Колку пари му се потребни на четиричлено семејство во Македонија?
Бизнисменот Горан Рафајловски вели дека идеалната плата зависи од тоа колку некој сака да троши, па затоа подобро е да се зборува за минимална плата, која зависи од потрошувачката кошница.
Доколку се земат општите норми, објаснува тој, околу 800 евра месечни примања се доволни за да се задоволат сите егзистенцијални потреби на едно четиричлено семејство, да се плаќаат рати за станбен и за автомобилски кредит и да се живее според ЕУ-стандардите.
http://www.telegraf.mk/aktuelno/47349-telegraf-istrazuva-kolkava-e-idealnata-plata-vo-makedonija
Платата вреди 5 отсто помалку од пред две години
Според податоците на Државниот завод за статистика, иако номиналната нето плата благо се зголемува, реалната плата во 2012 била за 2,9 отсто пониска отколку претходната година. Во 2011, пак, реалната плата била за 2,4 отсто пониска од таа во 2010 година.
Поповски вели дека е позагрижувачко тоа што во приватниот сектор платите се намалуваат побрзо, отколку во јавниот сектор, а токму приватниот сектор секаде е генератор на економскиот раст.
Македонскиот просечен граѓанин, никогаш не бил посиромашен, вели економскиот аналитичар Зоран Витанов, кој е поранешен заменик-министер за економија. Според него, трошоците за живот ќе растат уште повеќе и не е битно дали номинално платите ќе растат, реално тие опаѓаат драматично.
Витанов додава дека Македонија стимулира паразитски економии, наместо развојни.
„Македонија со сите економски политики, посебно монетарната политика и монетарната власт во изминатите дваесетина години е душман за стопанството, а рај за банкарството.
Сивото секојдневие на македонскиот граѓанин
Државниот завод за статистика оваа година за првпат сиромаштијата во Македонија ја пресметуваше со меѓународниот Лаекен индекс, препорачан од Европската унија. Според овој индекс сиромаштијата во Македонија во 2010 била 27,3%. Според методологијата што претходно се сиромаштијата се движеше над 30%.Според Заводот за статистика, голем дел од граѓаните преживуваат благодарение на социјалната помош и пензиите од постарите. Иако од сиромаштијата се најпогодени невработените, не се исклучуваат ниту луѓето со приходи. Во категоријата сиромашни влегуваат 10 проценти од вработените и 16 отсто од пензионерите во земјава.
Две просечни плати не се доволни за нормален живот