Не верував воопшто во ова, летото беше дојдена од Битола една, онака на кафе гледаше,а работите шо ми ги погоди, ги погоди со датуми. Цело време и одрекував, ама на крај испадна во право била.
А, исто имам одено и кај друга баба да ми гледат. Ми кажвеше дека гледала од 15 години, пред тоа немала појма за тоа,не ни се замарала,ама случајно и дошло на сон дека некои идаат кај неа тројца мажи и таа им гледала. Следниот ден навистина дошле и и рекле дека ја сонувале и сакале да им гледат. И така некако почнало тоа, најпрво ко несвесно да и излегувале сами зборовите од уста,а сега веќе знае убо да гледа.
Најчудно од се е то шо вториот пат кога бев, всушност појдов зошо ја сонував, а пред да и кажам дека ја сонував ми рече дека сонувала таа каде што и ида да и гледа некоја на В, а јас се викам Весна( не ни ме имаше првиот пат кога бев прашано за името,за да ми го знае овој пат)
Се шо ми кажуваше онака си помислував дека е случајно, ама најчудно од се беше тоа шо ми го опиша дворот кај баба ми, ми кажа дека бил циментиран и ко на удолница да бил и имало три куќи во него од кои едната не е довршена(шо е вистина). После ми кажа дека пред дворот има многу старо дрво,а под него има нешто како шупа, а во дворот има едно мало дрво неразгрането на кое (според неа) имало фрлено магија и дека требало да се искорнит. Уствари во дворот некоја жена на баба ми и дала да насади јоргован,ама јоргованов веќе две години не и цутеше.
Ми кажа и многу други работи и за семејство и слично шо све погоди.
Така, да не верував воопшто,ама некои нејзини кажувања навистина беа така или пак се случија откако таа ми кажа.