Зошто ве мразат другите?

  • Креатор на темата Креатор на темата Eko1
  • Време на започнување Време на започнување
Различна сум од околината. Им го плескам на сите во лице она што го мислам за нив, макар што мн. се навредуваат поради тоа...Не сфаќам како можат повеќе да сакаат зад грб да им зборам?:toe: Ама ич не ме интересира што мислат другите за мене... Прифаќам критики и подготвена сум да се променам, ако размислам и сфатам дека стварно така е подобро за мене... На крај краева не ми е гајле дали ме мразат или не...и кога ќе размислам подобро не ни сакам да знам зашто ме мразат...Мразење е тежок збор. За мене тоа значи дека во оној момент кога ќе сфатат дека ме мразат и ќе зборат глупости за мене итн. јас сум центар на нивниот моментален свет...И со тоа самите докажуваат дека сум подобра од нив... Па ако решиле да ме мразат нека повелат...Simply, I don't give a f*ck!
 
Затоа што знаат дека секогаш си се издвојувам со мој став и секогаш кажувам ако со нешто не се согласувам, а тие мислат дека само без везе се инатам.
Е па нека ви стои:baeh: што да ви кажам друго :)
 
ме мразат зошто ногу ги заебавам. уствари ме мрази еден а него сите :D
 
Ме мразат оти сум Македонец,оти говорам Македонски и оти крвта ми е Македонска.Ме мразат зошто досега немаат успеано да ме истребат од местото каде што се родив.Ме мразат оти уште постојам и покрај сите нивни напори да изчезнам.
И ме мразат оти се борам и нема да се покорам.
 
Ме мразат затоа што не ме познават доволно :).Кога ке ме запознаат ке yвидат дека не сум била таква каква што ме мислиле,ке yвидат дека згрешиле во врска со мене :)
 
Од проста револтираност и чисто да ја оживеам темата зашто гледам дека омразата меѓу луѓето се шири со брзина на светлината и го јаде светот, почнува да владее љубомората и настанува хаос.
Инаку ме мразат зашто ја ги сакам, ама тие што ме мразат ептен ги сакам и баш за инает уште повеќе ме мразат зашто не наседнувам на нивните ефтини финти. Ме мразат затоа што сум позитивна, паметна, open minded, затоа што секогаш се смеам и умеам сите да ги расположам околу мене, затоа што можам да бидам центар на внимание, затоа што другите ме сакаат, затоа што секогаш сум подобра од нив(од тие што ме мразат) а тоа не можат да го поднесат и затоа имаат плус причина за да ме мразат, ме мразат затоа што секагаш си имам свое мислење и си стојам до истото, им се конфронтирам и жестоко го бранам, а нив тоа им смета што не се согласувам со нив и не им лижам газови, затоа што немаат памет како мојот, се отепуваат од учење и пак немаат просек како мене.
Имав приметено дека кога идев у гимназија речиси сите што учеа многу, ме мразеа зашто секогаш се знаев и секогаш бев подобра од нив.
И уште повеќе ме мразат што јас не се замарам воопшто со нив и тоа ги нервира. Па дајте бре луѓе да не си љубомориме едни на други туку да си помогнеме колку можеме!

Крај на крај народот убаво рекол: Успехот е единствената работа што луѓето никогаш нема да ти ја опростат.
 
Ме мразат пошто сум звер

haters-gonna-hate1.jpg
 
Сите ме сакаат хахаа. Не.
Неам поим. Мрази е тежок збор. За некој да ме мрази треба да ме познава и нешо да сум му згрешила. А јас не грешам :lazgo:
 
не бе ја сум китка за мирисање... сите ме сакат!
 
Не сум им симпатичен на сите али до сеа не сум чул некој да ме мрази..
 
Не разбирам зошто некој би можел да мрази друг? Од проста причина што немаат исти ставови или не се согласуваат за исти работи?
Да мразиш некого не е исто со тоа да не ти се допаѓа личноста, неговото однесување или сл. сетоа тоа не е причина да мразиш некого.
Ако човек заслужи да биде омразен, тогаш неговата личност е доведена на многу ниско ниво на нечовечност, .... јас ја разбирам омразата како нешто позади кое се кријат повредени лични чувства, сепак тоа е тежок збор да се искаже спрема некого од некои безвредни причини..
Еве пример, ако некој не ми се допаѓа мене лично не можам да кажам дека го мразам,едноставно чувствувам одбивност што не е исто и со омраза.
Досега не верувам дека некој може да ме мрази, или поради некоја причина да чувствува одбивност.. добро можеби има и такви ако спрема нив сум постапила како што постапиле и тие, тогаш е во ред го прифаќам нивното чувство. Али некој да ме мрази тогаш сериозно би размислила за мојата личност..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom