Зонско-револтирани граѓани (ваши искуства со Зонското паркирање)

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Вечерва во 22 часот и 57 минути, кај Соборниот Храм видов четири градски пајак возила одеа во правец на Карпош
Тие „ стопанисуваат“ ноќе, пред први да соберат за своите платички. Ова е срамна вистина. Ама тие се арамии, тие срам немаат
Мислам дека ова повеќе не смееме ова да го трпиме.
Со партииве се покажа „ симни се мурта да се качи курта “
Уставен суд се направи (не)уставен суд.
Мораме ние како граѓани да се бориме со зонашиве
Еве го Законот за референдум. Би замолил некој правник да го погледа и да не посоветува што да бараме и како да го организираме - Мислам дека е најдобро референдум
http://www.crld.org.mk/dokumenti/zakoni/Zakon_za_referendum_i_dr_oblici_na_neposredno_odlucuv_na_graganite__81_05_340410196.pdf
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
сигурно мислиш на ДИВИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ кои ги узурпираат ќошињата на влезот во новиот пазар,зошто овие со базна радиостаница си чуваат ред покрај веро-то

вистинските такси превозници имаат кодекс на однесување, односно правилник за работа (кој го имаат и почитуваат 2-3 такси компании во градот) и не секоја багра можеш да го наречиш таксист

хаосот во центарот на градот не го прават оние кои прават пари на тркала, закочениот сообраќај не делува позитивно на прометот на такси возачот па да прави хаос во центарот на градот
Значи има толку многу други работи што треба да се средат во градот (диви превозници, катни гаражи), а тие воведуваат зонско као демек сега центарот ќе цути, исто ко во лондон, со 50км/час ќе можиш да возиш дека ич коли нема да има. И не ми кажвај дека таксистите си чувале ред, навечер од епинал до стара болница од двете страни се паркираат таксисти (диви питоми не знам, ама сите имаат радиостаница), пред расчекор една лента со таксисти е фатена и треба да чекаш да поминат колите што идат од кај триангл, ко во едносмерна улица да си влезен. Не ги окривувам таксистите, и тие сакаат да заработат, ама треба прво тие работи да се средат, да се обележат места за такси возила, да се ограничи бројот на такси возила, не можи битола со 100000 жители да има 5000 такси возила, ваљда си има некој просек. Ова со зонското иде како да реновираш куќа и прво што правиш е купуваш нов мебел, а кровот ќе падне.
--- надополнето: 29 јуни 2013 во 08:23 ---
Битолчани го поздравуваат зонското паркирање


Јави телевизија Тера
http://www.tera.mk/2013062766674/aktuel/bitolchani-go-pozdravuvaat-zonskoto-parkiranje
Се прашувам кој е сопственик на оваа телевизија?
[
Не е битно кој е, мора да се со власта, инаку ќе го наебат. Едно време Тера беше про-опозициски настроена, ама изгледа виде „колку е сато“
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.367
Поени од реакции
7.137
Битолчани го поздравуваат зонското паркирање


Јави телевизија Тера
http://www.tera.mk/2013062766674/aktuel/bitolchani-go-pozdravuvaat-zonskoto-parkiranje
Се прашувам кој е сопственик на оваа телевизија?
[
баш добро направена репортажа


со доста кадри опфатени како паркираат битолчани,односно која некултура и хаос владее во сообраќајот во центарот на градот(паркирани на тротоари,на пешачки,контра од смерот на движење,оставени на ќош па узурпираат и коловоз и тротоар истовремено итн итн),а на крајот како изгледа закочениот сообраќај кај Саатот и нагоре по Булевар Први Мај,мостот кај МВР,каде да видиш колкав простор е чудо како успеваат да се закочат и да не можат да мрднат по половина час :facepalm:
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.367
Поени од реакции
7.137
Значи има толку многу други работи што треба да се средат во градот (диви превозници, катни гаражи), а тие воведуваат зонско као демек сега центарот ќе цути, исто ко во лондон, со 50км/час ќе можиш да возиш дека ич коли нема да има. И не ми кажвај дека таксистите си чувале ред, навечер од епинал до стара болница од двете страни се паркираат таксисти (диви питоми не знам, ама сите имаат радиостаница), пред расчекор една лента со таксисти е фатена и треба да чекаш да поминат колите што идат од кај триангл, ко во едносмерна улица да си влезен. Не ги окривувам таксистите, и тие сакаат да заработат, ама треба прво тие работи да се средат, да се обележат места за такси возила, да се ограничи бројот на такси возила, не можи битола со 100000 жители да има 5000 такси возила, ваљда си има некој просек. Ова со зонското иде како да реновираш куќа и прво што правиш е купуваш нов мебел, а кровот ќе падне.
ја промаши темата пријателе, барај тема за таксисти и нивната култура и некултура,инаку се согласувам дека повеќето од таа бранша делуваат негативно и грдо на одвивањето на сообраќајот,само 2 - 3 такси компании имаат регулирано режим на работа кој мора да се почитува - СЕ останатото жива багра,посебно оние кои не возат со радиостаница (разграничете еднаш такси превоз и оној кој ставил на возилото такси табла и е див превозник!!!)
 

SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
баш добро направена репортажа


со доста кадри опфатени како паркираат битолчани,односно која некултура и хаос владее во сообраќајот во центарот на градот(паркирани на тротоари,на пешачки,контра од смерот на движење,оставени на ќош па узурпираат и коловоз и тротоар истовремено итн итн),а на крајот како изгледа закочениот сообраќај кај Саатот и нагоре по Булевар Први Мај,мостот кај МВР,каде да видиш колкав простор е чудо како успеваат да се закочат и да не можат да мрднат по половина час :facepalm:
Друже а ти мислиш дека ако се воведе зонско сето ова ќе се среди преку ноќ? Онај урупо со пасатот пред борово што е паркиран на пешачки и под знакот за забрането паркирање и застанување мислиш ќе го подигни нивото на сообраќајна култура ако се воведе зонско? Не бе друже, единствената разлика ќе биди дека сега се ќе се плаќа. Тој што прави сообраќаен прекршок треба да се казни и со зонско и без зонско, бурда пајакот ќе го крени фино лепо и ќе си плати.

ја промаши темата пријателе, барај тема за таксисти и нивната култура и некултура,инаку се согласувам дека повеќето од таа бранша делуваат негативно и грдо на одвивањето на сообраќајот,само 2 - 3 такси компании имаат регулирано режим на работа кој мора да се почитува - СЕ останатото жива багра,посебно оние кои не возат со радиостаница (разграничете еднаш такси превоз и оној кој ставил на возилото такси табла и е див превозник!!!)
Сега јас ти кажувам дека таксисти од теа, цагер, магер со лиценца и радиостаница се наредени од епинал до штабо на сдсм и го кочат сообраќајот, ти пак упорно тврдиш дека САМО дивите таксисти прават хаос.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.367
Поени од реакции
7.137
Друже а ти мислиш дека ако се воведе зонско сето ова ќе се среди преку ноќ? Онај урупо со пасатот пред борово што е паркиран на пешачки и под знакот за забрането паркирање и застанување мислиш ќе го подигни нивото на сообраќајна култура ако се воведе зонско? Не бе друже, единствената разлика ќе биди дека сега се ќе се плаќа. Тој што прави сообраќаен прекршок треба да се казни и со зонско и без зонско, бурда пајакот ќе го крени фино лепо и ќе си плати.



Сега јас ти кажувам дека таксисти од теа, цагер, магер со лиценца и радиостаница се наредени од епинал до штабо на сдсм и го кочат сообраќајот, ти пак упорно тврдиш дека САМО дивите таксисти прават хаос.
убаво кажуваат некои - ОЧЕКУВАМЕ дека ќе се среди нешто,значи треба да почекаме и да видиме дали има или нема ефект,вака пред воведување на новината само може да се погодува......јас мислам ќе има позитивен ефект врз намалување на гужвите и хаосот на сообраќајот во центарот на градот + во програмата на градоначалникот стоеше дека ќе се воведе зонското паркирање во наредниот мандат,што значи повеќето се да се бара решение,а не да се остави да продолжи ваквата грда слика и нефумкционалност на сообраќајот во центарот на градот

Сега јас ти кажувам дека таксисти од теа, цагер, магер со лиценца и радиостаница се наредени од епинал до штабо на сдсм и го кочат сообраќајот, ти пак упорно тврдиш дека САМО дивите таксисти прават хаос.
има колони од таксисти, ако сакаш да одиме некоја вечер да те уверам дека од тие 30тина возила дали 5-6 се со лиценца кои се приморани да се туркаат и тие таму заради тоа што нелегалната конкуренција им ја зема работата - друг болен проблем на градот,нерешавањето на проблемот со НЕВРАБОТЕНОСТА и такси превозот(бројот на лиценци и отстранувањето на дивите превозници)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
јас мислам ќе има позитивен ефект врз намалување на гужвите и хаосот на сообраќајот во центарот на градот + во програмата на градоначалникот стоеше дека ќе се воведе зонското паркирање во наредниот мандат,што значи повеќето се да се бара решение,а не да се остави да продолжи ваквата грда слика и нефумкционалност на сообраќајот во центарот на градот
Објасни како со зонско ќе се постигне „ намалување на гужвите и хаосот на сообраќајот во центарот на градот“?

Порано имаше еден црн виц:
Некој немал пари да купи кондури
Па му ги исекле ноѕете да нема проблем.

Ако има проблеми во сообраќајот тоа се решава со сообраќана сигнализација, со одредување на режим на саобраќај,
со изградба на улици и паркиралишта, со урбанистички планови, со изградба на катни гаражи, со добар јавен превоз и тн
Онака како е решено во Берлин, Амстердам, Њујорк и слично
А не со зонско....
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.367
Поени од реакции
7.137
Објасни како со зонско ќе се постигне „ намалување на гужвите и хаосот на сообраќајот во центарот на градот“?

Порано имаше еден црн виц:
Некој немал пари да купи кондури
Па му ги исекле ноѕете да нема проблем.

Ако има проблеми во сообраќајот тоа се решава со сообраќана сигнализација, со одредување на режим на саобраќај,
со изградба на улици и паркиралишта, со урбанистички планови, со изградба на катни гаражи, со добар јавен превоз и тн
Онака како е решено во Берлин, Амстердам, Њујорк и слично
А не со зонско....
што да објаснувам,исто како многумина очекувам да се среди колку толку состојбата,пошто од ова полошо не знам дали може да биде........откако ќе започне новиот режим ќе се пофалиме или ќе кудиме,дотогаш овој план има поддршка од мене
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
што да објаснувам,исто како многумина очекувам да се среди колку толку состојбата,пошто од ова полошо не знам дали може да биде........откако ќе започне новиот режим ќе се пофалиме или ќе кудиме,дотогаш овој план има поддршка од мене
Можеш да чекаш и да видиш, но подобро е да погледаш што се случи во Скопје, а тоа ќе се случи и во Битола.
Никој нема да паркира во зоните, сите ќе паркираат надвор од зоните и гужва ќе настане кај што нема зонско . Потоа општинските лешинари ќе ги прошируваат зоните и таму кај што поарно немало гужва и немало зони. Па повторно гужва ќе настане надвор од зоните и така до недоглед, ќе ги шират зоните додека цел град не стане зона. Плус ќе вклучат пајаци да дигаат коли, ќе ставаат лисици и тоа тие нивниот „ бизнис план “
Со зонско не се добива ниту едно паркинг место повеќе. Само се воведува наплата, пајаци, блокатори, дискриминација, казнување и слично. А ние граѓаните ќе трпиме и никако нема да можеме да се спасиме
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Битола, веќе се појавија негативни реакци за зонското
Некои граѓани велат:
Покрај сите сметки што ги плаќаме кои ни јадат половина од приходите, уште и овие давачки ни требаа. Тој што нема не може ни зонското паркирање да го плати. Човек да не може да излезе со возило ако живее подалеку од центарот. Ќе не оптоварат, не можеме да издржиме од давачки“, велат анкетираните битолчани.

.Но газдата на зонското и градоначалникот се воодушевени:
сопственикот Благој Крстевски вели дека со зонското паркирање ќе се среди сообраќајниот хаос во Битола.

„Граѓаните ќе добијат зашто ќе биде хаосот во Битола регулиран. Од информациите што ги имаме сега има многу автомобили и комбиња кои со години се паркирани и стојат на едно место, а станарите и граѓаните не можат да ги користат паркинзите.“

Битолскиот градоначалник Владимир Талески смета дека ова е добро решение за проблемот со паркирање на возилата низ градот.

„Посебно имаме проблем со паркирање во пазарни денови или во сабота е скоро невозможно да се излезе со возило. Посебно градовите со стари градски јадра, заштитени објекти и улици имаат проблем со паркинг просторот. Досега во Битола тоа не беше регулирано, убедени сме дека правиме значајна работа, со што максимално ги канализираме условите за паркирање на возилата“, вели Талески.
Еве каде е ова објавено:
http://www.makdenes.org/content/article/25034556.html
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
190
Поени од реакции
49
Кај има бесплатно да ја паркирам колата во Скопје, да е близу до центар, ми треба бидејќи ќе треба цела ден да ја оставам, а за цела ден паркинг не ми се плаќа, па затоа прашувам?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Утрински весник е објавено дека центарци бесплатно ќе паркирале
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=73C8CDCD11488B428C22EE901D347904
И сами знаете дека тоа се лаги - даваат бесплатно на зонските паркиралишта - а такви немаат
Ова го потврдува правилото - симни се мурта да се качи курта



Кај има бесплатно да ја паркирам колата во Скопје, да е близу до центар, ми треба бидејќи ќе треба цела ден да ја оставам, а за цела ден паркинг не ми се плаќа, па затоа прашувам?
Kaj Стара железничка станица, паркингот карши Авто Македонија сега е затворен не работи, ограден е со ограда и се подготвуваат да градат, но ќе видиш се уште има коли кои паркираат.
Бесплатно можеш да паркираш на улица Железничка, една лента ( левата лента ) е предвидена за паркирање па ако најдеш место паркирај
Еве ти и трет избор: Кај бившата Воена пекара ( карши супермаркетот на Тедико на Јужен булевар) има земјани површини каде што можеш бесплатно да паркираш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom