Златко Калински

  • Креатор на темата Креатор на темата Partizanen banditen
  • Време на започнување Време на започнување

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
6.099
Поени од реакции
18.708
Вчера беше најтешкиот ден за спортот. Во пензија отиде најдобриот македонски коментатор на сите времиња Златко Калински. Има ли потреба веќе да се прати спортот на македонските канали по неговата пензија?
 
Па и на спортот на македонските канали изгледа полека му доаѓа крајот :(
 
Вчера беше најтешкиот ден за спортот. Во пензија отиде најдобриот македонски коментатор на сите времиња Златко Калински. Има ли потреба веќе да се прати спортот на македонските канали по неговата пензија?
Ни под разно. Ни на Македонските канали а ни па на интернет или на странски канали. Со заминувањето на Калински во пензија спортот треба да се забрани и укине.
Поздрав.
 
Абе ој мафни го кај сакат нек ојт ќе се рајатисаме. Коментатор? Абе санкир на струшки вечери на поезијата сум.
 
Имаше некоја харизма човекот, и колку и на моменти да тресеше глупости, пред се, со не знаењето како да изговори одредени имиња на играчи, пред се Кејхил кого он и Панчев упоро го викаа Кахил, мене ке ми фали. Пораснав со неговото коментирање, атлетика пред се.
 
Тие што сме постари од 15-18 години овде на форумот убаво знаеме кој е Златко Калински. Човекот си беше и во години и малку почесто употребуваше поезија, но тие што пратиме телевизија малку од поодамна (пред вие да се родите) ќе го запамтиме како еден од најдобрите коментатори од МКД.

Кога Калински коментираше премиер лига како машина вие бевте во пелени и затоа појма немате и го знаете човеков само од последниве години што му се пред пензија.

Нека му е со среќа пензијата, и му благодариме за се!
 
Дојде време да му кажеме збогум на иконата на македонското спортско коментирање.
И времето во мадрид како да знаеше дека ова ќе биде последна вечер во лигата на шампионите за драгоцениот Златко Калински, и така заедно со златко плачеше и тоа. Во еден такт плачеа и двајцата.
Денеска се простува Мајкл Џордан на македонското спортско новинарство, кој и на некој начин беше "гласот" на спортот.
Нам гледачите ни претставуваше чест да го слушаме тој маестрален глас, таа исконска експертиза која стана наша дрога во среда навечер. Нестрпливо го чекавме тој магичен ден, бидејќи беше проследен токму со вокалот на ова импозантно човечко битие кое барем за момент знаеше да даде поетично светло на македонското сивило и секојдневие.
Истовремено, со неговото простување, замина една ера, која вечно ќе биде запишана во аналите на мак новинарството.
 
Последно уредено:
Ајдее, дојде и тој ден, куртуливме од поетов. Ич не го можев упм, рак за ушите. Колуминацијата беше коментирањето на ЛШ во ракомет, но среќа па има опција бардот на спортското коментаторство да се замени со коментар на гологлавото момче од зелената Ирска, Том О'Браниган... Па да не знае да сврзе две реченици без да се избламира и да вергла се едни исти метафори, хиперболи, анифори, епифори, курцофори ко расипан касетофон и притоа да зима плата за такво просеравање, е тоа го има само у МРТВ... до душе и у собрание. А искрено не знаев дека имал толку фанови во земјава, мислев го ругаат ради неговите гафови, нешто као Игорче од Ѕинго ТВ. Ама не, он да ти бил Златко највечи коментатор. :brlav:
 
Ако Калински тресел глупости го праел тоа со стил, слушајте го Реј Хадсон од БН спортс што глупости треска, Златко Калински за него е поет у буквална смисла на зборот. Ќе кажам пак, он и Љубомир Николовски кој коментираше НБА и МЗТ во 90 ти во времето на Џордан, кога Булси владееја и НБА беше попопуларна него било кое фудбалско првенство во моментов и времето кога МЗТ порази екипи ко Реал и Тау Керамика, се ненадминати, уметници, кои имаат свој стил и не те тера да го искршиш телевизорот ако твојот тим губи рецимо и у ист момент коментаторот ти иде на нерви. Мене со спорт клуб стандард ми се дешава тоа, кај губи Реал па и некој мртовец што не ни прати фудбал или шпанско треба да го слушам да го поти и да праи грешки што ги праи дете од прво одделение.
 
Јас пораснав со неговото коментирање не толку на фудбалот колку на атлетските првенства и олимпијадите.
Какви само коментаторски бисери беа тоа, заради него ми останаа во спомен многу атлетски моменти посебно Гетеборг '95 кога Џонатан Едвардс два пати по ред го соборуваше светскиот рекорд во трискок, 100-те метри кога Донован Бејли ги победи американците у сред Атланта '96 па и со светски рекорд, и моментот кога
Мајк Пауел светскиот рекордер се накрка песок и беше победен од Карл Луис во скок во далечина истата таа олимпијада. Да не зборам како со жар ги коментираше трките на Мајкл Џонсон па и сега на Болт, човекот едноставно те тераше да седиш и да уживаш во атлетиката.

Нека ужива во пензијата :)
 
Дигаше атмосфера поготово за ЛШ. Можда не беше најсконцентриран на моменти, али праеше штимунг. Незнам зашто не остана уште со финалето да заврши кариера. Со среќа нека му е пензијата, си ја заслужи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom