Цитат:
„ Еве еден „хипотетички“ пример:
Да речеме дека човекот успее да создаде машини/роботи кои ќе бидат слични на човекот ( ќе имаат интелегенција,чуства,ќе се размножуваат како човекот,ќе еволуираат,ќе учат ),и тие машини ги испрати на некоја многу далечна планета каде што ќе „живеат“...
После 1000 години од ова испрачање,човекот нема да постои,ќе настрада поради климатските промени,експлозија на нуклеарна бомба или ред други работи.
И после неколку милијарди години,тие ( машините што се на друга планета ) ќе почнат да размислуваат за нивниот креатор....ќе почнат да веруваат дека тој постои,ќе го чекаат да дојде на нивната планета,ќе сакаат да комуницираат со него, ќе го докажуваат неговото постоење ( како ти што го докажуваш постоењето на твојот бог ) и. т. н....„
Коментар:
Ова дири и јас го имам видено...во „Терминатор„ , разбира се...
Кажи ми, како би можел да дадам одговор на ваква претпоставена состојба? Па и одговорот би бил претпоставен.
Зошто мислиш,упс...( други мислат и знаат)...веруваш дека истото не се случило и во реалниот свет,зошто веруваш дека човекот не е направен на тој начин?
Но, друга ми беше поентата.
Сакав да ти кажам дека твоите „докази“:
Еве некои ДОКАЗИ; кои се толку очигледни што немаат потреба од ДОКАЖУВАЊЕ:
- Бог го создаде човекот по свој ОБРАЗ и ПОДОБИЕ;ОЧИГЕЛДНО е дека човекот постои и повеќе е од јасно дека ПРЕД човекот постоел друг ЧОВЕК, т.е. неговите родители и родителите на неговите родители ( а не мајмуни!) и така ретроактивно до Адам и Ева;
докажуваат само дека господ некогаш
постоел,но не докажуваат дека тој сеуште постои,
примерот ти го кажав само за да ти биде посликовито....
Уште мислиш дека доказите се толку очигледни што нема потрена од докажување? Јас не мислам така.
И...докажи дека госод сеуште постои!!! (ако воопшто имаш докази.... )
Цитат:
„ Научниците не ВЕРУВААТ во вистините за кои сеуште се прави теорија,тие ЗНААТ дека тие вистини постојат.
И ти ЗНАЕШ дека господ постои,или само ВЕРУВАШ во него....
Прави разлика помеѓу знаење и верување....
МКоментар:
А од КАДЕ научниците ЗАНААТ за нивните вистини? Им се сонило ноќеска? Кога би знаеле, тие ВЕЌЕ би ни ги кажале нивните вистини! Не е случајно што сите науки патат од „теоретизирање„ кое е само по себе е еден вид квази-вистина, замена за вистинската вистина! Затоа ниедна наука не ни докажала ниедна КОНЕЧНА вистина! Но добро, за ова веќе имаме дискутирано.
Да, јас ВЕРУВАМ дека Господ постои! НЕ велам дека ЗНАМ (знаат други), јас само ВЕРУВАМ. Целото христијанско учење се заснова на принципот ВЕРУВАМ, а не дека знам, гледам, слушам...Симболот од верата почнува токму со изразот ВЕРУВАМ! Никаде со Симболот никој не вели дека знае...Според тоа, итоа како правам разлика помеѓу знаењето и верувањето!
Од каде знаат научниците?
Од тоа што тие се реални вистини,кои во секој момент можат да се докажат,и постојат НЕУСПОРЛИВИ докази за тоа дека тие вистини се вистини.
Науките не патат од теоретизирање, научните вистини се разликуваат од научните теории....теориите се само еден вид недокажани вистини,и кога ќе се докаже дека некоја теорија не е вистинита,таа едноставно се заборава ( или може да послужи за снимање на некој научно фантастичен филм :wink: ), а кога за некоја теорија ќе се докаже дека е вистинита, тогаш станува дел од науката ( теориите не се дел од науката!!! ).
Други ( верници? ) знаат ?!?
Кои се тие другите?
Имаат докази за тоа дека знаат?
Ти го знаеш тоа дека тие знаат, или само веруваш дека знаат?
Да,целото христијанско ( и верско ) учење се базира на принципот „верувам“.
Жал ми е поради тоа што христијанското учење се базира само на верување,а оние шт него го шират се однесуваат како да е вистина она што тие го проповедуваат....Кога само ќе помислам на сите оние луѓе/научници што се запалени на клада,само поради тоа што не сакале да веруваат...
Цитат:
„ Еве еден пример:
Јас имам право да верувам,и верувам дека на сонцето има живот...
И?....навистина на сонцето има живот?!?„
Коментар:
На погрешно прашање се дава погрешен одговор.
Живи битија (човек, животни, растенија...) има САМО на Земјата. Рајот е создаден на Земјата, не на Месечината. Адам, по неготото создавање, воведен е во Рајот, не на Плутон.
Хмм,а што е со месечината,со аполо 11?
ШТО?!?
Рајот е создаден на земјата?Рајот на земјата?Земјата е рајот?
Абе ти каде живееш?
Си слушнал за зборот војна?
Знаеш колку невини луѓе загинале на земјата?Знаеш колку луже страдаат?Знаеш на колку луѓе земјата им е како пеколот?
Хмм....живот има само на земјата,поради тоа што таа е рајот?!?