Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Една од поголемите несреќи која ја снајде Македонија и Македонскиот народ е Александар.
се надевам дека Пергамон не го свати како папирус...да бе !...
и за калиграфија
многу интересни теми
се надевам дека Пергамон не го свати како папирус...
би бил многу разочаран...Македонското Пергамското Царство,да биде во групата "многу интересни теми"....
Најпрво поздрав до сите, не бев во Македонија скоро месец дена а и од ко дојдов ме чакаа натрупани обврски така да не можев поактивно да ги пратам темите и дискусиите но кратко да се вклучам на оваа...
Тврдењето дека не е можно некој народ да ”исчезни” е наивно, глупо, и одразува елементарно непознавање на историјата, народи кои имале силни царства и држави, ”исчезнале” од светската сцена, се претопиле, се асимилирале, кај некои ниту јазикот ниту писмото не остана како сведок за постоењето, за нив дознаваме преку записи од други, каде се денес Асирците, Вавилонците, Каанците, Филистејци, Хетити, Хурити, Каријци, Лидијци,Фригијци, Урартрејци, Скити, Еламиќани, Медијци, Амонци, Едомци, Дедани, Набатејци, Етрурци, Парти, Илири, Тракијци, Дардани, Далмати....... победени, поразени, освоени, однесени во ропство, надвладеени, асимилирани. Секако дека нивни траги постојат во денешните народи кои живеат на тие места но само како дел помал или поголем од мешавината која ја прави вечните миграции поради војни, глад, пренаселеност... Историјата не можеме да ја игнорираме, фактите кои ни ги оставија Византиските автори за населувањето на Словенските народи на овие простори не можиме да ги наречиме како некои овде ”комунистичка пропаганда’ или измислица на Сталин”, фактот дека со населувањето на Словените се смениа топоними, се смени јазикот и обичаите на населението не можат да се игнорираат. Зошто денес ние зборуваме на словенски јазик и пишуваме со писмото кое за Словените го измислија и прилагодија Кирил и Методи? Светите писма денес не ги читаме на Византиски (грчки) туку на словенско македонски јазик, реките, езерата, градовите, планините воглавном ги попримија словенските називи, историјата не можеме да ја потприме на Хомер и Илијада затоа што се темелат воглавном на недокажани прикаски, на лица народи градови и настани кои историјата како и нивниот автор не може да го потврди со факт, не постои историски нигде Агамемнон, Парис, Одисеј, Хектор, Хелена, Пријам, па дури и Троја е под знак на прашање и се уште има озбилни забелешки дека е тоа Троја на Хомер, од друга страна Херодот и она што го напишал историјата преку други извори може да го потврди, Хомер и Илијада воглавном му служат на романтичните квазиисторичари кои во недостиг на цврсти факти тука наоѓаат поткрепа за своите кули од карти. Па во таја Илијада се најдоа и Србите и Хрватите и Албанците како најстар народ! Историјата за мене е доказ. Историчар кој зборува за ”веројатно, можеби, претпоставка е, ако замислиме дека....” е за мене најблаго речено сомнителен. Шпекулацијата во историјата е дозволена во разумните рамки на посредни факти кои можеме да си ги дозволиме. Јас личнои ретко шпекулирам и сакам и тоа да го поткрепам со индиректни докази но сакам кога од повеќе извори можам да создадам што пореална слика за некој настан.
За Бригите (Фригите) веќе наведов и цитирав што вели Херодот ни не знам што не е јасно тука, но да прифатам Орсон Велс како единствен меродавен доказ за Македонската историја (иако во животот не стапнал овде) е исто какао и да го прифатме ставот на Бајрон за Албанците или да го прифатиме пишувањето на Карл Мај за балканот и народите во него како најточен. Овде на дискусии има толку неуки и неначитани дискутанти да ми е просто жал и грев за нив, ги познавам веднаш по речникот и зборовите со кои се обидуваат да ме навредат исплашени од за нив непознатото. Секогаш сум велел дека лошото образование е многу потрагично од необразование, но да не должам сега сум тука и ќе се читаме се надевам почесто на дискусиите.
ова го имаш и предходно со нова год.