Животна цел

  • Креатор на темата Креатор на темата Sungerot Bob
  • Време на започнување Време на започнување
Ги чуваме дома, немаме многу простор во Скопје сме, ама љубовта била толку голема што комшиите потпишале петиција кокошките од маж ми да останат како љубимци
Сега имаме само шабо и по некој гулаб

Да завршиш за ветеринар, убаво е не само за парите што би ги заработил туку често одиме на ветеринар, ги гледам како си живеат опуштено го работат она што го сакаат и никогаш не можеш да ги најдеш на лева нога ... петка се
Да не продавате?Ако да исконтактирај ме по ПП
 
Да станам поголем ебач од Кико и да ги надминам неговите скилови,на пример да плескам во рерна или слично.
 
Да станам поголем ебач од Кико и да ги надминам неговите скилови,на пример да плескам во рерна или слично.
Пробај во замрзнувач да те видам :pos:
 
кога ќе легнам навечер, да можам да заспијам на грб со раширени раце и нозе

вака нешо :icon_mrgr:


--- надополнето: 21 август 2013 во 23:28 ---
поза : "the world is mine" :D

Или подирекно, да станам вистински ФРАЕР :cool:
 
Да си станам милијардер и да си купувам фудбалски клубови,да донирам за гладните во Африка, да водам големи кампањи против дрогата и насилството и тн. :)
 
Да најдам работа која ќе го буди амбициозното во мене, оти вака никаде не тераме.
Е, од кога ќе ја најдам таа работа и кога ќе напраам некој денар, ќе и купам на сестра ми еден професионален апарат. Животна желба и е.
Ќе ги проширам и двете тараси што ги имаме за едно два метра, мајка ми сака широки тараси. И уште едно веце ќе и направам.
На тато.. Некој посалам зет.
На бабичка би и праќала секој ден цвеќе, и ако не отидам ја видам да знае дека ја мислам.

А јас... Да отидам еден ден во Шпанија,Португалија или Аргентина. Да научам португалски. Да живеам некое време во Холандија. Да научам холандски. Да донирам пари. За децата од Африка и да ги посетам некогаш.
Да носам бурма на прстот за која ниту еднаш не би се покајала што ја носам. Ниту за човекот.
Три сина. Кои ја знаат вредноста на љубовта.
 
Кратко и концизно... Да се себе-реализирам.
 
Да бидам свесен....

Оф Јано мори
Може и јас ама овој пат пред да направам некоја беља, инаку поубо да не сум свесна отпосле....
--- надополнето: 26 август 2013 во 19:32 ---
Абе овоа ми се желби, јас девојче гледајќи по мене не сакам. Тежок е животот за девојките без цицки, а моево ќе нема. :vozbud:

Се зезам. Нормално, секако би го сакала, мое дете е, но ете, мене животна жебла ми се три сина. Без ќерка.

Те сваќам
Јас имам две женски, на втората бременост сите ми викаа ај едно братче, и незнам каков израз правев ама брзо менвеа политика, дури добивав и „извини“
Многу сакав женски.... сигурно и машко да беше ќе го сакав... веројатно...
 
Моментално студирам оперативен менаџмент, па во план ми е да продолжам постдипломски студии за стратегиски менаџмент. Втора и не толку амбициозна (ама себе-исполнителна) опција секогаш ми е инструктор по танц и се' што е поврзано околу музиката.
Како и да е, сум доста упорна како личност, кога ќе си зацртам некоја цел правам се' што е во моја можност за да ја реализирам. Можам да се опишам како алтруист, космополит и хедонист. Во иднина се гледам како независна жена која го работи она на што посветила труд, време и енергија, и на која во иднина се надевам ќе и се исплати сето тоа.

Обично сакам работите да бидат под мој терк, така што не би ја насочила цела моја енергија на стварање слика како типична балканска жена со желба за многу деца и љубов. Се надевам дека покрај себе ќе имам личност исто амбициозна како и јас, независна, со здрав разум и сопствено јас. Без религиозни и/или политички бои. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom