот од ЕУ и илјадници примери.А богами не е и мал бројот кој има отидено во ИД да се борат и еден ден мора да се вратат дома.Многу муслимани се радикализираат поготово млади,кои им е испран мозокот и еден ден ќе прават доста бељи во името на исламот.Добар дел од западна европа ќе стане и бетар од чаир.Да не заборавиме колку муџи има дојдено во ЕУ како избеглици и чекаат момент да се рокнат со динамит,или да се прошетаат низ некој европски град со калаш па да распукаат по све што се движи.
Исламскиот свет многу е гневен на западот,па реално би било да има многу напади низ ЕУ.
 
^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059

Не се согласувам. Кано според мене убаво ја објасни ситуацијата. Забораваш дека освен тоа што има испрани мозоци и терористи кај младите муслимани (мигранти и/или родени во локалната им држава кај што живеат) тие се мало малцинство. Скоро секоја голема мултикултурна држава има стотици илјади или милиони муслимани што се најнормални луѓе, барем од тоа што лично го имам искусено. Психопати што имаат испрани мозоци и што одат да се борат за ИД може да бидат и луѓе од кој било профил вклучувајќи и немуслимани што подоцна се откажуваат од својата религија и стануваат муслимани, меѓутоа тоа според мене е повеќе лична слабост на таквите луѓе што паѓаат во таква дупка да бидат регрутирани во ИД, отколку проблем со муслиманите генерално како популација.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.279
Поени од реакции
27.744
Би се отселила можеби на неколку години и би се вратила назад.
Знам дека земјава ни е промашај у многу аспекти, ама си ја сакам Македонија.
 
Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
311
Поени од реакции
166
Дали вреди да се напушти нашава земја, не можам да кажам, не сум ја напуштил за доволен период да направам споредба. Верувам дека од финансиски причини и од аспект на подобар живот мора да вреди бе мајкому стара, ваљда не живеат вака по белиов свет како нас, акмаци. Не верувам, сигурен сум. Од аспектите што највеќе не засегаат секојдневно сигурно вреди!

Одма би ја напуштил државава ама не ми се напушта татковината!

Веројатно вреди да се напушти земјава, ама дефинитинво вреди да и се даде шанса, да си дадеме шанса себеси да просперираме и да се избориме за она што ни следува. Некогаш нашите предци се бореле за да можат слободно да го зборуваат мајчиниот јазик, слободно да играат ора и да пејат на македонски, слободно да шетаат, да се смеат, дружат, јадат и пијат, и многу животи се дадени за таа кауза. Се бореле со непријателот за подобро утре.

Денес, ситуацијата е многу поразлична. Имаме земја, зборуваме наш јазик, можеме да јадеме и пиеме и највеќе може оро да играме и да се дереме на македонски, пошто само тоа ни остана...за јадење и пиење требаат пари. Сакаме ние младите да јадеме и пиеме со наши пари, со наша работа која сме ја заслужиле со наша пот и труд, а не со парите на нашите родители кои место да си гледаат како да ги поминат своите преостанати години од пензија или веќе својата пензија они гледаат на нас како да сме деца кои се неспособни самостојно да живеат. И у право се, не сме способни. Не сме способни ради новите непријатели на модерната македонска независна држава, политичарите. Сите бе, од плави до црвени од скопјани до провинцијалци, од младо до старо...

Тие се нашиот модерен, актуелен непријател против кој е потешко да се бориме, не знаеме каде се е спопикан. Знаењето е сила, знаењето е моќ... кој апсурд човече. Факултетот ти е новото основно образование, магистерските студии ти се бивш факултет и штабот ти е новата агенција за вработување...

Баравме демократија, добивме политизирана автократија, сеа кај да се жалиме?

Да не го должам...јасна е ситуацијата, гнасна е.

Да, вреди да се напушти државата, ама едно е да ја напуштиш, друго е да те избрка некој. Во нашиов случај во последните години - индиректно масовно бркање на млад кадар и стари семејни луѓе во потрага по корка леб.

Да се надеваме дека ќе имаме некој убав спомен да раскажеме на следните поколенија како што ни раскажуваа нас постарите. Надешта последна умира, ама сепак умира.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom