Зошто не доаѓа Дедо Мраз?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ma Jas Be
  • Време на започнување Време на започнување
Во раните утрински часови кај граничниот премин Табановце е приведен лапонскиот државјанин Никола Д.М. Лицето го привлекло вниманието поради недостаток на зимска опрема. Во багажникот на неговото средство за патување (SledgeTurboSpeed777) била пронајдена разновидна роба со сомнително и кинеско потекло, па се претпоставува дека лицето сакало да извлече противправна финансиска корист. Дури во подоцнежната истрага било откриено дуполото дно во багажникот, преполно со сомнителна трева, која царината благовремено ја запленила. И покрај образложението на осомничениот дека тревата ја пушат неговите ирваси за да се стоплат во студените зимски ноќи, нему му е одреден едномесечен притвор во Шутка. Лапонија, која ја има признаено Македонија под нејзиното уставно и вековно име испрати протестна нота до Министерството за новогодишни работи. МВР и Владата се уште молчат.
А бе и Дедо Мраз ли со кинеска роба си има работа? Пу јазк, јас мислев барем он носе квалитетни играчки на умните деца. Преварант невиден да ти бил и он.
 
Сител анализа :
Лицето Д.М кое беше фатено на граничниот премин Табановце долго време бил во контакти со СДСМ.
Според документите кои ги објави порталот Курир,пари од продажба на супстанци како и тревата пронајдена во превозното средство на лицето Д.М, а која најверојатно била наменета за македонскиот и грчкиот пазар и претходно биле користени за финансирање на акивностите на СДСМ.
Побаравме одговор од раководството на партијата, но не добивме објаснување.
И претходно се појавуваа информации за криминалното финансирање на СДСМ, но надлежните останаа неми.
Дали надлежните овој пат ќе превземат нешто ?
 
Најнови вести. Еден од ирвасите поради влошена здравствена состојба е префрлен од притвор на болничко лекување. Според информации блиски до Шутка врз ирвасот бил извршен обид за полов напад од страна на лицето Џ. А. кое е моментално пуштено во бегство, а по кое органите за безбедност трагаат. Другите ирваси се во добра здравствена состојба и се очекува да бидат помилувани од Претседателот, откако тој го аболицираше Д.М.. Тој моментално се наоѓа на градскиот плоштад каде што за симболичен паричен надомест се фотографира со случајните поминувачи (Д.М. не Претседателот).
 
@Ma Jas Be

BoziiccOtkazannn545.jpg
 
Зашто од кога ја поминал севернава граница (нели доага од Лапонија) и дошол у Чаир го истепале забрадени диви хуманоиди ......
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom