Животот на фудбалерите

  • Креатор на темата Креатор на темата TheGeneral
  • Време на започнување Време на започнување

TheGeneral

Арогантно копиле
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
583
Возраст
34
Локација
Македонија
Ме интересира како го сфаќате и гледате животот на еден професионален фудбалер? Дали мислите дека да се биде фудбалер е лесно? Какво всушност тие успеале и успеваат во животот? Клуб, семејство, милиони фанови, симпатизери, богатство... како се справуваат со сето тоа? Едноставно како се справуваат со сите притисоци? Дали сите тие се имуни на навредите и свирежите од фановите?!?
Ме интересираат и животните патишта, судбините на големите фудбалери. Најпознат животен пат е оној на Меси, кој од ќепец и детенце со "пречки во развојот" прераснува во најдобар светски фудбалер на денешницата. :)

Ми дојде преку глава да читам патетични постови низ фан клубовите од фанови против свои миленици, кога е добро сите се радуваат, кога е лошо тој повеќе не заслужува да го носи црвениот, белиот, синиот... дрес. Каде е нашето трпение? Какво е нашето разбирање за фудбалерите? :)
Ваши размислувања: :)
 
Мое размислување со еден збор -Тери :pos2:
 
Па се им е погодено. Пари имаат колку сакаат, што им треба повеќе? :toe:
 
Pari,zeni,koli,slava,golovi,trofei
:wink:
 
Да беше се толку розево сите ќе бевме фудбалери.

Дрога, допинзи, закани, „ситуација Тери“ покрај тоа што веќе сите го пишавте: пари, коли, жени, успеси итн.
 
Како дете за да почнеш да тренираш прво треба да се има желба и малку талент па потоа да се надоградуваш.После ова ако си добар ќе одиш во погорните категории па се до тоа да станиш професионален фудбалер.После им удираат парите и славата во глава и летаат во облаци и се мислат незнам што ако незнаат ни да се потпишат.
А за кај нас ти треба некој кој што ќе те турка и влечи иако си немаш појма од фудбал (татко,стрико,пријател и сл.) дури да стигнеш до 17-18 години ко ќе видиш дека не си за фудбал ќе си се откажиш а во меѓувреме си му го земал местото на некој друг.ретки се случаеви каде што некој сам успеал.
 
Гледајте ја серијата ''Dream team'' ... сите серијали. Таму све е објаснето преку примери.
Ја уште навијам за Харчестер Јунајтед иначе:icon_mrgr
 
Викаш дали им е лесно да ги свиркаат , и како гледаат на милионите фанови? За 100 000 фунти неделно , ич не им е гајле дали ги свиркаат! А фановите ги гледаат како машина за пари. Прават што сакаат , бидејќи имаат многу пари. И за се останато , ич не ги интересира , има кој да мисли на нив. Живеат најдобро што може.
 
Најдобар живот имаат,и ја би сакал таков да иам :) иако лесно не стигнале до таму,со труд и со големи напори..али не е се во парите као што пишувате..има и други работи кои се побитни...
 
Да беше се толку розево сите ќе бевме фудбалери.

Дрога, допинзи, закани, „ситуација Тери“ покрај тоа што веќе сите го пишавте: пари, коли, жени, успеси итн.

Дабе, ти избра да не бидеш фудбалер и ѕвезда во фудбалски гигант.

Сите сакаме да бидеме фудбалери, поточно ко нив, али толку не бива. Да имаше избор, тешко дека некој ќе избереше да не е. А вака да се тешиме, можеме колку сакаме...
 
Лесен живот до едно време.После веќе кога неигра останува едно големо НИШТО.
 
Дабе, ти избра да не бидеш фудбалер и ѕвезда во фудбалски гигант.

Сите сакаме да бидеме фудбалери, поточно ко нив, али толку не бива. Да имаше избор, тешко дека некој ќе избереше да не е. А вака да се тешиме, можеме колку сакаме...

Нив сите ги бива.
Вложи многу пари и нарвно труд мора да те биде. Треба да имаш само нерви и по некоја врскичка да те прогура од овдешниов шугав фудбал и да те однесе во некоја екипа од странство. За тоа ти требаат пари. А, трудот ти ќе си го вложиш сам од себе.

Вака ако не успееш или имаш повреда на екстремитетите и ги движиш со потешкотии или имаш некој психички проблем. ; )
 
Јас ти кажувам еве од прва рака за кошарка, за да успееш кај нас - 90% е труд и 10% е талент. За да успееш во странство, тоа е друга приказна.
По твојата теорија, сите можеме да бидеме и актери и пејачи и сноубордери и кошаркари и се што ќе посакаме.

Али да биде како Лампард, Меси и Ибрахимович не може секој, затоа и се толку барани тие - природна селекција.
 
Не зборам ја за Лампард, Меси и такви ултра популарни ѕвезди. Туку за добар играч за наши услови кои ќе си игра у странство у некој дански, шведски, холандски, германски прволигаш. :)

Edit: И да, сите може да бидеме актери, пејачи, кошаркири и било што, али неможе сите да бидеме Коби Брајант, Пеџа Стојакович, Џорџ Клуни, Том Круз, Мадона. ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom