Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Мораме ние како граѓани да се бориме со зонашиве
Еве го Законот за референдум. Би замолил некој правник да го погледа и да не посоветува што да бараме и како да го организираме - Мислам дека е најдобро референдум
http://www.crld.org.mk/dokumenti/za...dno_odlucuv_na_graganite__81_05_340410196.pdf
Некои прашања не заслужуваат одговор.
 
Во Утрински весник е објавено дека центарци бесплатно ќе паркирале
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=73C8CDCD11488B428C22EE901D347904
И сами знаете дека тоа се лаги - даваат бесплатно на зонските паркиралишта - а такви немаат
Ова го потврдува правилото - симни се мурта да се качи курта





Kaj Стара железничка станица, паркингот карши Авто Македонија сега е затворен не работи, ограден е со ограда и се подготвуваат да градат, но ќе видиш се уште има коли кои паркираат.
Бесплатно можеш да паркираш на улица Железничка, една лента ( левата лента ) е предвидена за паркирање па ако најдеш место паркирај
Еве ти и трет избор: Кај бившата Воена пекара ( карши супермаркетот на Тедико на Јужен булевар) има земјани површини каде што можеш бесплатно да паркираш.


Фала на одговорот,денеска завршив работа со паркирање кај зоолошка градина,онај малиот паркинг од лево што е,тука не се наплаќа за паркирање,мирна главата цела ден.
 
Во уличките низ центар на кои има знак за забрането паркирање кој важи за сите останати освен станарите со налепница од таа улица. Во тие улички не смее да се паркираат други во времетраење во кое се наплаќа паркингот или тоа важи за 24 часа ?
 
Во уличките низ центар на кои има знак за забрането паркирање кој важи за сите останати освен станарите со налепница од таа улица. Во тие улички не смее да се паркираат други во времетраење во кое се наплаќа паркингот или тоа важи за 24 часа ?

Тоа се табли кои Тодоровиќ ги изнастава непосредно пред изборите. И таму никој за сега никој не наплатува, Но постои можност некој од станарите да те пријави и да ти ја дигнат колата со пајак.
 
Na Prtizanska kaj Mecos nema tabla za zonsko parkiranje...dali nekoj ima iskustvo,se razbira loso so pajak sluzba?
 
После завршување на избори читав интервју и фраерот вика - Мислам дека тоа се што направивме со паркинзите во центар беше лош потег и придонесе за мојот пораз... АБЕ АЈ! Ги направија сите улици едносмерни само за да можат пола улица да ја обележат и наплаќаат како паркинг у кој нит ти гарантира безбедност на кола нит ништо. Им дадоа можност на лошите мрчатори од секоја зграда да викаат пајак кога сакаат за да им се полни душата. Лош потег... поише самоубиство би рекол.
 
Советниците, наместо да го укинат зонско, и понатаму трошат милиони за да и понатаму ЈП „ стопанусува и поштено заработува. Пред неколку месеци купија уште два пајаци, а сега ќе купуваат „ паркинг-мати “.
За ова извести Локално со следниве зборови: Нови терминали наречени „паркомати“ ќе никнат во Скопје. Преку нив ќе можете да плаќате паркинг во случај да немате картичка или пари за смс порака. http://lokalno.mk/index.php?option=...9-57-23&catid=106:politika&Itemid=131&lang=mk
Работава е да не плаќаме - а не да плаќаме
 
Сакам да Ви расжам што ми се случи прет еден саат
Бев да купам леб и на враќање поминувам пред влезот на школото Димитар Миладинов ( бившо Браќа Рибар ) а таму 6-7 пајаци дигаат коли на велико. Зонашите облечени во нови униформи, сини мајци и бермуда пантолони, а имаше во стари униформи - црни кошули ( црнокошуљаши )
Имаше еден полицаец и јас му велам:
Господине, немате право да дигаате овде коли. Овие коли не представуваат опасност за сообраќајот
Тој ми вели, што се мешаш - јас со тебе немам никаква работа.
- Ти немаш работа, ама јас имам право да протестирам - велам јас
Тој вели - Не сакам со тебе да разговарам - иди на друго место протестирај
А јас упорен - Зошто да протестирам на друго место? Ти го кршиш законот и јас кај тебе протестирам.
Дојде еден човек со жена и тој му се пушти. Зошто да ја дигаш колата - пиши ми белешка за казна и готово.
Пак јас се вмешав: Ова го праите криминалциве и арамиите од зонско да земаат пари.
Сега се вмеша еден зонаш - Зошто викаш дека сме криминалци и арами - сега ќе те скршам од тепање
А јас на тоа - Ете сам си кажа што си - криминалец и арамија - ништо незнаеш друго освен тепања - ајде тепај да видат сите што јунак си
Полицаецот не сакаше повеќе со мене да разговара
Ете така беше....
 
Screenshot_8.png


баш добро направена репортажа


со доста кадри опфатени како паркираат битолчани,односно која некултура и хаос владее во сообраќајот во центарот на градот(паркирани на тротоари,на пешачки,контра од смерот на движење,оставени на ќош па узурпираат и коловоз и тротоар истовремено итн итн),а на крајот како изгледа закочениот сообраќај кај Саатот и нагоре по Булевар Први Мај,мостот кај МВР,каде да видиш колкав простор е чудо како успеваат да се закочат и да не можат да мрднат по половина час :facepalm:
Добри беа и катниве гаражи во видеото (y)

Лесно е да санкционираш некој навидум прекршок, за нешто изградено од платени даноци и други давачки и едноставно предадено на некој си таму газда.До вчера паркинг граделе од твоите даноци, денеска пари ќе ти земат за него.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom