Минимална плата: Има ли достоинствен живот со 8.050 денари месечно?!

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Читам, Читам и не можам да им се начудам на тие кои заговарат мали плати.
А со кои оправдувања...
Некои веројатно така учеле на факултет ( од кој дипломата важи до Куманово ), Некои мислат дека мали плати ќе обезбедат голем профит на газдите, а така обогатените газди ќе направат се да биде мед и млеко. Некои така прочитале во весник.... има и други.....
И се прашувам на чија страна се тие. Огромното мнозинство сме сиромашни, кои не можеме да се прехраниме, а тие се склдисуваат за профитите на газдите. Сите знаеме колку се малку 8000.
Ај да се газди па да се секираат за себе, но газди во Македонија има многу малку и тие немаат време за Кајгана
Нека кажат: На чија страна се?
http://www.youtube.com/watch?v=5iAIM02kv0g
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
Добро го заклучивме очигледното, и за да се поедностави дискусијата ете велиме дека се горе што си напишал е точно.
Но кажи ми ти мене според тебе дали ако се донеси закон за минимална плата од 2000 евра( или сума која сметаш дека треа да биди) ке има подобрување во стандардот како на кус така и на долг период. Што би се случило хипотетички следниот месец кога би се донесол тој закон за минимална плата да биде 2000 евра за сите ако реалната моментална плата е 200-300 евра.
е тогаш би немало ненормално богатење на одредени газди ... и можеби нема да се прават толкави разлики - богатите побогати (10%), а сиромашните посиромашни (90%) ... со 2000 евра плата ќе купиш производи во вредност од 2000 евра, со 200 евра плата, (не) ќе купиш производи во вредност од 200 евра ... а вака гледаш газдите се расфрлаат со пари, а работниците крпат крај со крај ... некој рече ќе се затворат многу фирми ... ама тогаш ќе има пара во народот и за да се вртат парите ќе се отворат нови фирми ...
 
Член од
7 јуни 2013
Мислења
73
Поени од реакции
97
Добро нема тука збор. Заклучивме дека со 8000 се малце, да не се повторуваме. Ти колку би сметала дека треба да биди минималната плата. Дали ако е 2000 евра ке биде подобро. Дали сметаш дека со носење на закон со кој таа би била 2000 евра ке се зголеми вработеноста, стандардот и општо економската состојба во државата. Дали сегашните цени ке останат вакви какви што се ако минималната плата се зголеми 2000 евра и дали воопшто сметаш дека треба да има минимална плата или тоа треба да се саморегулира спрема побарувачката и понудата на работна сила на пазарот. Тоа мене ме интересира, дали следниот месец ке се почувствуваме како Германци со 2000 евра минимална плата? Дали не е поедноставно на пример вештачки да се смени курсот на денарот и тој наместо 1 евро да биде 61.5 да се менува за 1 еур = 6 денари. Тогаш наеднаш платите па и оние минималните ке стигнат до некои 1500 евра. Дали е тоа решение. И тоа како и ова е вештачко зголемување на стандардот и платите.
Види...ова е муабет од типот што би било кога би било...ама минимална плата од 2000 евра нема никаде на светов ниту пак ќе има, а повеќе од јасно дека тоа значи покачување и тоа енормно на цените...
Но, правиме муабет за тука, за нашата ни скромна мала минимална државичка...
Мислам дека треба да се ориентираат на потрошувачката кошница и според неа да се одредува минималната плата...
Просечна плата е едно минимална е друго...
Во одредувањето напросечната плата влегуваат и оние што земаат 120 000 денари месечно нели...и да се тие неколку души, одма се крева просекот...
Значи, ако потр.кошница е некои 30 000 денари, минималната плата нека биде 15-20 000 за да може колку толку да се егзистира...
Башка, сметам дека треба и да се одредат некои критериуми според кои ќе бидат платени работниците...не може чистачка и мед.сестра да земаат исто, или градежен работник или било што...не потценувам професии секој си го вади лебот како знае, како може и како умее, ама сепак ако толку се става акцент во оваа држава на образованието тогаш нека има некои критериуми...или пак секој професија нека има одреден минималец...не знам, во секој случај достоинство не постои со 8 000, за тоа се сложуваме :)
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.705
Поени од реакции
6.643
Глупо е да зборуваме за некакво законско, вештачко зголемување на минималната плата. Да не се лажеме, тоа ни најмалку не го решава проблемот. Еве и да зголемат да речеме на 10 000, тоа ќе има краткорочен ефект. Може само да се искористи во предизборни цели и толку, никаков реален ефект нема да има. Како што кажа некој погоре, платите сами ќе растат ако се развие економијата. А економијата не се развива со зголемување на администрацијата како по бројност така и по плати и трошење на буџетски пари во непродуктивни цели. Економијата се знае како се развива, со производство и следствено на тоа...извоз ;) Ако може некој нека изваде статистики колку пари годишно трошиме за увоз на месо, пченица, млеко и ред други работи кои го трошат нашето и така мало купче пари. А истите тие стоки можат комотно да се произведат кај нас. Само ретко кој ќе се нафати да работи земјоделство, пошто исплатливоста се знае, колку да преживееш. Трговците го земаат најголемиот ќар.
И не само за храна...пари се фрлаат и за ред други работи, било наменски или ненаменски, зборувам на ниво на држава. Ако трошиш повеќе одошто имаш/заработуваш нормално дека нема да ти стигнат и ќе запаѓаш во сиромаштија. Поради тоа ќе земаш кредити, пошто нели кај имаш трговски дефицит, плус треба да ја раниш скапо платената администрација и тонеш уште подлабоко. Се додека извозот не ни стане поголем од увозот и не се намали администрацијата која троши огромен дел од буџетот, нема шанси за напредок..така да за жал уште долго време ќе си тапкаме во место, а ништо чудно да почнеме и да се враќаме назад. Тие шо си земаат 30 000+ плата и имаат решено станбено прашање, не се грижат, си го тераат животот...оние другите кои сврзуваат крај со крај пак, немаат никаков глас и така Македонија накратко кажано нема иднина. Ова го имаат во предвид многу бизнисмени и компании уште од порано затоа и не ни влегле кај нас со инвестиции ниту пак ќе влезат.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
Башка, сметам дека треба и да се одредат некои критериуми според кои ќе бидат платени работниците...не може чистачка и мед.сестра да земаат исто, или градежен работник или било што...не потценувам професии секој си го вади лебот како знае, како може и како умее, ама сепак ако толку се става акцент во оваа држава на образованието тогаш нека има некои критериуми...или пак секој професија нека има одреден минималец...не знам, во секој случај достоинство не постои со 8 000, за тоа се сложуваме :)

за ова си во право ... во фирма со одредена дејност, законски е одредена за таа дејност минимална плата и таа минимална плата ја земаат и тој со основно и тој со факултет ... треба да се воведе минимална плата според образованието ...

а и постојат фирми каде чистачите земаат поголема плата од инжинерите во мала фирма ... нелогично
 
Член од
31 октомври 2013
Мислења
49
Поени од реакции
47
Колку и да е ниска минималната плата треба да се укине, затоа што еден куп луѓе кои сакаат и можат да работат за помалку од минималната плата се одбиени.
--- надополнето: 4 ноември 2013 во 16:32 ---

Така само ќе се зголеми бројот на невработени (и тоа образовани невработени).
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559

Има некој кој што сака да работи за помалку од 8000 ? Зошто некој би сакал да работи за помалку кога може за повеќе?
 
Член од
31 октомври 2013
Мислења
49
Поени од реакции
47
Читам, Читам и не можам да им се начудам на тие кои заговарат мали плати.
А со кои оправдувања...
Некои веројатно така учеле на факултет ( од кој дипломата важи до Куманово ), Некои мислат дека мали плати ќе обезбедат голем профит на газдите, а така обогатените газди ќе направат се да биде мед и млеко. Некои така прочитале во весник.... има и други.....
И се прашувам на чија страна се тие. Огромното мнозинство сме сиромашни, кои не можеме да се прехраниме, а тие се склдисуваат за профитите на газдите. Сите знаеме колку се малку 8000.
Ај да се газди па да се секираат за себе, но газди во Македонија има многу малку и тие немаат време за Кајгана
Нека кажат: На чија страна се?
http://www.youtube.com/watch?v=5iAIM02kv0g
Не се работи за земање страна платите се мали поради тоа што сме непродуктивни. Или со други зборови, ако денес јас во еден работен ден товарам еден камион за 8000 и сакам да земам дупло од тоа значи 16000 треба да товарам 4 камиони во еден работен ден.
--- надополнето: 4 ноември 2013 во 16:39 ---
Има некој кој што сака да работи за помалку од 8000 ? Зошто некој би сакал да работи за помалку кога може за повеќе?
Секако дека има.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
Колку и да е ниска минималната плата треба да се укине, затоа што еден куп луѓе кои сакаат и можат да работат за помалку од минималната плата се одбиени.
--- надополнето: 4 ноември 2013 во 16:32 ---

Така само ќе се зголеми бројот на невработени (и тоа образовани невработени).
има луѓе кои сакаат да работат за помалку од минималната плата?

ако им треба високообразован работник тогаш повеќе ќе си го платат ... зошто да се зголеми бројот на невработени со факултет? не може некој да им прави проекти за малку пари ... види ми го потписот и можеби ќе ти стане јасно ...
--- надополнето: 4 ноември 2013 во 16:41 ---
Не се работи за земање страна платите се мали поради тоа што сме непродуктивни.
а сме непродуктивни дека земаме мали плати ... затворен круг ...
 
Член од
7 јуни 2013
Мислења
73
Поени од реакции
97
Не се работи за земање страна платите се мали поради тоа што сме непродуктивни. Или со други зборови, ако денес јас во еден работен ден товарам еден камион за 8000 и сакам да земам дупло од тоа значи 16000 треба да товарам 4 камиони во еден работен ден.
--- надополнето: 4 ноември 2013 во 16:39 ---

Секако дека има.
Непродуктивни???? Не би рекла...
Како што рековме погоре на оние под државна капа им е супер..но минималната плата е измислена за приватниците..особено за оние поскржавите..па колку и да заработува и да има милиони, кој би ти дал повеќе од 8 000 ако не мора?
Еве конкретно кај што работам јас, треба да земаме повисока плата, не сме многу вработени, газдите не знаат колку пари имаат а нас ни даваат минималец (колку што чинат патиките на ќерка им)... Он е чист пред законот и крај...и нив тоа им одговара..
 
Член од
31 октомври 2013
Мислења
49
Поени од реакции
47
има луѓе кои сакаат да работат за помалку од минималната плата?

ако им треба високообразован работник тогаш повеќе ќе си го платат ... зошто да се зголеми бројот на невработени со факултет? не може некој да им прави проекти за малку пари ... види ми го потписот и можеби ќе ти стане јасно ...
Образованието нема врска. Цената ја диктираат понудата и побарувачката. Ако дадам оглас дека барам работник со диплома и ми се пријават 500 луѓе, нормално дека ќе им понудам што е можно помалку пари. Кој не сака да работи за минимална плата ќе биде заменет со некој што е спремен да работи за минимум пари. Знаејќи колку има невработени со дипломи тоа не е никаков проблем.
--- надополнето: 4 ноември 2013 во 16:48 ---
..па колку и да заработува и да има милиони, кој би ти дал повеќе од 8 000 ако не мора?
Точно. И во што е проблемот?
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Не се работи за земање страна платите се мали поради тоа што сме непродуктивни. Или со други зборови, ако денес јас во еден работен ден товарам еден камион за 8000 и сакам да земам дупло од тоа значи 16000 треба да товарам 4 камиони во еден работен ден.
--- надополнето: 4 ноември 2013 во 16:39 ---

Секако дека има.

Незнам зошто некој би сакал да зема помалку , кажими една причина зошто ти кога бараш работа би отишол/отишла некаде и би побарал/а помалку отколку што ти нудат?
А дали работната сила за тобарење на еден камион навистина треба да се плати со 8000, според мене треба да се плати 10 000 ? Значи имаш многу погрешна представа како треба да се плаќа трудот. Минималната плата треба да обезбедува неопходни услови за живот. А тоа во Македонија го нема.
 
Член од
31 октомври 2013
Мислења
49
Поени од реакции
47
Незнам зошто некој би сакал да зема помалку , кажими една причина зошто ти кога бараш работа би отишол/отишла некаде и би побарал/а помалку отколку што ти нудат?
За да ја добијам работата ќе побарам еден денар помалку од најниската понуда. Значи ако некој на разговор рече дека би работел за 8050, јас им викам дека истото ќе го правам за 8049. Арно ама по закон не смеат да ми дадат помалку од минималната плата и губам со тоа. А губи и биснисот со тоа. Ај што губиме сите станува и неисплатливо да се вработуваат работници што значи дека и невработеноста е поголема отколку што треба.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
За да ја добијам работата ќе побарам еден денар помалку од најниската понуда. Значи ако некој на разговор рече дека би работел за 8050, јас им викам дека истото ќе го правам за 8049. Арно ама по закон не смеат да ми дадат помалку од минималната плата и губам со тоа. А губи и биснисот со тоа. Ај што губиме сите станува и неисплатливо да се вработуваат работници што значи дека и невработеноста е поголема отколку што треба.

Зависи од пазарот, јас на пример сум имал искуство каде што понудив помалку и ми кажаја дека незнам да ги ценам моите способности, односно покажувам дека помалку вредам и заради тоа не ја добив работата и ја доби друг познат кој побара 30 % повисоко од она што јас понудив.
Ти ми објаснуваш како кога државата има лоша економија да ја направиш уште полоша , од типот државите каде што работат за 10 долари месечно.
 
Член од
7 јуни 2013
Мислења
73
Поени од реакции
97
Образованието нема врска. Цената ја диктираат понудата и побарувачката. Ако дадам оглас дека барам работник со диплома и ми се пријават 500 луѓе, нормално дека ќе им понудам што е можно помалку пари. Кој не сака да работи за минимална плата ќе биде заменет со некој што е спремен да работи за минимум пари. Знаејќи колку има невработени со дипломи тоа не е никаков проблем.
--- надополнето: 4 ноември 2013 во 16:48 ---

Точно. И во што е проблемот?
Како мислиш во што е проблемот ???
Проблемот е во тоа што тој газда заборавил што бил и колку имал пред да стане газда...ама барем во еден момент да се запрашаат што прават бе овие луѓе...?
Оти истите тие луѓе рмбаат и работат за него, за тој да се богати...малку од малку да се има човечност и почит....
Проблемот е во оние кои ја диктираат и одредуваат таа минимална плата...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom