Зошто религијата се меша во науката?

  • Креатор на темата Креатор на темата OFcp&&&
  • Време на започнување Време на започнување
Цитат:
„ Еве еден пример:
Јас имам право да верувам,и верувам дека на сонцето има живот...
И?....навистина на сонцето има живот?!?„
Коментар:
На погрешно прашање се дава погрешен одговор.
Живи битија (човек, животни, растенија...) има САМО на Земјата. Рајот е создаден на Земјата, не на Месечината. Адам, по неготото создавање, воведен е во Рајот, не на Плутон.
 
Цитат:
„ Еве еден „хипотетички“ пример:
Да речеме дека човекот успее да создаде машини/роботи кои ќе бидат слични на човекот ( ќе имаат интелегенција,чуства,ќе се размножуваат како човекот,ќе еволуираат,ќе учат ),и тие машини ги испрати на некоја многу далечна планета каде што ќе „живеат“...
После 1000 години од ова испрачање,човекот нема да постои,ќе настрада поради климатските промени,експлозија на нуклеарна бомба или ред други работи.
И после неколку милијарди години,тие ( машините што се на друга планета ) ќе почнат да размислуваат за нивниот креатор....ќе почнат да веруваат дека тој постои,ќе го чекаат да дојде на нивната планета,ќе сакаат да комуницираат со него, ќе го докажуваат неговото постоење ( како ти што го докажуваш постоењето на твојот бог ) и. т. н....„
Коментар:
Ова дири и јас го имам видено...во „Терминатор„ , разбира се...
Кажи ми, како би можел да дадам одговор на ваква претпоставена состојба? Па и одговорот би бил претпоставен.
Зошто мислиш,упс...( други мислат и знаат)...веруваш дека истото не се случило и во реалниот свет,зошто веруваш дека човекот не е направен на тој начин?


Но, друга ми беше поентата.
Сакав да ти кажам дека твоите „докази“:
Еве некои ДОКАЗИ; кои се толку очигледни што немаат потреба од ДОКАЖУВАЊЕ:
- Бог го создаде човекот по свој ОБРАЗ и ПОДОБИЕ;ОЧИГЕЛДНО е дека човекот постои и повеќе е од јасно дека ПРЕД човекот постоел друг ЧОВЕК, т.е. неговите родители и родителите на неговите родители ( а не мајмуни!) и така ретроактивно до Адам и Ева;
докажуваат само дека господ некогаш постоел,но не докажуваат дека тој сеуште постои,
примерот ти го кажав само за да ти биде посликовито....

Уште мислиш дека доказите се толку очигледни што нема потрена од докажување? Јас не мислам така.
И...докажи дека госод сеуште постои!!! (ако воопшто имаш докази.... )
Цитат:
„ Научниците не ВЕРУВААТ во вистините за кои сеуште се прави теорија,тие ЗНААТ дека тие вистини постојат.
И ти ЗНАЕШ дека господ постои,или само ВЕРУВАШ во него....
Прави разлика помеѓу знаење и верување....

МКоментар:
А од КАДЕ научниците ЗАНААТ за нивните вистини? Им се сонило ноќеска? Кога би знаеле, тие ВЕЌЕ би ни ги кажале нивните вистини! Не е случајно што сите науки патат од „теоретизирање„ кое е само по себе е еден вид квази-вистина, замена за вистинската вистина! Затоа ниедна наука не ни докажала ниедна КОНЕЧНА вистина! Но добро, за ова веќе имаме дискутирано.
Да, јас ВЕРУВАМ дека Господ постои! НЕ велам дека ЗНАМ (знаат други), јас само ВЕРУВАМ. Целото христијанско учење се заснова на принципот ВЕРУВАМ, а не дека знам, гледам, слушам...Симболот од верата почнува токму со изразот ВЕРУВАМ! Никаде со Симболот никој не вели дека знае...Според тоа, итоа како правам разлика помеѓу знаењето и верувањето!
Од каде знаат научниците?
Од тоа што тие се реални вистини,кои во секој момент можат да се докажат,и постојат НЕУСПОРЛИВИ докази за тоа дека тие вистини се вистини.
Науките не патат од теоретизирање, научните вистини се разликуваат од научните теории....теориите се само еден вид недокажани вистини,и кога ќе се докаже дека некоја теорија не е вистинита,таа едноставно се заборава ( или може да послужи за снимање на некој научно фантастичен филм :wink: ), а кога за некоја теорија ќе се докаже дека е вистинита, тогаш станува дел од науката ( теориите не се дел од науката!!! ).

Други ( верници? ) знаат ?!?
Кои се тие другите?
Имаат докази за тоа дека знаат?
Ти го знаеш тоа дека тие знаат, или само веруваш дека знаат?

Да,целото христијанско ( и верско ) учење се базира на принципот „верувам“.
Жал ми е поради тоа што христијанското учење се базира само на верување,а оние шт него го шират се однесуваат како да е вистина она што тие го проповедуваат....Кога само ќе помислам на сите оние луѓе/научници што се запалени на клада,само поради тоа што не сакале да веруваат...
Цитат:
„ Еве еден пример:
Јас имам право да верувам,и верувам дека на сонцето има живот...
И?....навистина на сонцето има живот?!?„
Коментар:
На погрешно прашање се дава погрешен одговор.
Живи битија (човек, животни, растенија...) има САМО на Земјата. Рајот е создаден на Земјата, не на Месечината. Адам, по неготото создавање, воведен е во Рајот, не на Плутон.
Хмм,а што е со месечината,со аполо 11?

ШТО?!?
Рајот е создаден на земјата?Рајот на земјата?Земјата е рајот?
Абе ти каде живееш?
Си слушнал за зборот војна?
Знаеш колку невини луѓе загинале на земјата?Знаеш колку луже страдаат?Знаеш на колку луѓе земјата им е како пеколот?


Хмм....живот има само на земјата,поради тоа што таа е рајот?!?
 
Ќе почнам од крајот:
Цитат:
„ Хмм....живот има само на земјата,поради тоа што таа е рајот?!?„
Коментар:
Да, има живот само на Земјата а Рајот е само дел, поточно ограничен дел/простор од Земјата (на територијата од денешен Ирак, помеѓу реките Тигар и Еуфрат). Адам е создаден надвор од Рајот а после тоа е воведен во Рајот. Значи. целата Земја не е Рај.
Цитат:
„ ШТО?!?
Рајот е создаден на земјата?Рајот на земјата?Земјата е рајот?
Абе ти каде живееш?
Си слушнал за зборот војна?
Знаеш колку невини луѓе загинале на земјата?Знаеш колку луже страдаат?Знаеш на колку луѓе земјата им е како пеколот?„
Коментар:
Луѓето страдаат поради своето беззаконие, а не поради нешто друго! Секаде каде се водат војни, значи дека злото настапило во својот врвен облик и таму каде се водат војни, не е Божјото место! Војни водат луѓе на кои ѓаволот им е бог, а не вистнискиот Бог! СПоред Писмото и според зборовите Господови (а и според она кое и самите можеме да го видиме!) ѓаволот е кнезот, господарот на овој, видлив и материјален свет.
Цитат:
„Хмм,а што е со месечината,со аполо 11?„
Коментар:
А што би требало да биде? Чудо некое? Одењето на Меселината е само показател за тоа што се може да направи човековата гордост и пркос кон Севишниот! Такво нешто се случи и пред Пототпот, кога луѓето посакаа да ја направат кулата Вавилонска, висока до Небото, да го завземат Божјото место (како што посака и ѓаволот) и да станат славни, што за нив беше и најбитно! Имено, и ден-денес, луѓето сакаат да бидат славни, што секако дека е погубно за нив самите! И Мајкл Колинс и Нил Армстронг и Едвин Олдрин станаа славни со своето патување кон Месечината, и што со тоа?! Таму сигурно не најдоа на никаков облик од живот! Од друга страна пак, повели, пролистај малку и ќе најдеш и друга вистина за патувањето кон Месечината. Некои, со право, велат дека не се случило никакво патување! Радијацијата околу Земјата и во вакуумот над Земјата е толку голема, што ниедно живо битие неможе да ја издржи и да остане живо! Се е лага, се е студиска монтажа, забава за народот на кој треба да му се понуди некоја друга вистина од онаа реално потребната!
Во наредниов преиод следува лет кон Марс. И? Пак ќе читаме за некои си таму славни астронаути? А што ќе откријат на Марс? Марсовци?
Сите тие утопоски и бесмислени активности се дел од медиумската пропаганда за замајување на човековиот ум со површности и лудории, кои за огрмоно мнозинство од луѓето немаат ама баш никакво значење за нивните животи. На пример, на луѓето на кои храната и облеката им се научна фантастика, сигурно не им е дојдено до патувањето на Марс!
Цитат:
„ Други ( верници? ) знаат ?!?
Кои се тие другите?
Имаат докази за тоа дека знаат?
Ти го знаеш тоа дека тие знаат, или само веруваш дека знаат?„
Коментар:
Тие „други„ верници се врвните монаси од манастирите од Света Гора, во сегашно време! Дел од нив се удостоени да ги видат и Христа Бога и мајката Божја и Светиот Дух! Тие знаат дека Бог постои оти Он Самиот им се јавува! А јас верувам дека тоа е вистина!
Цитат:
„Од каде знаат научниците?
Од тоа што тие се реални вистини,кои во секој момент можат да се докажат,и постојат НЕУСПОРЛИВИ докази за тоа дека тие вистини се вистини.
Науките не патат од теоретизирање, научните вистини се разликуваат од научните теории....теориите се само еден вид недокажани вистини,и кога ќе се докаже дека некоја теорија не е вистинита,таа едноставно се заборава ( или може да послужи за снимање на некој научно фантастичен филм :wink: ), а кога за некоја теорија ќе се докаже дека е вистинита, тогаш станува дел од науката ( теориите не се дел од науката!!! ).„
Коментар:
На форумов, во дискусија со други формуџии, дојдовме до заклучок дека науките , досега ни имаат понидено дури 3 вистини: Питагоровата теорема (која патем кажано, не е вистина туку аритметичко-геометриски идеалитет, апстракциај), архимедовиот Закон (кој , норамлно, постоеше и пред да се роди Архимед) и Вторито Закон на термодинамиката. Значи, за 5 000 години цивлизација имаме дури 3 вистини! Аирлија работа! Се надевам дека за наредните 5 000 години ќе откриеме уште барем 3 „научни„ вистини„! Е па, толку за научните „вистини„.
А кој вели дека теорииите не се дел од науките? Јас велам дека токму тие се дел од науките! Науките не би ни постоеле ако нема „теоретизирање„! Теориите за „големата експлозија„ и „црните јами„ од Стивен Хокинг веќе се земаат за официјални научни теории (да не кажам-вистини) во кои се верува а кои само во мал дел се навистина докажани!
Уште нешто: Бог постоел, постои и ќе постои! Невозможно е некое битие кое има епитет „бог„ некогаш да постоело а сега да не постои. Па Бог по дефиниција е беспочетен и бескраен и по „траење„ и по лични способности.
 
Нели универзумот е бесконечен?
Едноставно, не е можно во тој простор,само ние да бидеме единствените суштества,мора да има и други,само времето е прашање,кога ќе стапиме во контакт со нив.
Ти немаш докази дека само на оваа планета има живот од целиот бесконечен универзум.

Постојат и други научни вистини освен пирагоровата,за разлика од религијата,поточно христијанството,кое се базира само на верување,и во него нема ниту една вистина.

Објасними како господ имал доволна моќ да го креира човекот,а неможел да му обезбеди добар живот?веројатно поради тоа што господ несакал човекот да има добар живот.
Зошто господ му дозволил на ѓаволот да владее со дел од луѓето,
или,зошто господ им дозволил на луѓето,да тие,луѓето,му дозволат на ѓаволот да тој владее со нив?
Зошто господ на луѓето им дозволил да го направат беззаконието,со кое некои од нив ќе им наштетат на другите луѓе?
 
Цитат:
„Нели универзумот е бесконечен?„
Коментар:
Универзумот е конечен но без цврсти граници-вели Ајнштајн.
За христијанството, тоа не е од посебно значење, но може да биде и прифатливо како одговор.
Цитат:
„Едноставно, не е можно во тој простор,само ние да бидеме единствените суштества,мора да има и други,само времето е прашање,кога ќе стапиме во контакт со нив.
Ти немаш докази дека само на оваа планета има живот од целиот бесконечен универзум.„
Коменар:
Можно е! Ни Светите Оци, со нивниот чист ум, сеуште не дале одговор зашто веселаната е толку голема а само на Земјата има ѓивот„ Тоа е тајна! Моја претпоставка е дека Христос еден ден и таа тајна ќе ни ја објасни, после Неговото второ доаѓање!
Точно е дека немам докази за постоење живот на други планети, но немам докази за тоа дека го има!
Никогаш нема да стапиме во контакт со „вонземјани„. Оние кои велат дека веќе стапиле, самите се лажат; тие стапуваат во контакт со демоните а не со некои си таму „вонземјани„.
Цитат:
„Постојат и други научни вистини освен пирагоровата,за разлика од религијата,поточно христијанството,кое се базира само на верување,и во него нема ниту една вистина.„
Коментар:
Христијанството е само по себе вистина! Тоа е знаење кое од Бога ни е откриено!
Цитат:
„Објасними како г
 
Зошто само христос да ни објаснува нас,а не и ние нему?
и ние имаме способност за размислување....
Зошто господ не им дозволил на Адам и Ева да бидат богови?

Ти сакаш да кажеш дека човекот избрал да живее во ваков свет,свет на војни и страдања?
 
Се извинувам, го оштетив својот претходен пост па затоа изгледа така прекинато.
 
Цитат:
„Зошто само христос да ни објаснува нас,а не и ние нему?
и ние имаме способност за размислување....„
Коментар:
Христос е наш создател, нешто како родител кој ги родил своите деца па јасно е дека оној кој знае повеќе ќе ги поучува тие кои знаат помалку.
Да, ние имаме способност за размислување, не е спорно. Умот на човекот му е даден за да може тој, човекот, да контактира (да мисли) со својот Бог и да ги учи знаењата кои од Бога доаѓаат.
ЦитатЧ
„ Зошто господ не им дозволил на Адам и Ева да бидат богови?„
Кометар:
Само Бог може да биде БОГ и никој друг! Бог е несоздаден а се што е создадено од Него доаѓа и не е бог. Ѓаволот сакаше да го завземе местото Божјо ама беше истеран од духвниот свет поради таа негова намера.
На своето прво доаѓање, Господ Исус Христос им понуди на луѓето да Го следат и да влезат во Негово царство , во кое луѓето ќе бидат како богови, т.е. ќе бидат богови по благодат (по дар ) Божјиаа не по суштина (природа) Божја! Значи, во Рајот, луѓето ќе живеат бесконечно, без крај, без нова смрт. Затоа и ќе бидат слични со Бога, ќе бидат бессмртни.
 
Цитат:
„Зошто само христос да ни објаснува нас,а не и ние нему?
и ние имаме способност за размислување....„
Коментар:
Христос е наш создател, нешто како родител кој ги родил своите деца па јасно е дека оној кој знае повеќе ќе ги поучува тие кои знаат помалку.
Да, ние имаме способност за размислување, не е спорно. Умот на човекот му е даден за да може тој, човекот, да контактира (да мисли) со својот Бог и да ги учи знаењата кои од Бога доаѓаат.
ЦитатЧ
„ Зошто господ не им дозволил на Адам и Ева да бидат богови?„
Кометар:
Само Бог може да биде БОГ и никој друг! Бог е несоздаден а се што е создадено од Него доаѓа и не е бог. Ѓаволот сакаше да го завземе местото Божјо ама беше истеран од духвниот свет поради таа негова намера.
На своето прво доаѓање, Господ Исус Христос им понуди на луѓето да Го следат и да влезат во Негово царство , во кое луѓето ќе бидат како богови, т.е. ќе бидат богови по благодат (по дар ) Божјиаа не по суштина (природа) Божја! Значи, во Рајот, луѓето ќе живеат бесконечно, без крај, без нова смрт. Затоа и ќе бидат слични со Бога, ќе бидат бессмртни.
Хмм....абе јас не сум виновен што престанав да верувам,околностите се виновни за тоа....

Кој го создал ѓаволот?
Од каде потекнува тој?
 
Цитат:
„ Ти сакаш да кажеш дека човекот избрал да живее во ваков свет,свет на војни и страдања?„
Коментар:
На некој начин да, посредно, последично. Војните и страдањата не се од Бога создадени, тие се последица од одвојувањето на човекот од својот Творец и „терањето„ на работите по својот ум, без Божја помош. Војните и страдањата се дел од човековата огреовена природа, а не човекова вродена потреба. Лек за гревот е , секако, покајанието за сторениот грев. „Покајте се, зашто се приближи Царството Небесно„, им вели Јован Крстителот на евреите.
 
Ѓавол, доаѓа од зборот ДИАВОЛОС, што значи некој кој нуди дволичност, поделеност, лажливост. Се нарекува и САТАНА, што значи противник, противник на Божјата волја и Вселенски поредок. Своевремено, ѓаволот бил висок Ангел, (ѕвезда Деница) Херувимски Ангел, кој бил во непосредна Божја близина. Неговата самобендисаност и желба да го завземе тронот Божји, го претвора во црн ангел, кој има излажано 1/3 од другите бели Ангели и ги има повлечено во отпадништво во нашиов свет, за да прави бељи и искушенија за луѓето.
 
Ѓавол, доаѓа од зборот ДИАВОЛОС, што значи некој кој нуди дволичност, поделеност, лажливост. Се нарекува и САТАНА, што значи противник, противник на Божјата волја и Вселенски поредок. Своевремено, ѓаволот бил висок Ангел, (ѕвезда Деница) Херувимски Ангел, кој бил во непосредна Божја близина. Неговата самобендисаност и желба да го завземе тронот Божји, го претвора во црн ангел, кој има излажано 1/3 од другите бели Ангели и ги има повлечено во отпадништво во нашиов свет, за да прави бељи и искушенија за луѓето.
Значи потекнува од бога?
Од каде потекнуваат белите ангели?
И нив ги „направил“ господ?
 
Цитат:
„Од каде доаѓа ѓаволот?
Од каде потекнува тој?„
Кометар:
Бог е творец на се, на се видливо и невидливо. Воедно, Бог е творец и на ѓаволот но како бел, добар Ангел. Ѓаволот доаѓа од другиот, од духовниот свет и тој самиот е дух, невидливо битите.
 
ЦитатЧ
„Значи потекнува од бога?
Од каде потекнуваат белите ангели?
И нив ги „направил“ господ?„
Коментар:
Да, и ѓаволот е создание Божјо.
И белите и црните Ангели доаѓаат .т.е. постојат(постоеле) во духовниот свет, во непосредна Божја близина (освен црните ангели-демони, кои се истерани во овој, материјалниов свет). Точно, и белите ангели ги „направил„ Бог. Нивниот број е огромен, ниеден од Светителите нема одредено точна „количина„ бели ангели.
 
Цитат:
„Од каде доаѓа ѓаволот?
Од каде потекнува тој?„
Кометар:
Бог е творец на се, на се видливо и невидливо. Воедно, Бог е творец и на ѓаволот но како бел, добар Ангел. Ѓаволот доаѓа од другиот, од духовниот свет и тој самиот е дух, невидливо битите.
Па самиот си е виновен за тоа,кој ѓавол го терал да ги создаде ангелите...

Ако бог е творец на се,тогаш кој е творец на бог?
Нели се треба да има свој креатор,кој е креатор на господ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom