Знаењето е сила, врските се моќ

  • Креатор на темата Креатор на темата Таруно
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто секогаш за државата се фаќате ??? размислите малце има Вмро - СДсм и други политички партии кои си ги вработуваат не мора секогаш да се фаќате за Државата;)

Оти на државата и е најголем... па има кај да се фатиме. ;)
 
Зошто секогаш за државата се фаќате ??? размислите малце има Вмро - СДсм и други политички партии кои си ги вработуваат не мора секогаш да се фаќате за Државата;)
Оти се државни фирми!:tapp:
 
Убо. Нека му е со среќа трошењето на плата.
Во државава да имате родител на позиција и да може истиот да ве бутне за плата од 1000 и кусур евра, нема тоа да го стори?
 
Само кај нас некој што уште мириса на млеко може да е шеф на нешто. И тоа нешто што не е мала работа, ко експерт за авиобезбедност.

Имаше еден шеф ми се правеше над 40 години имаше, и му се заканив гадно и од тогаш Господ ме чува од беља односно шефови :icon_lol:.

Шо да е да се работи :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:, падна авионот тиииииии ебаго не е ни прв ни последен :pos::pos::pos::pos::pos:.
 
Убо. Нека му е со среќа трошењето на плата.
Во државава да имате родител на позиција и да може истиот да ве бутне за плата од 1000 и кусур евра, нема тоа да го стори?

Не е ова некоја си рандом фирма,во секоја нормална држава би примиле човек со искуство и знаење од таа област за работата за којашто конкурирал,а не бубуљичаво дегенче од 19 години што не знае да каже проста реченица.
 
Штом е полнолетен нема гајле. Плус тоа имало и оглас. Бубуљичав или не, ќе си го прчи со толку пари.
А во (не) рандом фирми што мислиш дека менаџери се рандом луѓе?
 
Убо. Нека му е со среќа трошењето на плата.
Во државава да имате родител на позиција и да може истиот да ве бутне за плата од 1000 и кусур евра, нема тоа да го стори?
За толку одговорна работа како што типацот е примен да ја работи, не смее ни под разно да се размислува за такво нешто. Значи не е работата дали ако татко ми работи таму ќе ме прими таму или не, туку треба нешто да се превземе од страна на државата (пошто е државна фирма) да се вработуваат на такви места само високо квалификувани кадри.
Или во превод, бидејќи само така нешто може да функционира кај нас, да се донесе закон пример казна затвор, за таткото во овој случај.

Да ќе си го прчи, но одговара за околу 70.000 души месечно колку што поминуваат низ Скопски аеродром. И огласот беше толку рандом, што треба да си ептен глуп да не сватиш дека некој местат.
 
Убо. Нека му е со среќа трошењето на плата.
Во државава да имате родител на позиција и да може истиот да ве бутне за плата од 1000 и кусур евра, нема тоа да го стори?

2300 нето плата. Овој копук државата ќе ја чини преку 3000евра месечно бруто. Годишно над 36 000евра. Четири години додека на копуков му порасне брада ќе не чини 144 000 евра.
А вакви има илјадници на буџет. Какви стоки финансираме долгорочно погледнете.
 
За толку одговорна работа како што типацот е примен да ја работи, не смее ни под разно да се размислува за такво нешто. Значи не е работата дали ако татко ми работи таму ќе ме прими таму или не, туку треба нешто да се превземе од страна на државата (пошто е државна фирма) да се вработуваат на такви места само високо квалификувани кадри.
Или во превод, бидејќи само така нешто може да функционира кај нас, да се донесе закон пример казна затвор, за таткото во овој случај.

Очигледно дека смее.
Тоа што навеле услови како завршено средно без претходно искуство доволно зборува. Ако не е типацов, ќе биде друг типац со такви квалификации.
Ако донесат таков закон пола Македонија треба да се затвори, ако не и повеќе зашто мајка му и татко му се одговорни луѓе кои си го наместиле синот на позиција.
Јбг тоа е.
--- надополнето: Nov 22, 2011 6:58 PM ---
2300 нето плата. Овој копук државата ќе ја чини преку 3000евра месечно бруто. Годишно над 36 000евра. Четири години додека на копуков му порасне брада ќе не чини 144 000 евра.
А вакви има илјадници на буџет. Какви стоки финансираме долгорочно погледнете.

Ќе ја чини и ќе си ги троши.
И нема да му чуе, пошто ако не е тој со такви врски, ќе биде друг сигурно.
 
Секако, ако не е овој ќе биде друг нечиј син. Додека во Македонија не се воведе смртна казна нема да не биде.
 
Очигледно дека смее.
Тоа што навеле услови како завршено средно без претходно искуство доволно зборува. Ако не е типацов, ќе биде друг типац со такви квалификации.
Ако донесат таков закон пола Македонија треба да се затвори, ако не и повеќе зашто мајка му и татко му се одговорни луѓе кои си го наместиле синот на позиција.
Јбг тоа е.
Другар тоа сакам да ти кажам, дека како прво не смееле да објават таков оглас.
И ти самиот си свесен дека уште пред да се изготви огласот се знаело кој ќе се прими на работа.

http://najdirabota.com.mk/DisplayVacancy.aspx?vacancy=592598

^ Тоа е огласот. Како заклучиле дека типчето е најскладно за таа работа?

2300 нето плата. Овој копук државата ќе ја чини преку 3000евра месечно бруто. Годишно над 36 000евра. Четири години додека на копуков му порасне брада ќе не чини 144 000 евра.
А вакви има илјадници на буџет. Какви стоки финансираме долгорочно погледнете.
36.000 евра годишно од наши пари ќе не чини типчето. Зошто? За да ми се тресат нозе секојпат кога полетувам или слетувам на Скопски аеродром? Да се помочам у државата и све...
 
Штом е полнолетен нема гајле. Плус тоа имало и оглас. Бубуљичав или не, ќе си го прчи со толку пари.
А во (не) рандом фирми што мислиш дека менаџери се рандом луѓе?

Така било тоа,штом е полнолетен нема гајле,плукни залепи.
Да беше така лесно,до сега сите ќе бевме директори.
Експерт за авиобезбедност,тоа е многу сложена работа која бара големо искуство,не е само постави го и ај си знае што треба да прави.
 
Да да тоа е тоа, направи го првиот чекор така вика рекламата: Па човекот го направил првиот чекор и тоа е тоа.
И се некои глупи реклами кои што врска немаат со реалноста и иницијативи збирање потписи за зачувување на името. Дали само мене глупо ми изгледа ова? Како беше она не ме гледај што работам слушај ме што ти зборувам тоа е важно. Успех е народната кујна каде што гладните чекаат ред за парче леб, тоа големите патриоти го имаат направено во оваа држава. А нивните телохранители прегазуваат луѓе со мотори и претепуваат до смрт. И таа глума дека нешто се работи кога никакви резултати не се гледаат, јас лично не можам од страна да гледам а пак како им е на тие што учествуваат во тоа. Зомби чиста безумност менталитет на стадо, никаква сопствена иницијатива само марка и мрачна послушност....
 
Другар тоа сакам да ти кажам, дека како прво не смееле да објават таков оглас.
И ти самиот си свесен дека уште пред да се изготви огласот се знаело кој ќе се прими на работа.

http://najdirabota.com.mk/DisplayVacancy.aspx?vacancy=592598

^ Тоа е огласот. Како заклучиле дека типчето е најскладно за таа работа?

36.000 евра годишно од наши пари ќе не чини типчето. Зошто? За да ми се тресат нозе секојпат кога полетувам или слетувам на Скопски аеродром? Да се помочам у државата и све...

Брат јас сум свеснА за револтот и нормален е истиот.
Ова е апла откривање на каков принцип, односно начин функционира државава. Не е ништо ново, напротив. Секогаш било вака, со тоа што работите не биле толку познати за јавноста.
Можеме да мрчиме и да плукаме по истиот и темава ќе си замре како и многу други. Факт е дека тој таму ќе си го прчи со толку пари затоа што тате му се нашол у животот.

Така било тоа,штом е полнолетен нема гајле,плукни залепи.
Да беше така лесно,до сега сите ќе бевме директори.
Експерт за авиобезбедност,тоа е многу сложена работа која бара големо искуство,не е само постави го и ај си знае што треба да прави.

Не, нема да бидеме директори зашто на сите родителите не ни се во управен одбор. :cautious:
 
срамота -:mad:
да е стварно експерт- со долгогодишно искуство- ОК- и 200.000 нек зема - али оооооова.....тек испилен ..:tapp: права правцата експертутка- ова му доџе бре исто ко она-задникот на една манекенка да вреди повеќе од умот на еден инжинер
се’ на се’ македонска трагикомедија
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom