Интересно како на повеќето животната цел им е всушност една мала фото-меморија од некој холивудски филм, а не се запрашале што всушност сакаат.
На сите, горе-доле животната цел ни е да “станеме човек“ или да “се разбудиме покрај очите што ги сакаме“, или пак “да се разбудиме на ридишта од пари“.
Мојата животна цел е да се пронајдам себе си. Да дека одбрав факултет па и смер кои што навистина ги преферирам и (се надевам) ќе ги учам со огромен интерес и голема леснотија...
Но проблемот лежи во мојата детерминираност дали јас навистина тоа го сакам. Јас сум имал вакви дилеми многу пати во многу сегменти од мојот (ебате долгиот 19 годишен шо би рекле моиве) живот. Од сите нив можам да кажам дека само од мал дел имам здобиено вистинско искуство.
Пронаоѓајќи се себе си, јас максимално ќе се трудам да останам таков, да не ме заслепат парите како што сега малку почнаа тоа да го прават. После тоа, се' друго е лесно.
Ако незнаеш на што си, тогаш незнаеш што ќе си.