Знаци за крај на врска

  • Креатор на темата Креатор на темата ThA-BiTcH
  • Време на започнување Време на започнување

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
62
Како знаете дека вашата врска е стварно готова ?

Еве неколку машки мислења,а очекувам сите да напишете:wink:

-Кога ќе исчезнат оние искри и страст кои не држеле заедно.

-Едноставно, кога веќе не се трудам врската да успее.

-Знам дека е дефинитвно готово кога вечерата веќе нема да биде секоја вечер на масата.

-Знам дека мојата врска е готова кога одам на пијалок со пријателите повеќе од 2 пати неделно.

-Кога секој пат знаете што ќе рече, пред и да ја отвори устата.

-Кога водите љубов, цело време мислите на нешто друго.

-Кога на работа не можете да одвоите неколку минути да и го чуете гласот.

-Кога секој разговор го завршувате со кавга, или секогаш вртите на старите кавги (оние од кои што сте излегле како победник).

-Ако срцето не ми затрепери кога ќе ја видам.

-Кога за тројка станува забавно, а за двојка претесно.

п.с 70% од мажите признале дека, прекинале со нивната партнерка така што престанале да и се јавуваат.

п.с Он кажува "Баш мислев да ти се јавам" . . .
п.с Он мисли "У кур*ц, не требаше да кренам"

* * *

Јас знам дека мојата врска е готова, кога ќе престане да ми се јавува, а рекол дека ќе се јави, кога немаме веќе теми за разговор и кога чуствувам дека ми е потребен повеќе простор за дишење....
 
И јас се согласувам со голем дел од горенаведеното.
Врската е при крај кога не се гледаме како порано;тој почесто излегува со другарите, а јас со другарките;не се слушаме често , едвај еднаш во денот (ради реда);се однесуваме ладно, нема страст; не правиме планови за иднина; за се и сешто се расправаме...
 
Сето ова се глупости. Зар треба да се водам од "горенаведените знаци" за да знам дека е крај? Кога е крај секогаш сум кажувал дека е крај, никогаш не сум лудел глумило, и обратно.
 
Моето_е_поголемо напиша:
Сето ова се глупости. Зар треба да се водам од "горенаведените знаци" за да знам дека е крај? Кога е крај секогаш сум кажувал дека е крај, никогаш не сум лудел глумило, и обратно.
Во ред тоа, ама крајот сигурно не дошол онака ТУП чао-пријатно, нели? Секогаш постојат претходни "предупредувачки знаци" кои ти кажуваат дека нешто не чини во врската, дека е време или да се стори нешто да се спаси или да се стави крај.
Не е темава (колку што разбрав) да ги запамтиш знациве, да пазиш ако ти се совпадне нешто во врската - дека е крај. Премногу буквално сфаќате.
 
Еден знак ми е најсигурен мене ... кога не можам да поднесам да го слушам кога ми зборува било што ... недај боже па да ми се приближи :icon_mad: ... а горенаведените се горе-долу стандард и се сложувам со сите:)
 
Кога станува збор за брак малку е потешко да се објасни и тогаш крајот некако како да не сакаш да го погледнеш во очи.
Се почнува со криза и таа криза може но и не мора да значи да се продлабочи, зависи од двајцата.Доколку во обидот за спасување на бракот не работат двајцата подеднакво несомнено доаѓа до крај.Крајот едноставно се чувствува и не може баш конкретно да се дефинира затоашто патиштата до него се различни,а целта за жал е иста(крај).
 
ROZA напиша:

Потешко можеби затоа што се поблиски партнерите нормално и покрај постоечката криза. Но сепак мислам дека не треба да се делат така работите ... кога фаќа криза која оди само надолу и надолу, била врска или брак треба да се прекине без поголеми пролонгирања:(
 
Во случај брачните партнери немаат деца, тогаш раскинување на нивниот брак е сосема ист како и раскинување на било која врска.
Горе наведените показатели според мене се симптоми на проблем во врската, но не и симптоми на крај. Од партнерите зависи дали сакаат или не сакаат да ја поправат врската. Дури и да дојде до прекин на истата, тоа не значи крај. Тој прекин може да биде само пауза која ќе им овозможи на пратнерите да сватат дека се еден за друг и уште повеќе ќе ја зацврсти нивната врска.
Нели ви се случило да раскинете и по некое време повторно да стапите во врска со истата личност?
 
gOJDO напиша:

Мене не ... секогаш до крај се трудам што е во моја моќ да направам, доколку сакам нормално. Ако не успеало после све што ќе дадам од себе ... не лепам скршено нахнадно :ne:
 
divine напиша:
Мене не ... секогаш до крај се трудам што е во моја моќ да направам, доколку сакам нормално. Ако не успеало после све што ќе дадам од себе ... не лепам скршено нахнадно :ne:
а во случај ти да сакаш да ја прекинеш врската, а дечкото да пробува да го спречи тоа?
Нели си се осетила некогаш онака неслободно, ко да ти фали издувен вентил?
 
gOJDO напиша:
а во случај ти да сакаш да ја прекинеш врската, а дечкото да пробува да го спречи тоа?
Нели си се осетила некогаш онака неслободно, ко да ти фали издувен вентил?

Нормално, како и секој друг. Во тој случај повторно истото ... ако ми треба простор ќе си го имам, ќе раскинам со дечкото ... а во меѓувреме, дали ќе ми фати око некој друг или не свеедно е ... кај бившиот не се враќам:)
 
koga ne go gleas toa vise u ocite na partnerot,sto znaes deka treba da go gleas........toa ne se objasnuva,ja poglednuvas i znaes so e rabotava
 
коа че ми здосади сигурно е крај
 
ROZA напиша:
Кога станува збор за брак малку е потешко да се објасни и тогаш крајот некако како да не сакаш да го погледнеш во очи.
Се почнува со криза и таа криза може но и не мора да значи да се продлабочи, зависи од двајцата.Доколку во обидот за спасување на бракот не работат двајцата подеднакво несомнено доаѓа до крај.Крајот едноставно се чувствува и не може баш конкретно да се дефинира затоашто патиштата до него се различни,а целта за жал е иста(крај).

Си ја промашила темата ама тотално...За развод темата е овде
 
Јас реков, некој ме бришал, дека овие знаци шо биченцето ги навело мене ми значат почеток на врската.. тек тогаш стануе интересно ЕБАВЕ..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom