Зошто на луѓето им е толку тешко да ја дофатат среќата?

  • Креатор на темата Креатор на темата Dreamer_32
  • Време на започнување Време на започнување
Со парите мислат дека ќе купат се,со славата и со моќта мислат дека ќе ја добијат љубовта,но за жал се лажат...Наместо да се ослободат и да ја почуствуваат среќата,се врзуваат за работи како предходните,кои не им дозволуваат на луѓето да дојдат до својата среќа..
Живееме во такво општество,каде што мислиме дака без богатство моќ и слава не можеме да успееме,и кога не би имале барем дел од тие услови,за нас би бил пеколен овој живот.
Па бога ми ,без пари на денешницата и пеколен е животот.:nesvest:
Такво време дојде.И не е само ова кај нас ,секаде-секој се бори прво за богатство,па после и за слава.
Кој има повеќе среќа и успева,а кој не...:tapp:
А љубовта навистина не се купува со пари,но ете пак ќе видиме некоја убавица се омажила за некој "костимисан" господин,дупло постар од неа.Да,може не е купена нејзината љубов,но се друго да.
 
Zosto da ni e tesko da ja dofatime,,,ako ima zacrtano sto i koj ne pravi srekni...togas ne e tesko da se dofati srekata :pipi:
 
Зошто на луѓето им е толку тешко да ја дофатат среќата?
За дофаќање ќе се дофатит ама дали ќе се задрижит среќата ??
 
Затоа што никогаш не ни е доволно. Си викаш:"Само да го направам тоа/да се случи тоа (да ја купам таа кола, да го фатам тој дечко, да ја најдам таа работа), и ќе сум среќен/на, задоволен/на со својот живот", но потоа сфаќаш дека тоа е само една рунда у животот, и после пак си на старт, повторно незадоволен/на од нешто и пак си сјебан, пак мораш да се бориш против своето незадоволство.

Човек не ни може да биде у состојба кога чувствува дека нема веќе што да поправа/подобрува у својот живот. Убаво кажа некој над мене, среќата е нешто што се има само на моменти, најчесто на пијанство, било какво.
 
Среќата не се дофаќа! Сама ќе си дојде - или ја имаш или ја немаш!
 
Зависи од тоа што човекот подразбира под поимот среќа. Доколку тоа е нешто реално и дофатливо(како на пример, имање на успешна и стабилна љубовна врска, добра работа, добри оцени на факултет/училиште, добар однос со своите најблиски итн.), тогаш верувам дека секој човек може да биде среќен. Но, доколку под поимот среќа се подразбира некоја научна-фантастика, тогаш не:wink:
 
затоа шо среќата со пари не се купуа ама тешко на оној шо ги немат чунки брат за брат сирејне за пари и од љубов не се живеее еј ова последново ептен е бинто!!!
 
Luck is like river. If you go with the float, you will be lucky. That river is already going into the ocean, but try to push it - and you WILL be miserable.
 
тешко им е на лугето да ја дофатат среката ради тоа ,што премалце ја чувтсуваат во ова денешно време .
 
Затоа што со завист гледаат на туѓата, додека за тоа време, нивната поминува покрај нив. Така доаѓа ситуација: полни очи, празни раце и болно срце...
 
Затоа што среќата не е нешто надвор од нас, не е нешто материјално што треба да се дофати...

Среќата е состојба која е внатре во нас, која треба са се согледа...

Значи вистинското прашање би било - зошто на луѓето им е тешко да ја согледаат среќата?

Како што кажал еден мајстор:

Дали можете да ја видите убавината дури и ако не е убава секој ден.
Дали си го допрел средиштето на сопствената тага, дали те отвориле предавствата на животот или си се стуткал и си се затворил од страв од идната болка!
Дали можеш да ги разочараш другите за да бидеш искрен кон самиот себе;можеш ли да поднесеш обвинение за предавство и да не ја предадеш сопствената душа.
 
Бев упорен во она што сакав да го добијам и многу среќен додека се обидував да успеам во тоа. Откако го добив она што мислев дека го сакам, сватив само колку сум мизерен.

Дали навистина ни требаат работите за кои што се бориме да ги направиме, добиеме. Зошто ги сакаме токму тие работи, а не некои други. Ги сакаме работите затоа што тој до нас ги посакува и мнозинството познаници, или?

Имав една интересна случка некаде крај 7-8 одделение. Еден другар коментира за наша школска другарка дека била многу убава. Таа живее во мојата улица и се знаеме цел живот, но за неа никогаш до тој ден немав помислено ништо во смисла дека ми се допаѓа. Откако ги слушнав тие зборови, останав некако скаменат и "обрнав" повеќе внимание на сите детали на девојчето. Седев така едно 5 минути и не проговорив ни збор. Се заљубив за секунда! Од сето тоа излезе некоја си детска, романтична врска од 5-6 месеци, само затоа што мојот другар ги изусти тие зборови?!?!?!

До ден денес ја памтам оваа случка и мислам на тоа колку стварно ги посакуваме работите за кои се бориме.
 
Можеби е тоа така затоа што ние луѓето сме, на некој начин, ловци. Не возбудува потрагата, борбата, потерата ако е така позгодно да се каже. Мислам дека токму таа возбуда не прави среќни, а потоа се` станува досадно. И секогаш го бараме тоа е што е вредно, независно од тоа дали го вреднуваме ние или оние околу нас.
 
Затоа што среќата е во патувањето ( кон неа ), а не на крајот од патот....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom