Во раните утрински часови кај граничниот премин Табановце е приведен лапонскиот државјанин Никола Д.М. Лицето го привлекло вниманието поради недостаток на зимска опрема. Во багажникот на неговото средство за патување (SledgeTurboSpeed777) била пронајдена разновидна роба со сомнително и кинеско потекло, па се претпоставува дека лицето сакало да извлече противправна финансиска корист. Дури во подоцнежната истрага било откриено дуполото дно во багажникот, преполно со сомнителна трева, која царината благовремено ја запленила. И покрај образложението на осомничениот дека тревата ја пушат неговите ирваси за да се стоплат во студените зимски ноќи, нему му е одреден едномесечен притвор во Шутка. Лапонија, која ја има признаено Македонија под нејзиното уставно и вековно име испрати протестна нота до Министерството за новогодишни работи. МВР и Владата се уште молчат.