Зошто на aнглиски?

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување
Сум против тоа пеење на англиски. Јазикот е најмалку важен ако песната е квалитетна, певлива и влегува во уво. Многу песни не ги разбираме па ни се убави. Ако некој навистина сака да ја разбере суштината постојат начини, ќе си ја преведе...
Евровизија е поим за претставување на својот јазик, својата земја и својата култура, последниве години тоа исчезна целосно па фестивалот ја загуби својата првична идеја.
 
Зошто на Англиски ? - Па, мислат дека ако пеат на агнлиски ќе земат подобри резултати, но сепак Евровизија ( барем до пред некое време ) беше Културен настан каде што можеа сите Учесници да ја претсават културата, јазикот на својата Земја, а, сега сето тоа се претвори во Англовизија, односно Политиковизија, зошто ? - Епа, како што во се' е замешана политиката, така и во Евровизијата е замешана, пример:

1.Зошто Финска победи на Евровизија 2006 иако пееја на Англиски ? - Поради тоа што, кога Лорди сакале да одат во Грција на турнеја, премиерот ( или некој од политичарите, не ме земајте за збор ) го забранил тоа, па гласачите оделе КОНТРА Грците, па повеќето од гласачите кои разбрале за случката, гласале за Лорди, па така победија!


2. Зошто Украина победи ? - Пак ти е тоа политика, неколкуте држави од поранешниот советски сојуз, т.е. Украински соседи ги дадоа најголемите бодови за Украина, па и некои други не-советски држави ги дадоа најголемите бодови, па што треба повеќе ?

И, од сево ова излегува, или Англовизија, или Политиковизија, па сеа ако грешам нека ме исправи некој. :)
 
АЛО
Евровизијата отсекогаш била таканаречено "англовизија",не е воопшто точно дека од почеток сите пееле на свој јазик,никој не го знаел англискиот,бла бла бла.Досега на Евровизија сите песни победнички биле на Англиски освен во три случаи,пишуваше кои биле тие три случаи ама не се сеќавам да кажам точно,ама ватевр :jaj:
 
Не е точно тоа дека само три пати, има победена песна што не е изведена на англиски. Од самиот почеток победниците биле од француското говорно подрачје. Прва победничка е во 1956 е Швајцарија која секако не пеела на англиски. 1990 победи порананешната држава Југославија која изведе песна на српски, Франција има однесено победа 5 пати,зар мислите дека пееле на англиски???? Израел има 3 победи од кој само една 1998 е мислам комбинирана на англиски и хебрејски. Германија има победено,Белгија 1986 год? А и Луксембург на самите почетоци на евровизијата како настан. Италија 1963 со Чињола Чинквети и 1991 Тото Котуњо, кој секако не пееле на Англиски. Дански 1964???? Може да проверите.
Мој фаворит годинава е Мара... Молитва као жар на мојим уснама е, молитва...
Инаку јас сум за секој да си пее на свој јазик.
By the way, неофицијално стои дека балканот ке лобира за Мара(Србија),скандинавците ке бидат за Шведска а западна Европа ке ја бутка Швајцарија.Барем така штои со лобирањата и оние кругови
 
Токму тоа сакав да го прочитам...ако не го бива изведувачот се исто на кој јазик пее
 
Годинава беше на Македонски песната...џабе...ништо не направи Ѓоко.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom