Златан Стипишич- Џибони

  • Креатор на темата Креатор на темата D-r-ot
  • Време на започнување Време на започнување
Типот е шмекер, одличен музичар, има преубави песни и многу го почитувам!
 
На концертот во Пула, бендот му е мулти- национален. :)

Влатко Стефановски, бубњарот му е од Франција, пеачот за Миракул негде од Африка, и незнам од каде е дечкото на виолина.

Премногу добар концерт, мислам дека го има на нет целосно негде по торентиве. Вреди да се симне.
 
На концертот во Пула, бендот му е мулти- национален. :)

Влатко Стефановски, бубњарот му е од Франција, пеачот за Миракул негде од Африка, и незнам од каде е дечкото на виолина.

Премногу добар концерт, мислам дека го има на нет целосно негде по торентиве. Вреди да се симне.

Целиот Миракул е од светска продукција, затоа и ги има тие гости.
Симнете го Acoustic/Electric албумот, одлични live верзии на песните, обавезно мора да се слушне.

Инаку, јас првпат го запознав Џибони преку Миракул...кога првпат го видов спотот, мелодијата ми беше онака...мех, ваљда не бев расположен. Веќе на второ слушање знаев дека морав да ја имам, а потоа и од Бит-Пазар на времето му ја купив цела mp3 колекција.
Страшно моќен текст имаат песните, еве за пример Hodaj, Sve cu prezivit (Acoustic верзијата од гореспоменатиот албум е "еротики") и Lipa moja.
 
Вистински мајстор.. Еден од моите омилени пејачи.. Буквално сите песни ми се омилени: Cinim pravu stvar , Oprosti, Tempera, Sebi dovoljna, Zavezanih ociju, Vrime da se pomirim sa svitom.. ама право ремек дело според мене е Tajna vjestina.. Едноставно најсовршена е од сите.. :pipi:
 
човеков е моментално светлосни години пред сите балкански "звезди".. светлосни годинии... убаво кажа Мац нема песна која што можам да ја одвојам како омилена сите се на исто ниво.. прв пат контакт со Џибони имав веројатно како и сите останати преку Либар и од коа ја преслушав оваа песнаа ми текна да го симнам целиот албум "Миракул", па се редеа Опрости, Тајна Вјештина, Миракул, Кад ми небо буде дом и ако морам да изберам омилена песна од овој албум секако покрај Либар тоа би билаа НЕ ОДУСТАЈЕМ.. песнава е врв...


и од коа го преслушав и овој албум фала богу живела пиратерија ја симнав цела дискографија и од тогаш сум заразен со Џибони... и од тогаш сум заразен со Чиним Праву Ствар, заразен сум со Divji Cvit, заразен сум со Ako me nosiš na duši, буквално сум заразен со сите песни :) април, на прославата на Тинекс на плоштад беше феноменалноо.. се надевам дека за Нова Година ќе се смилуваат и наместо на плоштад да не мрзнеме ќе го преместат во Борис Трајковски (Неофицијално, дочекот на Новата Година ќе почне со перформанси за најмладите, а вечерта ќе има две журки - едната традиционална на Плоштадот и другата во салата Борис Трајковски.)
 
^ Горе само малце да те надополнам...

Со Оливер се можеби најкомплетните балкански ѕвезди. Тука би го вбројил само Тоше. Под ѕвезда не подразбирам само талент и популарност, туку се што го краси со тој епитет. Да биде хуман, да има харизма, да биде човечен со еден збор. Не зборам за квази ѕвезди кои ги глумат горе наведените карактеристики и кои воедно го прават тоа за профит и популарност.

Штета што вавките како нив можат на прсти да се избројат.
 
Е кај нашле терминов да го погодат за човек како него.
Уметник,професионалец,ѕвезда во вистинска смисла на зборот.Треба да му се приреди еден огромен концерт како што заслужува.
Инаку прв пат го забележав и дознав дкеа постои некоја фацка како Џибони со албумот Миракул кој ми е омилен-и тоа беше тоа.
Преубави,емотивни,романтични,мотивирачки ама буквално секакви песни во кој секој може да се пронајде.
Да одвојам нема да можам ама ај да ставам некој песнулиња

 
Оваа Красулка пиша и одма се затаи темата. :)

Него, оваа песна е ѕверска, текстот, поготово лајв верзијата...
Посветена е на децата со посебни потреби и е химна на УНИЦЕФ во Хрватска.

 
Еден од ретките кој се талентирани на балканов , факт , има одлични текстови и не се труди да копира.
Се на се , човек за почит.
Иако не го слушам , неможам да кажам ништо освен пофални зборови.
 
музка со стил што е реткост тука. во битола направи одлична забава и драго ми е што присуствував едноставно узивање со одлична музичка ризница.
сакам пак :vozbud:
 
ВЕ МОЛАМ,НЕКОЈ АКО ЗНАЕ ОД КАЈ МОЖЕ ДА СЕ СПУШТИ КОНЦЕРТОТ НА ЏИБОНИ ОД ЗАГРЕБ,ИЛИ НЕКОЈ АКО ИМА ТОРЕНТ,НЕКА ПИШЕ!!!!!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom