Цитат.
„stvarno be Miki , so rabotis ti??„
Коментар:
На своето работно место ги извршувам своите професионални должности, а надвор од работното место се занимавам со тековни потреби, намери и интереси.
Цитат:
„ Имам едно прашање за Мики,
зошто ако господ на човекот му дал мозок,само за да може да ги чита ( и слично ) неговите проповеди,учења,
Не му дал доволно мозок/интелигенција/чуства за да сфати зошто се, освен господ,мора да има свој креатор,творител?
Зошто?„
Коментар:
Ќе се обидам да одговорам колку е можно пократко, но некои работи морам да ги повторам.
Господ го создал светот (и се видливо и невидливо) поради тоа што не бил задоволен со тоа да се созерцува (согледува) Сам Себе како и и со намерата својата неограничена добрина да ја сподели со други творенија. Така вели Св. Јован Дамаскин, од осмиот век по Христа.
Зборот Рај, или Едем (Едемска градина) има персиско потекло и знали богатство, изоболство, уживање. Во Рајот, Адам имал прилика да ужива во неискажливите убавини од таа средина, без да мора да работи физичка работа.
Нормално дека Творецот му дал мозок на Адам, или поточно му дал разум, она кое растенијата и животните го менаат., па затоа само човекот моежа да учи, додека другите творенија знаат само толку колку им е дадено (тоа се тн. инстинкти). Тој разум (рацио) му е даден на Адам (но и на Ева) за да можат да ги примаат знаењата кои Бог им ги доставувал „периодично„, во сависност он Неговата проценка за тоа колку Адам и Ева пораснале духовно. Патем кажано, Адам и Ева не се родени, тие се створени, од „земја„ и од дух животен, со физички излглед кој одговара на човечка возраст од врзната младост, меѓу 20 и 30 години, и притоа не би старееле и не би умирале,живеејќи во рајските услови.
Занчи, Адам имал мозок за да ги прима знаењата Божји. Како Адам и Ева духовно растеле, така ги стекнувале новите сознанија од својот Творец. Во одреден момент од нивниот духовен раст, тие би го примиле и знаењето за добро и за злото. Но тука и ја направиле грешката, оти онака духовно недораснати, сакале предвреме да дознаат зашто постојат и други категории (злото) освен доброто, во кое тие самите живеел, без притоа да имаат некаква предстатав што е тоа „зло„.
Според догматските учења, Бог е дух, кој е безпочетен, семоќен и неограничен. За него не постои просторно-временско ограничување и пречки. Он едноставно , „е„,постои само во „сегашно време„.Значи, Бог, пошто е несоздаден (што е многу тешко да се разбере, признавам) нема ни да има крај а се што е создадено има свој почеток, траење и крај.
Бог им ги открива вистините на луѓето само онолку колку Он смета дека е потребно да открие и никој нема право да се занимава и запрашува каква е Божјата волја и промисла за се во светот. На луѓето им преостанува да ја прифата волјата Божја со целосна доверба во Бога (оти Он најдобро знае што е за нас потребно и корисно) или пак тврдоглаво да пркосат на Бога и сами себе да се осудуваат на пропаст во овој свет и во овој живот.
Одредени работи, кои сешуте не ги знаеме, а кои се голема тајна, според моето мислење (засновано на вероучението), ќе им бидат откриени на оние кои ќе влезат во Рајот, односно Царството Небесно. Таква е на пример, тајната за логиката од огромната голема на на Вселената, (која верувале или не, е создадена поради Адам)., а во тој незмисливо голем простор, создаден е живот само на една „точка„ од таа Вселена, наречена Земја. Значи, она кое во овој
живот ни излгеда таинствено, нелогично и неразбирливо, ќе се разјасни по второто Христово пришествие. За наше спасение од злото,сосема е доволно она знаење кое Црквата сега го поседува и го проповеда помеѓу родот човечки.