Јас знам кој сум. А уствари ич не ми е гајле од која нација сум нити па која вера сум.
А не ми е гајле ни за било кого. Никад не сум се индетификувал по вера и националност. Како прво сум човек па натамо ништо не ми е битно. Мислиш дека зајак што претрчал преку бавча и случајно поминал граница ке сретне друг зајак и прво ке го праша "ти србин си, македонец, албанец, бугарин што си бе збори? Од која вера си? за звезда си или партизан?"
КОСМОПОЛИТИЗАМ = ЛИКВИДАЦИЈА НА НАРОДИТЕ
Глобализацијата со себе го носи и феноменот на космополитизмот .
Космополит (грч. Cosmopolites) приврзаник на космополитизмот; граѓанин на светот.
Космополитизам (грч. Cosmopolites) сфаќање според кое место одделни нации треба да постои една општа заедница како татковина на сите нации и на сите луѓе.
Всушност според космополитизмот конфликтите во светот општо во човештвото ќе се надминат со исчезнувањетио на народите а со тоа и на религиите како главни виновници за омразата , војните и поделбите меѓу луѓето . Не е спорно дека чуствата за национална припадност кај луѓето е злоупотребувана и се злоупотребува од разни профитери кој непотребно го преувеличуваат националното ширејќи нетрпеливост и омраза . Затскривајќи се зад национализмот се вршеле разни генициди , дивјаштва , конц логори .Најчесто нацонализмот го шират беззначјни луѓе на кој тоа им е единствениот начин да си дадат некакво значение иако тие се инструмент на разни воени профитери , црноберзијанци , мативоди , клерофашисти , политички профитери итн. Тука се и вечните крлежи религиите кој ги прогласуват поедините народи како “избрани” “божји” “васељенски” и со тоа свесно само ја разгоруваат националната нетрпеливост и омраза која им обезбедува лагоден живот.
Па сепак дали решението е одењето во друга крајност ... во космополитизмот ?
Дали навистина ако народите исчезнат светот ќе стане помирно и побезбедно место за живеење ?
Дали накрајот “чоколадомен” како што го нарекуваат научниците човекот кој после извесен период кога ќе заврши мешањето на народите , на расите ќе биде мирен , питом , интелигентен човек каков што неможеле народите да постигнат .
Колку јас што можам да согледам тоа воопшто нее така!
Луѓе што се откажале од националното веќе ништо и не им е свето .
Не дека ги осудувам бидејќи во капитализмот ништо нее свето туку се си има своја цена , се е предмет на купупопродажба .Самите слогани на капитализмот се “ приватниот интерес е пред се над се (најсвета работа )“ “материјалниот престиж е пред се и над се “ . Што е нормално бидејќи капитализмот како неправедно експлоататорско општество не може да им забрани на луѓето да се снаѓаат како знаат и умеат оти самиот ги уценува со нивниот биолошки опстанок ги третира како животни а не како луѓе .
Англискиот јазик дефинитивно станува светски јазик за комуникација кој не се задржува само на тоа дека треба да се знае како потреба за комуникација помеѓу припадници од различни народи туку полека ги исфрла зборовите од јазикот на секој народ ( се користат англизми) . Земјата нее света работа па странци може да купуваат имоти во други земји и да станат државјани . Спортисти со само зачленување во некој странски клуб добиваат државјанства итн.Се купуваат фабрики а со нив и вработените како феудален имот со крепосно зависни селани-вработени .
Модерна изрека кај современиот човек е дека “ нее битна националност , раса “ итн и секое противречење на тоа се ризикува да добие квалификација-етикета за националист , заостанат , расист , итн . Нели модерно е да се биде космополит оти автоматски се подразбира либерален широкоград разбирлив човек со широки сваќања и погледи . Модерно е ставање на странски имиња на децата. Уште помодерни се мешаните бракови а единствен услов е материјалното .
Секоја генерација е помодерна и попаметна од претходната .Не спорно и неможе да биде спорно . Всушност така и треба да биде .Ќе биде глупо ако нее така оти секој родител сака негови деца да се попаметни од него да постигнат повеќе од него. Па сепак дали модерното и паметното треба да одат до таму до целосна негација на буквално се што било претходно сочувано и изборено . Дали наши претци биле толку глупи што на пример едноставно масовно не се измешале со турците кој биле 5 века на овие простори ....дали ќе биле модерни и напредни ако биле космополити ако ништо не им било свето ( светост = работа која бескрајно ја ценат и се спремни да гинат за неа и да не отстапат ) .
Дали глобализацијата и космополитизмот навистина ќе ги решат проблемите на човештвото и повеќе нема да има војни , нема да има омраза меѓу луѓето кој физички нема да се разликуваат меѓу себе......бескрајно цивилизирани ” чоколадоменовци”
Изолационизмот никогаш не бил решение .Сега дали глобализацијата треба да оди до таму мултинационални компании да станат помоќни од државите е економско-политичко прашање .
Но дали космоплитизмот е решение .Дали исчезнувањето на народите ќе ги реши проблемите на човештвото .? Дали со исчезнувањето на народите светот ќе стане помирно и побезбедно место на живеење како што гарантираат космополитите .
Јас лично не сум убеден во тоа .Баш напротив . Иако сум целосно свесен дека тој процес се случува со голема брзина и е неминовен неизбежен и несопрлив . Космополитизмот создава брутални , безчуствителни ,крволочни несовесни анационални луѓе на кој ништо не им е свето .
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=48213