Знаеме ли што јадеме и зошто не? (Декларациите во Македонија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Ова стварно некогаш ме нервира,сакам да купам нешто и нема декларација и отиде диетата зашто не можам да ги следам калориите.Пример е обезмастено сирење кое не е обезмастено туку полу-маслено.Од 0 % до 15 % масти има разлика за мене,а за кобасиците одамна сум се откажал со пилешко,урда,јајца и рибешко.
Шала на страна најкрива е државата,контролата врз производителите,а не информираноста на потрошувачот доведува до здравствени проблеми.Сепак може да се направи ако се сака само до кога ќе се штити производителите вака,дур мне поднесеме иницијатива. А тоа е ниокаш така да не гледам зашто да се буниш кога ние не се буниме и молчиме.
 
Прашањето е погрешно формулирано:
Знаеме ли што јадеме и зошто не?

Ваквите прашање се сугестивни (значи веќе го содржат одговорот-конкретно би било: не, не знаеме, па прашуваш зошто не). Треба да се преформулира прашањето на пример во: Знаеме ли што јадеме и ако не знаеме, зошто не?
 
Не може да се очекува од компаниите сами да покажат морална свест и да се вовлекуваат во некои работи кои евентуално може да им ја намалат потрошувачката.
Затоа постојат (или непостојат) закони кои регулираат вакви работи, се разбира во мала земја која сака да си ја заштити својата индустрија или пак на друг начин законодавецот е поврзан со индустријата, има намерни дупки кои компаниите ги искористуваат.

Затоа за граѓаните и за нивното здравје и благосостојба е подобро отворен пазар и централни регулативи кои заради тоа што компаниите се мрзливи и неконкурентни кај нас веднаш би предизвикале смрт за индустријата, ама таа цена на самовилие на компаниите ја плаќаат граѓаните со своето здравје во случајов.
Све ова е точно за производителите на "социјални" продукти за прехрана.

Паметните производители, последните декади, се прилагодуваат на состојбата во која пазарот на храна е преплавен со продукти од хемијската индустрија, а условно кажано "стариот начин" на производство на храна, без никакво (или со незабележително) учество на хемијската индустрија е подтиснат.
Што се праи - правиш најнормална храна, најприродно и и' лепиш етикета органик и шиткаш скупо.
У ствари здравата храна, која е ценет рекламен трик за поише зимање пари, е у ствари најнормална храна, онаква каква се праела и уште се праи по селана.
Кај нас сеуште може да се набави здрава храна по селата (ја носат и по градови, ја шиткаат). Само треба да се има доверливи произведувачи, т.е. информации.
 
Решението е следново. Откачете се од секаква конзервирана храна, иако звучи скоро неизводливо, со малку труд и повеќе време, секој може да успее.
Никогаш вистински нема да знаеме што се' има во ваквите колбаси, паштети, конзерви...Затоа подалеку од нив.
 
Све ова е точно за производителите на "социјални" продукти за прехрана.

Паметните производители, последните декади, се прилагодуваат на состојбата во која пазарот на храна е преплавен со продукти од хемијската индустрија, а условно кажано "стариот начин" на производство на храна, без никакво (или со незабележително) учество на хемијската индустрија е подтиснат.
Што се праи - правиш најнормална храна, најприродно и и' лепиш етикета органик и шиткаш скупо.
У ствари здравата храна, која е ценет рекламен трик за поише зимање пари, е у ствари најнормална храна, онаква каква се праела и уште се праи по селана.
Кај нас сеуште може да се набави здрава храна по селата (ја носат и по градови, ја шиткаат). Само треба да се има доверливи произведувачи, т.е. информации.

Романтичен мит е тоа дека селската храна е поздрава и поквалитетна. Јас сепак повеќе би верувал на контролирано, модерно производство.
 
Романтичен мит е тоа дека селската храна е поздрава и поквалитетна. Јас сепак повеќе би верувал на контролирано, модерно производство.
Како би знаел колку е контролирана таа храна која се продава во маркетите?
Каква контрола е извршена?
Зборувам за Македонија.
Селското секогаш има предност бидејќи сам го имаш произведено,одгледано знаеш на што си.

:)
 
Све ова е точно за производителите на "социјални" продукти за прехрана.

Паметните производители, последните декади, се прилагодуваат на состојбата во која пазарот на храна е преплавен со продукти од хемијската индустрија, а условно кажано "стариот начин" на производство на храна, без никакво (или со незабележително) учество на хемијската индустрија е подтиснат.
Што се праи - правиш најнормална храна, најприродно и и' лепиш етикета органик и шиткаш скупо.
У ствари здравата храна, која е ценет рекламен трик за поише зимање пари, е у ствари најнормална храна, онаква каква се праела и уште се праи по селана.
Кај нас сеуште може да се набави здрава храна по селата (ја носат и по градови, ја шиткаат). Само треба да се има доверливи произведувачи, т.е. информации.
Не мислев во оваа насока некој да ми одговори. Повеќе мислев да се дискутира за тие централни регулативи кои исто штитат некоја друга индустрија која има помалку слободи, ама пак има дупки кои ги искористува, а со отворениот пазар и се дава предност, а граѓаните пак имаат ризици и штетни последици, плус нашата индустрија е мртва.
Но, кога веќе напиша за нашите мали производители на храна, верувај дека тоа се само митови. „Модерното“ земјоделство кај нас е присутно со децении, немој да ги потценуваш нашите земјоделци или сточари дека не се во тек со времето. Одамна, со децении, ги употребуваат истите практики и средства кои им се достапни на нивните колеги од странство, сѐ што знаат дека ќе им донесе поголем принос, поголеми животни, повеќе млеко, го употребуваат. Ретки се тие таквите кои ги опишуваш, и во последно време навистина си ја искористуваат позицијата и наплаќаат дебело и затоа што не се контролирани и немаат декларации, имаат исти ризици како и овие компании за кои се дискутира во почетокот.
 
Ја мислам оти Acid нема мотивација во моментов, па си го тестира апаратот со фоткиве :D
On-topic '= Не внимавам на вакви работи...
 
И јас се сомневам уште одамна за пакувани прехранбени производи особено колбасите,саламите па дури и сирења со секакви адитиви и затоа цените се доатапни за сите и сега се прашувам што е со оние скапите како на пример босански суџук демек се оригинални и чинат над 600денари по кило и пршути што чинат над 900 денари и дали се здрави и квалитетни нели затоа што е скапо е тоа не знам само знам дека се е како да речам фалсификати.Затоа јас фино и убаво лично одам по селата во Берово и Делчево инаку мајка ми од таму потекнува и ги познавам тие мештаните и праваат квалитетно сирење,кашкавал,сувомесната храна особено чадена сланина,месо во стаклена тегла без конзерванси и трае најмалку 4 месеци ама вкусовите се неспоредливи со оние фалш производи по продавници ;)
 
Браво, одлична тема!

Немојте само да се лажете дека и на странските производи има точно наведено што содржат. Проблемот е до дирекцијата за храна, оние кои што се грижат за продуктите на пазарот. Не е проблемот само прехранбените производи, туку и со хигиенските производи е буквален хаос.

Јас сум разговарала со оние кои ги произведуваат и продаваат на големо овие производи и нивниот одговор е дека доколку се стави на декларацијата вистинското потекло и составот на прозводот на народот ќе му се згади.
Како пример ќе го дадам куленот од Римес. Јас обожавам кулен!!! Знаете куленот како се подготвува? Се меле месото со рскавицата и се додава лут црвен пипер за да му се земе мирисот од додатоците кои ги користат, а се многу штетни. Не се штеди на додатоци, ама и местото е крајно сомнително. Римес го имаат најквалитетното месо кај нас, е сега замислете како е кај другите фирми кои преработуваат месо.
Прегледај го приврзокот 54637
Батаците кои влегуваат во Македонија се само леви и се полни со хормони, ама нема кој да ги испита и да ги повлече од пазарот. Јунците во Македонија се забранети да се колат, па има само телешко, јунешкото е од увоз, ако сте доволно среќни и финансиски помоќни да земето од Австрија, другото е од сомнителни одгледувачи.
Последен пример беше со брашното од Србија.

Кечапот „Македонија“ се полни во бараките пред кванташки, смоките исто се полнат по гаражи...
Зашто се забранети јунци да се колат кај нас?Дај извадок од закон ако имаш :)
А дали истото важи и за бици(заб. на прев. бици=бикови)
 
znaeme-li-shto-jademe-i-zoshto-ne-114329.jpg
Во оваа шунка на пример не напишале дека можни се траги од парчиња коски :sneaky: Баш пред некој ден зедов од Кам онака баш да видам шо фирма се овие Косиљак (си имам навика така се да испроверам од различни фирми)...и ќе останев без заб ...

И сакам да имам некоја можност да ги прашам газдите или некој раководител во дел од тие фирми за месни производи за значењето на зборот колбасица :tapp: Македонски, српски, србизам или кованица?

На темата...невозможно е во денешен свет да сме сигурни какви чуда конзумираме и колку се здрави.Тераме напред без команда :)
 
Подоцна ке напишам детален опис за сите можни канцерогени адитиви или емулгатори кои можат да се најдат во производите на нашите пазари, сега немам многу време бидејќи постот ке биде малку поголем. позз
 
Имаме избор до некаде како потрошувачи. Ако видите ан еден производ 10 Емулгатори наведени едноставно не го купувате производот. А тоа дека има финти за прекривајне на состојки, има. Мислам дека голем дел од луѓето не ни знаат што значат овие работи, треба да има кампања некоја и да се сенсибилизираат луѓето за ова. А и секако треба да има повеќе и посериозни контроли. Не е сфатливо како може на пример случајот со брашното од Србија ем толку лесно да се деси а и да нема последици.
 
За гроздановски и косиљак ја ги имам правено декларациите и етикетите, они уствари ми кажуваат што да пишам и јас тоа пишувам, а сите тие најверојато се преведени од некој германски колбас, значи врска нема. Дури има ситуација кога некој гада дојде и за состав препишува од друг, као тоа е стандард.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom