Живееме за да оптимално ги искористиме своите потенцијали во согласност со нашите желби и интереси, не нарушувајќи ги туѓите.
Нема некоја виша цел, како запоседнување на вселената, не се работи за некојси експеримент на виша сила за да се види до каде ќе дотера човештвото и сл што сте пишале.
Не се работи ни чисто за продолжување на родот, човекот е разумен и тоа не е туку-така, тој тоа треба да го искористи за работа, креација, откритија, ниту пак живееме под контрола од некој Бог, всушност се` е во нашиот мозок, гледиштето на работите, значи не викам дека религијата не е корисна за некои луѓе, напротив ако тие така го пронаоѓаат својот полет и мир, нека веруваат...
Живееме, тоа значи дека треба да се изминат тие години од животот на начин на кој сметаме дека е правилно и за нас убаво, нормално притоа треба да се почитуваат општопрафатените етички норми, на пр, не би можел да убиваш луѓе и сл. Реков искористување свои потенцијали: значи секој не е генијалец, секој не е уметник, и баш таа варијабилност на луѓето е убавото, значи според своите особини човекот го наоѓа своето место во светот, открива што сака, што го исполнува и го прави тоа. И тука не мислам на чист егоизам, макијавелизам или хедонизам, човекот треба да знае за граници, значи се бори за оние работи што ги сака, создава, доживува, прави се` но не на сметка на туѓа несреќа, и пак се враќам на разумноста како нешто со кое се одделува од животните. Значи додека тие се убиваат за територија или женка, а живеат за продолжување на родот, за човекот важат други правила.
И значи треба да го искористи разумот за да: најпрво се себеспознае, да ги открие своите потенцијали и желби, условите и потребите на средината, а потоа за истите да се бори целиот живот нормално без нарушување на правилата и да проба да биде корисен за општеството. Мислам дека војните, значи жртвите за освојување на територија, или убиствата за пари, моќ се бесмислени.
Ниеден живот не е бескорисен. Едноставно некои луѓе(кои се ретки) имале доволно потенцијал и упорност па и храброст да направат големи откритија и да бидат толку корисни за општеството. Дури и ако самиот поединец не може да ја пронајде целта на своето постоење (ако е толку убеден во тоа дека мора да има една голема цел), сепак неговото постоење има некаква смисла за другите, сепак, живееме заедно, секој влијае на секого.
Значи животот нема една цел, тоа е борба, и додека е борба носи исполнување, човекот не е роден за уживање во фиксни задоволства, човекот е создаден за акција, борба, искачување. И тоа го исполнува, целата поента е во правењето на она што те исполнува.
Искачување ... Да, на врвот е смртта, но бар треба да дојде до врвот задоволен, за кога ќе погледне надолу да го погледне својот пат со воодушевување што успеал да ги надмине пречките а сепак да продолжи на патот како ЧОВЕК. Затоа е човек, за да не ги сведува работите на се` или ништо (затоа самоубиствата се бесмислени), за да знае да надмине криза, за да знае да се избори за остварување на целите. Нема една цел во животот, ама далеку од тоа дека тој е бесмислен, не, животот е убав кога знаеш да го направиш да биде таков.