Гатање, видовитост

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.069
Поени од реакции
4.716
Не верувам многу во овие работи
 
Член од
27 мај 2008
Мислења
54
Поени од реакции
9
:vozbud::vozbud::vozbud:

мојата фамилија се од оние кој не веруват во дедо мраз, супермен , господ, сунџоку и др јунаци од стриповите....:helou:
така да не биле ни ке одат
а од кај ти податоци дека 90% од македонците биле на бајачки...?
Ти немора да веруваш во ништо. Твоето неверување нема да ги направи некои појави да ги снема. Продолжи си да богохулиш.
100% сум сигурен дека барем еднаш во животот си бил одведен кај бајачка
ако не се секаваш прашај си ги родителите
 
?

..........

Гостин
Ти немора да веруваш во ништо. Твоето неверување нема да ги направи некои појави да ги снема. Продолжи си да богохулиш.
100% сум сигурен дека барем еднаш во животот си бил одведен кај бајачка
ако не се секаваш прашај си ги родителите
Е ајде сега:jaj:

ти си во заблуда за твоите гледишта во таа насока , навистина ....
сега ти ке ми кажуваш дека сум однесен на бајачка оти јас не знам така?
те молам како да дискутираме за нешто кога ми наметнуваш твој став или нешто што не можеш ти да го знаеш ......


п.с знаев дека има забегани луге по тие бајачки ама ова е капак на се:vozbud:
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
170
Поени од реакции
20
Ма бев,бев како не сум била...едната онака се однаоклу ме потпраша„деца имаш?„-оваа апла прашање:pos2:„ма те знам јас од некаде,ти да не живееше...жми да те лажам:pos2:...и ред провидни прашања,но ајде кога седнав останав до крај.Стави една марама на глава и почна да пее пред икони...и ништо абе баш ништо не ми погоди освен од онаа што ме не -намерно ме испраша.
А кога бев кај еден гатач јас му гледав на него а не тој на мене:pos2:
 
F

FallenHypaspist

Гостин
Овој Хјуман па на секоја тема влага и се изјаснува дека не верува во ништо :pos2::pos2:

Еј и дај малку да зборуваме за гатање и видовитост, а не за комерциални гатања ...апсурдно е да се зборува за тоа
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Не верував воопшто во ова, летото беше дојдена од Битола една, онака на кафе гледаше,а работите шо ми ги погоди, ги погоди со датуми. Цело време и одрекував, ама на крај испадна во право била.
А, исто имам одено и кај друга баба да ми гледат. Ми кажвеше дека гледала од 15 години, пред тоа немала појма за тоа,не ни се замарала,ама случајно и дошло на сон дека некои идаат кај неа тројца мажи и таа им гледала. Следниот ден навистина дошле и и рекле дека ја сонувале и сакале да им гледат. И така некако почнало тоа, најпрво ко несвесно да и излегувале сами зборовите од уста,а сега веќе знае убо да гледа.
Најчудно од се е то шо вториот пат кога бев, всушност појдов зошо ја сонував, а пред да и кажам дека ја сонував ми рече дека сонувала таа каде што и ида да и гледа некоја на В, а јас се викам Весна( не ни ме имаше првиот пат кога бев прашано за името,за да ми го знае овој пат)
Се шо ми кажуваше онака си помислував дека е случајно, ама најчудно од се беше тоа шо ми го опиша дворот кај баба ми, ми кажа дека бил циментиран и ко на удолница да бил и имало три куќи во него од кои едната не е довршена(шо е вистина). После ми кажа дека пред дворот има многу старо дрво,а под него има нешто како шупа, а во дворот има едно мало дрво неразгрането на кое (според неа) имало фрлено магија и дека требало да се искорнит. Уствари во дворот некоја жена на баба ми и дала да насади јоргован,ама јоргованов веќе две години не и цутеше.
Ми кажа и многу други работи и за семејство и слично шо све погоди.
Така, да не верував воопшто,ама некои нејзини кажувања навистина беа така или пак се случија откако таа ми кажа.
 
Член од
27 мај 2008
Мислења
54
Поени од реакции
9
Хехеее
Во Македонија има премногу бајачки, гатачки, јасновитци, лекувачи на секакви болести, биоенергичари и сл.
А ти можеш братче да се правиш мутав колку сакаш скоро секој има идено кај нив за помош. Тоа не е заблуда тоа е реалноста во Македонија. Премногу ги има.
А моите мислења за нив се искажани во неколку претходни постови ако знаеш да читаш а не да ме мешај со нив. Треба да се истребат што поскоро. Немора да веруваш дека над 95% од луѓето во Македонија одат кај нив за помош. Твоето неверување нема да ги исчисти и да ги снема.
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Јас една приказна да ви кажам:Пред неколку години запознав една девојка на мирц иако она не ме знаеше.Пушташе слики на Hi5,преку мирц па и сега на фејсбук.Имав зборено со неа многу време малтене и ги знаев сите тајни.Се случува да ја сретнам во центарот на Скопје тотално случајно,и ја прашувам за некој кафич.Ја препознав и прво што ми падна на памет е:Што ако сеа и праев финти као сум видовит па да и гледам на рака,па ова па она или во најмала рака да најдев една циганка и да ја наговорам да и гледа,а претходно добро ќе ја потковав.Девојкава ни на крај,крај памет немаше да се сети и ќе се колнеше на сите како во Скопје некој и погодил се.Ова ми е само претпоставка колку може се некои луѓе изманипулирани иако не можам да тврдам дали има некој дарба или не.
 

V64

Член од
9 февруари 2011
Мислења
13
Поени од реакции
0
бев кај Дуле..ми погоди човекот доста работи,ми рече да земам вода од една црква,ама не ми каза што да прљавам со водата,ако имал некој сличцна ситуација нека помага :(
 
Член од
16 февруари 2011
Мислења
36
Поени од реакции
12
Ејј глупости. Не се глупости. Па 50 денари со вклу;ени кафе+[екер+цигаре- големите пари. Јас да бев 500 ке наплатував. Инаку, јас сум скроз по тие работи, барем 50 гатачи и астролози знам шо се, какви се, ги имам истестирано, кој погодува а кој не :) Од овој сајт скоро сите ги знам :) ако Ви треба препорака кажете

--- надополнето ---

Денес ова шо ми се деси беше у п***у матер морничаво....
Ејј е шо ти кажала- се она шо на секој средношколец може да му се каже :)

--- надополнето ---

Се согласувам- имам прочитано дека половина од сите луѓе имаат такви „надприрподни“ (што всушност испаѓаат природни) склоности, но само мал дел е свесен и ги развива тие способности. А за активирањето- бидејќи познавам многу такви луѓе, можам да упатам ако некој е заинтересиран на некои што само позитивни работи кажуваат, а се исполнува!

--- надополнето ---

Хехеее
Немора да веруваш дека над 95% од луѓето во Македонија одат кај нив за помош...
А колку лекари убиваат и упропастуваат луѓе, а за лековите да не зборувам, се комерцијални дроги и отрови! Ваму барем не ти штети на здравјето а повеќето гатаат за малку храна или што ќе оставиш.
Помалку им верувам на лекарите (медицината не знае скоро НИШТО за човекот!) отколку на биоенергетичарите и исцелителите, а и на своја кожа имам почувствувано ефекти.

--- надополнето ---

Е па за да не ти стои, измиј се лице :) така прават старите



--- надополнето ---

Здраво Цоцка
јас знам многумина. Кажи ми само дали те интересира некоја посебна техника- тарот, астрологија... и за што- здравје, љубов, некој посебен настан од минатото или иднината... па ќе ти препорачам.
Поздрав
 
Член од
12 април 2011
Мислења
3
Поени од реакции
0
дали може некој да ми каже дали познава некој оџа кој што може да ми помогне или да ме упати кај некој/а против уроции, црни магии и слични работи?

ако може итно е, благодарам
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Тие што не веруваат, а длабоко во себе сакаат да бидат убедени дека не се состои светот само од маттеријални за око видливи предмети, неко појдат до велес до кај Дуле и ке видите за што е уствари расправата овде. Човекот ти гледа во дворот и ти кажува кај имаш дрво кај ти е куќата, ако ти направил некој нешто лошо ти кажува кај да идеш и сл. Дворот и околината во која живеете може да ви ја опише ама конкретно многу јасно. Што мислите тоа видовитост е или невидовитост?
 
Член од
12 април 2011
Мислења
3
Поени од реакции
0
јас не верував се додека не осетива на своја кожа!има една тетка од Маџари и гледа на конче од облека која многу си ја носиме....се погодува жената и плус помага....даваа после коцки шеќерчиња и ти кажува што да правиш со нив...многу е добра!!!!!јас не бев мајка ми и однела конче и се погодила. али не кажува многу за иднината, повеќе ако некој ти паи лошо и такви работи!и гледа само во одредени денови!!
moze kontakt ili detalji za toa kade potocno vo Madzari se naoga?

fala
 

Kajgana Shop

На врв Bottom