- Член од
- 3 април 2008
- Мислења
- 64
- Поени од реакции
- 11
Недостаток на секс - секако дека со сите обврски тешко е да се има време за гушкање, бакнување и секс но секоја жена сака да се почувствува посакувана па затоа може да тргне тоа да го бара кај друг.
Желба на кратко да биде лоша девојка - како што мажите имаат потреба на ваков начин да се олеснат, тоа постои и кај жените. Може да биде поради некои животни промени - нова работа, намалена телесна тежина, нови пријатели, средовечна криза или слично.
Самопочитување - сексот може да биде начин жената да се почувствува секси, убава или сакана. Ако жената има ниско мислење за себе, не значи дека ќе легне со друг, но не е лошо да почувствува некоја сигурност во врската.
Казна - ако некогаш партнерот ја излажал и и го скршил срцето, жената ја губи довербата во врската и сака на некој начин да го казни својот партнер.
Недоволно интимност - не е доволна куќата, колите, децата, ако нема доволно комуникација и интимност жените се чувствуваат запоставено.
Игнорирање и непочитување - жената во едно семејство е ангажирана со многу нешта, таа е и готвачка, беби-ситерка, чистачка и само сака да почувствува благодарност и почитување за тоа што го прави.
Недоволно емоции - кога жената ќе забележи дека нејзиниот партнер се повлекува од врската и емотивно се оддалечува од неа тргнува да бара некој кој ќе и пружи емоции.
Здодевност во спалната соба - секогаш иста поза, ист амбиент, иста личност...а аферата внесува возбудливост и авантура.
Излезна стратегија - наместо да раскине или да се разведе од својот партнер, жената го изневерува мислејќи дека тоа е полесен начин да се излезе од врската.
Освета - нема ништо полошо од изневерена и лута жена, таа е спремна да направи се. Ако партнерот ја изневерил со друга таа ќе му врати во иста мера.
Сите од горенаведениве можат да послужат како причини за изневерување, но за тие што се расположени да го направат тоа. Други, и да ги имаат овие причини, никогаш не би се осмелиле на тој чекор...
Но верувам дека вакви идеи не потекнуваат од врски во кои нема дупки...Дали е грешка на партнерот, или е до нивниот личен карактер...кога нешто не штима во врската...тоа е тоа... Шит Хепенс!!!
Јеби га...:hump:... ...:nesum:
Aли да се разбериме, да нема забуни...ова се однесува двострано...и на мажите и на жените...