JASMIN напиша:
Не, не ја прекинувајте играта ни во врска, зашто би? Само да не се нарекува инаетење и попуштање, не е баш така. Тоа е само игра на ..заведување.
Имено . Но, наместо да се инаетиш и да си играш со неговите живци, почуваш да си играш со неговиот 'рбетен мозок и тоа на обата краја. Му ја разбиструваш главата за некои работи, а во исто време и го скокоткаш под јајца. :wink:
Да не ме разбере некој погрешно. Тоа не е игра на "кој_кого_ќе_заебе", туку како што кажа Јасмин, игра на заведување. :sirena:
Вака сега. Темата е малку широка, ќе се обидам да кажам како јас гледам на тоа, па ќе видиме накај ќе тргнеме. Постои ризик да ме етикетираат како Фортуна2 во пишување на долги постови, ама тоа му е, ако ништо друго, барем Фортуната ќе ми даде репутација, хехехе. :smir:
Зошто жените мразат кога им попуштате?
Жената во мажот гледа водач, некој кој знае што прави и кај оди, некој што знае да процени и има решителност да пресече и одлучи. Сега Никола ќе каже дека тоа е бидејќи жените не знаат што сакаат, а јас не би се согласила. Проблемот кај жените е што сакаат од се' по малку и затоа им е тешко да се одлучат за едно. Се нечкаат, се предомислуваат, премногу анализираат и неодлучни се. За жал повеќето жени ја немаат ни особината на split-second decision за едноставни работи, а што станува кога се поголеми одлуки во прашање. Тргнете од еден најобичен шопинг. Ми се допаѓа блузата, ама ја има во пет различни бои, ги сакам сите пет, ама можам да си купам само две. Значи, знае што сака (блузата), но од се' по малку (сите пет бои) и тешко и' е да се одлучи само за едно (или две). И тука веќе почнува хаосот, поттикнат од стравот дека ќе погреши. Pay attention everybody!! Акцентот е ставен на стравот дека ќе погреши, а не на тоа дека не знае што сака. Во тие моменти и' треба некој да и' каже што е најдобро за неа. Не и' треба некој неодлучен исто како што е и таа самата. Примерот со блузата е смешен, ама го напишав само колку да можам да ви доловам што се случува во женската душа и за најобични работи.
Кога ова ќе се подигне на едно повисоко ниво, за посериозни одлуки, стравот од грешка кај неа е поголем. Ако тој што е до неа во такви ситуации покаже и најмала нерешителност, стравот уште повеќе се зголемува, таа почнува да паничи, да дига тензија, да мрчи, да "мудрува". Ако во таква ситуација, кога е таа крајно уплашена, го поставите актот на "носење одлука" во нејзини раце (што ќе рече и' попуштите), има да ве дигне на клоци бидејќи и вие сте неодлучни како неа, а таа очекува од вас решителност. Ете затоа мразат кога им попуштате, а не дека победата е послатка кога добро ќе се испотиш за да ја извојуваш.
Да продолжам...
Е сега, има жени што прават уште поголема грешка, а тоа е што мрчат и откога мажите ќе донесат одлука во име на двајцата. Тоа потекнува од нешто друго, ќе пробам да објаснам.
Како што некој веќе кажа погоре, жената во мажот бара добар татко за нејзиниот пород. Што значи тоа? Некој кој ќе може да се бори за семејството, ќе го заштитува и најважно, некој што знае во кој правец сите нив заедно ги води. Тој е водачот, тој одлучува и го има последниот збор. Но, за да го има последниот збор и за да жената ја положи пред него контролата за нејзиниот и животот на нејзините деца, таа треба пред се' да му верува. Таа се плаши од помислата дека тој ќе ги тресне во првата карпа на која што ќе налета. Но, ако му верува тогаш го прати во чекор за што и да тој одлучи. Знаете ли зошто понекогаш мажите се чувствуваат дека жените им ставаат сопки, откога тој решил да направи некој работа? Токму поради тоа што не му верува. Само молам да не мешаме поими на "процес на носење одлука" и "процес на реализација", пошто се две различни работи. Во првото се провлекува малку она што се спомна за доминацијата, ама за тоа подоцна.
Е сега, за да почне да му верува, претходно го тестира, го става во исушение, а може и само да го набљудува од страна. И за сето време фаќа забелешки и му го мери потенцијалот. И сето ова се одвива на едно потсвесно ниво кај повеќето. Понекогаш тактиката бара и терање инает, како што кажа Сусаро, се' со цел на....
Sussaro напиша:
Taka што они тестираат до кој степен е машкото способно да ги толерира. Доколку прагот на толеранција е голем подсвесно кај неа проработува инстинктот на некој недоминантен несигурен и неспособен за во иднина.
Тоа е тоа, вака у "кратки" црти. Знам, забегав малку, жена, шта чеш. Подоцна ќе пишам и за доминацијата, малку ќе излезе од темава, да не замарам, доста е и волку за сега.