Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Има и таквија шо са тешат на прав начин! Те го чувеко, или како рекле старите Римјани, "Ecce homo!"
Тоа не е судбина, така ни е формрано општеството, кој ке стекне материјално богатство, нормално и неговите потомци ке израснат во благодетите на тоа богатство, кој нема да стекне и покрај тоа што има талент, нема да може да го искаже својот талент бидејки талентот се искажува со помош на материјални предмети т.е алатки. На пример сликарот ако нема бои четки платно и тн. не може да го истакне својот талент или пак да го усоврши, затоа што талентот е 10% од целото завршено дело, 90% е трудот. Некои се снашле низ животот но многу кои имале талент, нивниот тален останал на едно ниско ниво и не се усовршил. Ама тоа не може да биде некаква судбина која ние сметаме дека претходно ни го напишала нашиот живот некаде, па сега као све се одвива според пишаното. Ние си ги донесуваме нашиот одлуки во животот, не некој друг или нешто друго. Ние си го креираме патот по кој ке идеме. Некој ке го почне патувањето по пат кој му е послан со рози, некој по пат послан со трња, но секој поединец си оди по својот уникатен и единствен пат. Нема дупликат од тие животни патишта, секој си е посебна приказна за себе, некој ке биде среќен некој не, некој ке има пари некој не, некој ке има здравје некој не, и така до бесконечност, ама никогаш не може да се најде некое мерило според кое ке се донесат некакви стандарди за добар живот или лош. Пример според парите не може да се оцени кој има добар а кој лош живот. Може и оној кој има помалку пари да биде посреќен од оној кој има многу. Може оној кој има повеќе пари да биде поздрав од оној кој има помалку, и обратно. Се е релативно кога станува збор за животот, а судбина според мене не постои, постои само сегашноста, ние кои живееме во неа, и нашите одлуки за кои сме заслужни само ние самите, никој друг. Не постои бог, препуштени сме сами на себе, и ако не се освестиме ниеден бог нема да не спасува кога ке си ги фрлиме атомските бомби и ке го уништиме животот на планетава, како што полека но континуирано и сигурно го уништуваме до денес, а многу веројатно и дека во блиска иднина нема да престанеме. Така да според мене, би сакал планетата Земја да се излечи од вирусот наречен човек.Се согласувам дека не постои предодредена причина или цел поради која сме се родиле, но дали не постои судбина?
Ако не тогаш како го би го објасниле тоа што еден човек се раѓа во богата фамилија, живее во најдобри услови има се што ќе посака, а друг се раѓа во најголема беда и мизерија (пр. гладните во африка) кој цел живот мизерува за јадење, а не ли па да ужива во благодетите на животот. Значи сепак кога се раѓаме не сме сите исти туку сите сме тотално различни и животниот пат далумно ни зависи од околината во која се живееме. Пример некој се раќа со талент, дарба за цртање, музика или било што, но што ако околината и условите во кои живее тој човек се такви да тој никогаш не видел четка за цртање или гитара или било што.
Рака ти пуштам на одговорот... Тоа е реалноста...се друго е фантазија!!!А што е битно зошто постоиш?
Луге спуштете се на земјата, не сме тука за некаква возвишена цел. Тука сме затоа што не створиле нашите да живееме. А како живееме и дали правилно е вака да живееме тоа е веќе друго прашање. Кога би издвоил цел за живеење би рекол дека нашата цел е да живееме што посреќен поудобен побогат живот, материјално и духовно. Значи да ни биде исполнет животот и со многу убави материјални работи, но и со убави чувства, како што се среќата, љубовта и се што ни го прави нашиот живот поквалитетен. Нашата цел е секој момент од сегашноста да го поминеме во што поголемо материјалното и духовното задоволство (овде не спаѓаат религиите, бидејки тие ни го осиромашуваат нашиот дух, не затвараат во една кутија, и ни ја скратуваат креативноста т.е дел од среќата).
Извини...што имаш против слушањето на турбофолк?Покрај другото да чуеме некоја ваква совршена работа
.........а само 205 views има...да се чуди човек
Има некои постојат за да слушаат турбо фолк...........
Се на се постоењето е чудна ствар...
Цел во некоја твоја работа.. иначе потполно си во право.. нереков дека има крај на таа цел,се ова што не опкружва се е случајно,па затоа не ни очекувам да има некоја Крајна целDa se opulish hahahaha mislam razbudish i osoznaesh deka nema krajna cel. Iako na "lukaviot" toa voopshto ne mu se dopagja, pa postojano ja bara, takva si e negovata priroda.Se dodeka "ima cel" - kje "ima i kraj" i taka si spremen samo za v muzej.
Bescelno, chisto dozhivuvanje...otkako kje se "opulish"![]()