Златна Бубамара на популарноста

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување
А имаат некој редослед или онака рандом ? Дадоја и за најдобра труба ако не се лажам ? Сигурно не даваат ваква награда секоја година, м ? Ако до вгодина научам да свирам на дидгеридо и така така да сум, и овие од ЗБ ме научат ќе ми дает награда за најдобар дидгеридаш во Македонија ?
 
Никад на никој не би му дале награда за најдобар дидгекасјдкасхфсааш.
 
*Диџериду
...лиду дибу даут јууууууу !!!!
 
Зш да не ?[DOUBLEPOST=1488222155][/DOUBLEPOST]
 
Повеќе се од две, не ги знам точно по број, некој ги има и препеано на српски. Има и песни дуети една со Тамара, една со Жељко Јоксимовиќ, една со хорот на Златно Славејче и една тазе нова со Неверне Бебе Исто така има и една направена за српскиот филм Прваци света.
 
Повеќе се од две, не ги знам точно по број, некој ги има и препеано на српски. Има и песни дуети една со Тамара, една со Жељко Јоксимовиќ, една со хорот на Златно Славејче и една тазе нова со Неверне Бебе Исто така има и една направена за српскиот филм Прваци света.

Кoлку oд нив се хит и пoзнaти нa јaвнoстa? Ич. Акo беше пеaч кaкo дoсегa штo е нaгрaдувaн и прoмoвирaн требaше бaрем 3 aлбуми зaд себе дa имa и бaрем 5 хитoви кoи ќе се вртеa и пaмтеa.
 
Не ја изгледав целата Златна Бубамара, но гледав дел, од проста причина што имав гости. Од она што го видов немаше нешто посебно што ќе ме задржеше да ја изгледам цела до крај. За разлика од минатите години хуморот драстично опаднат, единствено сцената се подобрува.

И не ми се свиѓа тоа што секоја година едни исти фаци се вртат и меѓусебно си ги делат наградите. Еден куп нови личности излегуваат и создаваат многу послушани/погледани дела од номинираните личности, но истите не се ни повикани на Златна Бубамара на популарноста. Оваа година според мене најзаслужена награда беше онаа на Антонија Гиговска. Другите ради реда доделени.
 
Кoлку oд нив се хит и пoзнaти нa јaвнoстa? Ич. Акo беше пеaч кaкo дoсегa штo е нaгрaдувaн и прoмoвирaн требaше бaрем 3 aлбуми зaд себе дa имa и бaрем 5 хитoви кoи ќе се вртеa и пaмтеa.
Eпа тоа е, малку се извртени работите. Повеќе на Бубамара се делат наградите не поради тоа што и пишува на статуетката/наградата пример Најдобар пеач или песна. Мислам дека на Кајмакоски му доделија награда ете актуелен беше што има девојка и чекал бебе од девојка му , на Тамара дека роди ќерка. На тој принцип се делат наградите не дека ептен некој заслужува за тоа што ја добива наградата.

Друго што сакам да пишам е дека наградите веќе ги знаат предвреме повеќето на Бубамара и оние кој ги прават статуетките бидејќи пишуваат на самата статуетка за кого е наменета , додека пак на Оскари не се знае кој ќе добие статуетка само знаат оние кој гласале тајно и јавно се дознава на самата манифестација кога и ќе се отвораат пликоата да прочитаат.
 
НЕДЕЛА 19:45, ексклузивно на Канал 5 телевизија, гледајте го 21-то издание на „ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА“. За подобар живот
 
Oваа година гледам доста осветлено, доста лед екрани на сцената. За наградите и другите работи веќе имам искоментирано на темава а и многумина делат исти ставови и мислења како јас.
 
Море цела влада била таму и оп логички награди на оние што збореа добро за нив. Порано ова беше забавна манифестација ги памтам сеуште монолозите на Тони “ паштета се мачка на леб! Не зезај! Или мислат дека ќе ја мачкаме паштетата кај ќе стасаме или мислат дека се првите што измислиле таква паштета.“ Посебен жар имаше тогаш сега е само политичка работа и ништо повеќе.Да погодам пак ќе дрндаат антиталентите Атанас и Тино!
 
Годинава Кили после пауза пак на Бубамара.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom