Точно.
Поради тоа его, мажите се во состојба да ја изгубат и единствената жена што ја сакале, знаејќи дека никогаш повеќе нема да им се врати. Во состојба се да патат по неа ако треба и цел живот, да бидат во врски со девојки кои не ги сакаат, само поради тоа пусто его и гордост. Мажите знаат колку вреди особата што е покрај нив, но тоа предоцна го сфаќаат....дури откако ќе ја изгубат.
Додека жените поради љубов (зборам за нормалните, не за одмаздољубивите кучки) ќе поминат преку многу грешки на партнерот (не мора да е неверство, туку психичко малтретирање и праење "фраер" )но ќе се изборат да останат со него.
Ама женско кога гледа дека некој свесно си подигрува со нејзините чувства и со неа како личност, дека пробува да праи будала од неа, тогаш го жалам машкиот пол. Кога женско ќе почне да враќа на ист начин како машкото, со сите некоректни постапки и ќе стави крај на врска, тогаш мажите забораваат на егото. Постојано се во прашалници зошто тоа им се случило, а забораваат дека 100 стапа по туѓ грб помалку болат.
Ти да не работиш у некоја феминистичка невладина организација.
Толкав пост си напишала,и никаде не кажа дека жена што може на маж да му направи,дека тоа и ѓаволот останува изненаден од ѓаолштината на жената(како што викаше Колозов).
Ти дали намерно или не,но постот те навлекол да го продолжиш само низ призмата на болката и страдањата на една жена(ооо таа света кревкост и невиност),од страотните и непромислени постапки на мажите управувани од нивното его(џелати кои на рацете имаат траги од свежа девичанска крв) ....т.е ако некој странец ти го чита постов ќе помисли дека сме у некоја арапска земја,кај што жените се завиткани од глава до пети,и не мрдаат од дома.
Ајде сеа у нареден пост напиши за женското его,или у превод одмаздољубивост....за да не ни рушиш рејтинг по полова основа.(барем 25% у постот пишува за тоа,како што си е ред по рамковен)
Знаеш како викаат, човечки е да се греши, а христијански да се простува.
Незнам зошто, ама сите мислат дека ако простат, личноста Х и Y треба повторно да се вратат на старо. Да напрајме разлика: едно е да се прости, друго е да се заборави нештото ко да не постоело.
А дека полесно простуваат жените, сум немал некое позитивно искуство. Секој можи да биди злопамтило, па да ти ги удри некои работи од нос. Зависи од карактер.
Па грешка е да навредиш некого без да промислиш,или нешто сл......а дека неверството е грешка,воа е нешто ново што сум го слушнал....интересно ко ќе си фатиш женска,ќе ја оставиш да си прави грешки(изневерува)....оти тоа е човечки да се греши.
Тоа дека е христијански да се простува е точно...но една од божјите заповеди вели : "
не прави прељуба".
Види, луѓето грешат.
Јас сум од оние парови кои си ,,простиле,,.
И тоа си ,,простивме,, многу одамна.
Од тогаш функционираме многу подобро него предходно.
На грешките се учи, иако да, најмногу ме нервира кога некој некого прави будала, а овој другиов молчи.
Со свои очи се и сешто видов, никако не се дочудев, што по ѓаволите им е на луѓево, дали се нормални што простуваат...
Незнам како вие го сфаќате тоа простување на неверство,но мене тоа ми изгледа ненормално....
Бидејќи личноста која што изневерила,не изгубила ништо(бидејќи и е простено)....
така да,во иднина таа иста личност ако има во даден момент доволно дискреција,пак би го повторил неверството(со гарант).
Чим со некој сте повеќе од 3-4месеци во врска,и чим како возрасни и свесни луѓе си кажете дека сте во озбилна врска....тогаш ако некој изневери,клоцата и ај здраво,и перманент бан...така нека си прави со некој "полиберални партнери".
Луѓе сфатете дека личноста не се менува преку ноќ(ни преку годините)....може само да потиснува некои желби,и фантазии...но ако им се укаже доволно дискреција,тие стапуваат на дело.