Ако, ако! Секој треба да знае што бара. Ама највважно од се е да се сакате.![]()
Нормално, без тоа имаш само договор за соработка (чист бизнис) кој при првиот посериозен проблем ќе биде раскинат од едната страна

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ако, ако! Секој треба да знае што бара. Ама највважно од се е да се сакате.![]()
На љУбавна тема, за работа и капитализам расправа девојка од генерација 87' која работи ко дајректа ин а хоулдин и која воедно, најверојатно, нема вујко владика, ниту било каков бишоп или шаолин во потесна или поширока фамилија или комшилук.
Или ги сакаш или не го сакаш каква врска има што работи или не работи.. незнам кога вие девојки ја изгубивте "љубовта" и се насочивте кон умот и парите али отиде се у пм!Епа тоа е и разликата меѓу мажите и жените. Вие кога ќе видите некоја женска за ја змислувате во кревет и битно ви е да е згодна, така на жените им е битно мажот да им пружа некој вид на сигурност. Ако јас имам пристојна, каква-таква работа, нормално дека нема да си го губам времето со некој кој 24/7 седи дома и кука како не може да најде работа а никаде не бара, па уште згора на тоа, ако не од мама и тато, тогаш од мене да бара пари за пиво со другарите.
Реално не ти треба вујко владика за да најдеш работа, барем не во скопје. Работа има колку сакаш само што има луѓе кои не сакаат да работаат било што и пребираат работа.
Уф забега темава во други насоки.
П.С Никогаш не очекувам дека машкото мора да ме почасти или пак да ми ја плати пијачката, такви стереотипски размислувања си ставате вие машките сами во глава, нормално пак ќе речам има секакви луѓе па на сескави женски се налетува, од такви кои не очекуваат да ги частите при секое излегување до такви кои очекуваат и облека да им купувате.
Една од тие 90% сум јас, нормално е при упознавање да дознаеш нешто за дечкото, истото и мене ме прашале и што значи тоа? Што има врска некоја ако те праша...Туку вие машките сте искомплексирани со тоа дека жените ги интересира џебот, епа не не интересира џебот туку не интересира дали машкото има амбиции, се труди и работи, исто како што тебе не би ти идело у прилог да идеш или да праиш муабет со некоја аљкава што само се шлепа од туѓ џеб. Сеа нормално ако циљаш кон маникираните со надградби на коса да наидеш на такво размислување, ама ете како што сите машки не се исти не се ни сите девојки исти.Не се машките срамежливи, туку се промени начинот на живот и начинот на кој жените ги гледаат мажите (машките). Еве да тргнеме од еден прост муабет во кафич или клуб. Излезени и двајцата за да се пролуфтираат...да испијат пијачка...а 90% од девојките во првите три прашања го сврстуваат прашањето (кај работиш). Верувајте..30 и кусур години го слушам тоа прашање и ни еднаш не се излезе од тоа клише. Сите машки без разлика колку ви глумат за да дојдат до секс, кога ќе го слушнат тоа прашање веднаш ја имаат мислата у глава „ ок значи одма ја интересира колку иам у новчаник“. Така функционира Скопје, Македонија па и светот.
Мажите не се срамежливи..само им е смачено од пренемагање.
Како сакаш свати го, но кога ќе запознаеш како јас што имам запознаено, луѓе кои и на 30 и нешто години бараат пари од дома од проста причина бидејќи се мрзи големи и никогаш во животот не подигнале ништо потешко од ливче хартија, нормално дека ќе си прашаш дали имаш работа со некој одговорен и совесен или со некоја мрцина.
Јас лично не можам да поднесам мамини или татини мазичиња.
Реално не ти треба вујко владика за да најдеш работа, барем не во скопје. Работа има колку сакаш само што има луѓе кои не сакаат да работаат било што и пребираат работа.
Абе јас не знам каква допирна точка имаат љубовта и работата.Ако навистина има љубов ке те сака девојката без оглед на тоа дали имаш работа или немаш. А за оние девојки од типот ,чекај да видам прво што работи или дали работи а ако не тогаш ништо од бизнисот,тогаш во таа ситуација нема ниту љ од љубов.
Што се однесува до темава, дечки, ќе ви приоѓаме, кога тоа нема повеќе погрешно да го толкуватеВажи?
Мене лично ми е интересно кога јас прва ќе ја почнам "играта", предизвик ми е. Неизвесноста ми е привлечна и ако ме привлече некој навистина, ич не ми е проблем да одам кај некој да му напрам јас муабет.
Само вие машките поинаку го толкувате тоа ако некоја девојка покаже незаинтересираност за вас. Одма ги напаѓате таквите, одма имате мислење дека е шмизла или крената во носот. Зошто не сте помислиле дека излегла за да ги тргне мислите од учење, можеби тазе раскинала со дечкото, можеби си има некои проблеми. На сите им се случува да минуваат низ некој шит период и сака да го разбистри мозокот.
Не е ни тоа оправдување, нели? Но доколку јас сум во такво нерасположение, нема да сум расположена ни за излегување, никој не е должен да ме гледа таква.
Како и да е.. Секој заслужува барем два реда муабет доколку ти пристапи, собрал храброст да ти се приближи, а ти се понашаш идиотски, вртиш грб или си намуртен.
Најсериозно не ми е јасно кое машко погрешно би ве сватило ако го направите првиот чекор?Што се однесува до темава, дечки, ќе ви приоѓаме, кога тоа нема повеќе погрешно да го толкуватеВажи?
Сум видела како машките помеѓу себе прават муабет кога девојка ќе пријде на некој од нив...додајте ги на тоа и женските коментари, и ете лоша репутација колку сакаш.
Имам правено муабети со машки пријатели и познаници, и сите до еден ми потврдиле дека таквата девојка од старт не ја рачунаат за озбилно. За забава им е супер, но за нешто посериозно не. Веднаш во глава, дури и потсвесно им тлее мислата: "Еј, па види ја оваа колку е слободна, којзнае на кого се вака се има пуштано." Не велам дека секој маж ќе помисли така, но зборувам за повеќето, чест на исклучоците.
Додека не се ослободиме од турскиот менталитет од кој си патиме, ништо.