Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Се бројат на прсти Македонците што навистина ја познаваат Македонија.
Toчно ,но и немаме голема шанса да ја запознаеме. Јас сум Македонец сакам да ја запознаам Македонија , но тоа можам да го направам само со помош на интернет, а со помислата дека сите информации не се баш точни ме кочи нешто. Да, одам во училиште но што учиме за Македонија ? Пример географија , учиме за мочани проценти кој колку рудници имал , која земја чува овци која крави...
- Пештерата Пешна во Македонски брод во Њујорк тајмс е опишана дека е идентична
како измислените пештери во господарот на прстените.
za se prvpat slusham osven za ohridskoto ezero.. i za prugata![]()
хммм... единственото светско наоѓалиште на талиум, единственото европско наоѓалиште на рубин, најквалитетниот опиум, првата пруга на балканот, првата зоолошка на балканот, деловите од крстот на исус...
Јас оваа пролет и летово прошетав голем дел од Западна Македонија, а за остатоков од летово и за есенва ми остана Источна. Бев со супер луѓе и видов преубави места, за кои знаев дека постојат, ама ги немав видено, барем дел од нив. Морам да кажам дека не ми се допаѓаат патиштата, а тоа е можеби и најголемата пречка поради која луѓето помалку одат да ги видат убавините на нашата држава. Јас обожавам да патувам во нашава држава, сакам да ги гледам овие прекрасни места. Не само што имаме прекрасни места кои треба да се видат, туку имаме и прекрасна храна, што е навистина прекрасен спој на сите убавини. Денес на нет пребарувачот Бинг има прекрасна бесплатна реклама за Дебар. Имаат поставено неколку слики меѓу кои и слика од Дебар. Колку прекрасно изгледа! Има и опис на сликата на неколку места. Ова е прекрасна реклама за Дебар.
![]()