- Член од
- 14 јули 2005
- Мислења
- 2.128
- Поени од реакции
- 41
- Возраст
- 52
Dolphin напиша:Може да ми елаборираш?
Жена ми. Кога почнавме да излегуваме, немав ама баш ништо - бев економски максимално зависен од моите, кои имаа доволно да ми обезбедат школување и толку. Ни станови, ни коли, ни ти пак некое наследство. Кога се зедовме, имав систем, компјутер и маса за него, и работа со месечна плата од 9000 денари. И толку.
Инаку жена ми потекнува од семејство поситуирано од моето, и нејзините успеаја (со малку мака, ама успеаја) да ни обезбедат еден стан од 30 квадрати.
Нити таа, нити нејзиното семејство некојпат го поставиле прашањето колку имам, со што ќе ја издржувам и такви работи - секојпат знаеле дека спаѓам во луќето кои го имаат само она што ќе го заработат.
Сега ситуацијата е доста подобра - јас имам одлична работа, таа си отвори сопствена аптека (која уште не е профитабилна, ама белки има Господ), уплативме нов стан на сметка на претходниот и полека-полека се средуваме.
Така да, ќе го корегирам твојот совет до кајганџиите и кајганџиките : не гледајте само конто на штедна книшка, гледајте дали можете да му верувате на оној со кој влегувате во некаква врска.