а и нашиот менталитет е малку поразличен ... замисли во претстава некој да ја потиска или на филм да и ги мазни градите , да ја бакнува .. ќе се распукаш од љубомора - факт нема ниту еден што би останал рамнодушен - менталитет тоа е ...
И ти не би терал врска со уметница само затоа што може да се случи некој да и ги фаќа цицките у претстава?! Професионалност, sonne.
Туку пусто македонче, менталитет е, ко што си кажа и ти, некои работи си стојат така со векови.
Да се произјаснам на темава како претставничка од ж.п. која ја потврдува тезава на Никола. :nesum: Не знам што е тоа у нив, ама и ја сум од тие што се возбудуваат на уметници. Shoot me

Веројатно се работи за моментот на мистериозност, душевна слобода (колку достижно е ова воопшто?), немирен дух, или сумирано со еден збор: поинаквост. Уметниците (зборам за творци [музичари, сликари, фотографи, режисери, актери итн.], а не за уметнички души) се поретки од the ordinary guys, а бидувајќи така индивидуални, излегувајќи од калапот, претставуваат предизвик за многу жени.
Друга (лична) причина е што со уметник повеќе би се сложувала во likes и dislikes, отколку со некој фудбалски фанатик, на пример. Не зошто сум уметница - затоа што не сум - меѓутоа уметноста ме интересира далеку повеќе од фудбалот, и логично е да ме привлекува повеќе некој што се занимава со нешто на кое јас му се восхитувам, наспроти нешто друго што јас го сметам за глупаво.
Но да се разбереме, моето скромно искуство со уметници не донело ништо добро

Јас како рационална и приземјена личност не можам да се снајдам со спонтаноста на уметникот, со неговата непредвидлива природа и неговата блага налудничавост.

Со креативните луѓе човек тешко може да излезе на крај. Кога кажувам дека се тешки луѓе, не мислам на тоа дека се тврдоглави или лоши, туку дека се сонувачи, кои си живеат на некои свои светови и си ствараат свои правила. Најтешкото во врска со нив е непредвидливоста; човек се иритира/плаши кога не знае што може да очекува и да предвиди за некого.
Се од погоре кажаново е базирано врз одреден број на уметници со кои се дружам и скромен број на партнери-уметници со кои сум била, што го прави - да, Ада - генерализација indeed.

Не ти се генеwawизациите кwиви што никој не шака озбиwна вwска со тебе :cry:
И уште да се надоврзам дека тврдењето дека сите уметници се на роба и праат оргии и пирови секој ден, е неточно пошо очигледно е изведено од амерички филмови и/или автобиографии на писатели од почетокот на 20ти век.
Точно е дека многу од нив се, до некој степен ексцентрици, ама далеку од тоа дека сите водат развратнички живот.