Животна цел

  • Креатор на темата Креатор на темата Sungerot Bob
  • Време на започнување Време на започнување
TO MAKE A DIFFERENCE
(да направам разлика во светот да го сменам) :)
 
Да сум се родил пред околу 50 години..Сега да сум бил 53 да осетам што е младост другарство излавање да сум бил дел од корзото у штип да сум ги направил сите работи сеа шо неможам... тоа било живот а не сеа живото е претворен у пари... позз
 
да ставам 7000 вектори на shutterstock да заработам пари во вреќи потешки од мене и да удрам на патувања и една нива пред Струга ми остана во очи да насадам една барака од хот-хот таму за кога ќе се изморам од скитањето


Да направам некоја куќарка на некој рид или планина,со кокошарник и рибник..Да чувам стока и да фатам уџум од покварениов народ.

Ова е од маж ми сонот, да живее покрај Радика од тераса да фрла на блинкер, и под терасата да живеат шабото и јапонките и понекоја бисерка што фрчи
--- надополнето: 22 август 2013 во 12:49 ---
Да затворам многу педофили, насилници и убијци, да имам финансии да го прошетам светот и го освојам срцето на некој маж кому ќе му биде задоволство да ме штити, чува и сака...

Откако ќе се справиш со многу гадни фаци и не се плашиш од ништо, не влегуваш баш во профил јагне што може некој да го штити :)
 
aLKM63P_460sa.gif
 
Животна цел ми е да напраам една убава лазања и да ја постирам у кајгана готвач;)
 
Ова е од маж ми сонот, да живее покрај Радика од тераса да фрла на блинкер, и под терасата да живеат шабото и јапонките и понекоја бисерка што фрчи :)
Одличен сон,и јас би сакал нешто вакво.Него од кај ти толку познавање за раси на кокошки? :D
Он,јас б сакал здавје да си завршам прво факултет,и да си отворам ветеринарна ординација,макар и да нема многу пари во тоа.Сега сум на почеток на патот,па ќе видиме.
 
Интересно како на повеќето животната цел им е всушност една мала фото-меморија од некој холивудски филм, а не се запрашале што всушност сакаат.
На сите, горе-доле животната цел ни е да “станеме човек“ или да “се разбудиме покрај очите што ги сакаме“, или пак “да се разбудиме на ридишта од пари“.
Мојата животна цел е да се пронајдам себе си. Да дека одбрав факултет па и смер кои што навистина ги преферирам и (се надевам) ќе ги учам со огромен интерес и голема леснотија...

Но проблемот лежи во мојата детерминираност дали јас навистина тоа го сакам. Јас сум имал вакви дилеми многу пати во многу сегменти од мојот (ебате долгиот 19 годишен шо би рекле моиве) живот. Од сите нив можам да кажам дека само од мал дел имам здобиено вистинско искуство.

Пронаоѓајќи се себе си, јас максимално ќе се трудам да останам таков, да не ме заслепат парите како што сега малку почнаа тоа да го прават. После тоа, се' друго е лесно.

Ако незнаеш на што си, тогаш незнаеш што ќе си.
 
Главна животна цел, да умрам. Некогаш, некаде. а тоа измеѓу ме мрзи да пишувам

(на сите тоа ни е финишот, целта, никој не избегал :D )
 
Мојата животна цел е да се пронајдам себе си.
Врска нема тоа што се учи на факултет со реалноста. Не сум ни сретнал студент што навистина учи од задоволство. Повеќето се со сила таму затоа што од мали им ја полнат главата со глупи цели кои се само мачење и ништо повеќе.
И што ти значи да се пронајдеш себеси?
 
Врска нема тоа што се учи на факултет со реалноста. Не сум ни сретнал студент што навистина учи од задоволство. Повеќето се со сила таму затоа што од мали им ја полнат главата со глупи цели кои се само мачење и ништо повеќе.
И што ти значи да се пронајдеш себеси?


Не си сретнал, што не значи дека нема...Ја реков ќе видам, али врз основа на она што видов што пишува на тој смер (за секој предмет на финки пишува како кратка информација) немав ништо да кажам “аеее оваа глупост мора да ја учам?!“ туку ми беше задоволство...

Да се пронајдам себеси значи да знам на што сум, што сакам во животот, што ме прави среќен, каде е моето место (кај припаѓам, во која средина) и се разбира, како да се борам со сите спротивни работи од тоа што го спомнав (што не ме прави среќен, што не сакам и сл.)
 
Него од кај ти толку познавање за раси на кокошки? :D

Ги чуваме дома, немаме многу простор во Скопје сме, ама љубовта била толку голема што комшиите потпишале петиција кокошките од маж ми да останат како љубимци
Сега имаме само шабо и по некој гулаб

Да завршиш за ветеринар, убаво е не само за парите што би ги заработил туку често одиме на ветеринар, ги гледам како си живеат опуштено го работат она што го сакаат и никогаш не можеш да ги најдеш на лева нога ... петка се
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom