Минимална плата: Има ли достоинствен живот со 8.050 денари месечно?!

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Има ли достоинствен живот со 8.050 денари месечно?!

Дали утврдената минимална плата ќе придонесе за пристоен живот во Македонија. Тие што ќе успеат да преживеат треба да им се честита, сметаат економските експерти. Синдикалците велат дека направен е првиот чекор иако можеше подобро, клучна улога во спроведувањето на законот гледаат во инспекторатите за труд. Минималната плата почна да се применува од јануари годинава и изнесува 8.050 денари.​


Има ли достоинствен живот со 8.050 денари месечно? Дали висината на минималната плата е доволна за најзагрозената категорија на луѓе во земјава. На оваа тема дебатираа претставници на синдикатот, економски професори и работодавачите. Направен е првиот чекор, но можеше и подобро сметаат синдикалците.

„Ако знаеме дека 14, 4 проценти од вработените, односно околу 92 илјади примаат плата од 8.000 илјади денари, тогаш може да се каже дека донесувањето на Законот за минимална плата ќе го покаже позитивниот успех. Очекуваме секоја година износот на минималната плата да се зголемува ако се има предвид дека висината на платата е врзана со растот на бруто платата“ изјави Лилјана Јанкуловска, Сојуз за синдикати на Р. Македонија.

Со минималната плата би требало да се намали сиромаштијата и да се зголеми продуктивноста на работниците, но од друга страна висината од 8.050 денари не соодветствува со трошоците на живот кои се далеку повисоки, констатираат економските професори.

„Висината на минималната плата треба да се усогласи со трошоците на живот, како што е случај со некои европски земји. Колку што знам ССМ правеше калкулации за потрошувачка кошница, таа изнесуваше 30.000 денари. Е сега кога од семејството би работеле и мажот и жената и би ја примале минималната плата тоа значи 16.000, а тоа е далеку од пристоен живот“ изјави Драган Тевдовски, Економски факултет – Скопје.

Работодавачите се задоволни од решението за грејс период од три години за прилагодување кај одредени гранки, но велат дека има одредени нејаснотии во имплементацијата на законот.

„Во имплементацијата има одредени нејаснотии околу примената на законот, но тоа ќе се реши со промените на општиот колективен договор и мислам дека ќе се дефинираат некои точки“ изјави Ангел Димитров, Конфедерација на работодавачи.

Законот за минимална плата почна да се применува од јануари годинава.

Љупка К.Камчева​
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
My two cents:
ако немаат пари (и да, за греота се) зашто прават деца?
он за него нема 2-3-4 деца направил....
 
B

Black Guard

Гостин
Ти што мислиш??

Имаш ли претстава за трошоците за основни елементарни потреби на граѓаните а потоа за оние духовните(театари ова она) ама ете духовни потреби се турските серии.

НАЈРЕАЛНО со 8000 денари не можеш

-Да имаш пристоен живот.
-Економска слобода.
-Не можеш да оформиш семејство.
-Можеш да го слушаш латас како труби.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
My two cents:
ако немаат пари (и да, за греота се) зашто прават деца?
он за него нема 2-3-4 деца направил....
Ако гледаме така Македонија не треба да има жители, пола се невработени а 20 % од другата половина се со 8.000 плата, и ако не да не прават деца шо ќе им се :свиркам:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
My two cents:
ако немаат пари (и да, за греота се) зашто прават деца?
он за него нема 2-3-4 деца направил....
Прават деца за да земаат пари од социјално. 1500 денари од дете. Со 4 деца земаш 8000. Ете ти минимална плата. Плус башка циго збира по контењери шитка чорапи 3 за 100 денари. Плус деца просат и тоа е приход. Вади месечно 15-20000 толку ти со факс земаш.:icon_lol: Циго не е глуп економија студирал.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
А оти не земат тие сиромашните да напрат бизниси и се збогатат?
Шо чекаат?
 
B

Black Guard

Гостин
А оти не земат тие сиромашните да напрат бизниси и се збогатат?
Шо чекаат?

Ајде ти како попаметен збери ги,организирај ги и нека дадат сите по некој денар да стигнете до А.Д на сиромашните па ете прави бизнис со нив-биди хуман.
--- надополнето: 3 март 2012 во 15:17 ---
Неможе секој да направи бизнис, или си газда или си работник трето нема :)
Или експлоатиран,понижуван...
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Неможе секој да направи бизнис, или си газда или си работник трето нема :)
Работникот е во 99% од случаите еб.на страна. Освен ако не си Меси или К.Роналдо. Кажими кој се збогатил од плата?
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Работникот е во 99% од случаите еб.на страна. Освен ако не си Меси или К.Роналдо. Кажими кој се збогатил од плата?
Само политичарите се збогатени во нашава држава, друго слабо :tapp:
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940

(се однесува на дебилот кој смета дека 8000 се доволни за достоинствен живот, не на авторот на темата)

Достоинствен живот со 8 050 денари... Па добро бе, кој МОРОН ја направил оваа математика? За каков достоинствен живот со 8 илјадарки се збори... Па со 8 000 не може ни месечните сметки за основните есенцијални потреби да се подмират, а не за било каков живот, а камоли достоинствен. Не што минималната плата не е доволна за достоинствен живот туку е неколку стотици нивоа под достоинството.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Ајде ти како попаметен збери ги,организирај ги и нека дадат сите по некој денар да стигнете до А.Д на сиромашните па ете прави бизнис со нив-биди хуман.
Хуманост и капитализам не оди заедно. Народот не сака социјална еднаквост нормална ситуираност и монотон живот. Сите народи во тогашна СФРЈ излегоа и гласаа да се промени таквиот начин. Одбраа капитализам. Не знам за други републики но овде, во Македонија мислам дека 93% од излезените гласаа за промени. Повеќепартиски системи, школство и здравство базирани на западен начин, стил на живот, вработувања... сето да се смени. На народот му беше доста и преку гла од социјализам. Бараа начин како да избегаат од тоа ст(р)ање и да се дочепаат до независност сувереност и пазарна економија. Некои и војна водеа со години за да дојдат до ова денес. И сега не биле задоволни?!
Ма немој.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Kako i da e edna plata odi za smetki i gorivo,a drugata plata odi za jadenje
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Ти што мислиш??

Имаш ли претстава за трошоците за основни елементарни потреби на граѓаните а потоа за оние духовните(театари ова она) ама ете духовни потреби се турските серии.

НАЈРЕАЛНО со 8000 денари не можеш

-Да имаш пристоен живот.
-Економска слобода.
-Не можеш да оформиш семејство.
-Можеш да го слушаш латас како труби.
Легално избраните репрезенти на народната воља, глас на народот и нацијата сметаат дека со 8000 може да се живее.
Не се прашувај што може државата да направи за тебе...:icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom