Зимски Олимписки Игри - Сочи 2014 | генерална дискусија |

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Гледам скелетон и не разбирам на кој начин управуваат со санката? Само лежи на нејзе и се вспушта по стазата.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
Зашто русите бојкотирале уметничко лизгање мажи, има инфо??
 
Добар ден за русиве денес, освоиле две злата во скелетон и шорт трак мажи. Пољакот Zbigniew BRODKA го освои златниот медал во брзо лизгање мажи пред холанѓанецот Koen VERWEIJ и тоа за три илјадити дел од секундата.
 
Малце старо, гледам и не ми се верува. Вистина ова така, не се заебаваат? :pos:
1797346_1612801532101078_1543050963_n.jpg
 
Шортрекот сепак бил еден од подинамичните, од старт е поинтересен од брзото лизгање не знам мтв зошто воопшто не го дава, кратки се финалните дисциплини и може да ги покрие.
 
Како скијаше третиот на Рускава штафета, мислиш срцево од место ке му излезе секој момент. Друго е Путин и Медведев да те гледаат..:D
 
Како скијаше третиот на Рускава штафета, мислиш срцево од место ке му излезе секој момент. Друго е Путин и Медведев да те гледаат..:D
кај смееш да не се залагаш ќе завршиш на цепење дрва во Сибир или како ликвидатор во Чернобил :D
 
Шведска сосема заслужено златниот медал. Легов им го донесе сребрениот медал на Русија со неоговто одлично скијање. Додека французите сите дадоа највеќе што можат за да освојат бронзениот медал. Они и највеќе се радуваа на медал, исто како да ги гледав нашите репрезентативци при победа. Норвешка потфрли, односно потфрлија првите двајца, а вториот премногу форсираше за да ги стигне па затоа на крајот немаше сила и пак го врати времето што задоцнуваа, додека четвртиот неможеше ништо да направи за да надомести.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom