Језда малце темава отиде у слобода и остало ама нема везе ( :
Битно е да се дружиме.
Да не ве цитирам и двајцата.
@smexy
Муабетот ми беше истиот како и во првиот пост.
Какоидае, ти зависиш од нешто друго.
Ако не зависиш од општеството, тогаш зависиш од своите внатрешни страсти и желби.
Врти-сучи - ти си роб на нешто друго.
ime даде многу убава реплика.
Дали тоа живеење по своја мерка повредува некого физички?
Дали тоа живеење по своја мерка повредува нечии чувства?
Дали тоа живеење по своја мерка прекршува правила?
Ако не те интересира ништо понатаму, go ahead. Живеј по своја мерка.
Нека не ти е гајле дали вреѓаш некого со твоето понашање и со твојата себичност и бесчувствителност. Нека не ти е гајле дали повредуваш некого ил не. Нека не ти е гајле за правилата, прекрши ги.
Само едно.
Законот, во секоја држава, не е измислен за оние кои љубат и не се повредуваат меѓусебно. Законот е измислен за оние кои се блудници, убијци, лажговци, крадци, за оние кои им наштетуваат на останатите во една заедница.
Секое твое дело, никогаш не е лично твое.
Секогаш има и други луѓе вмешано.
Размисли малку, дали во секоја одлука одлучуваш сам? Дали на некој друг му мењаш нешто со таа твоја одлука?
Еве, банален пример, запишување средно. Јас се запишав музичко. Тоа на мене ми смени многу ствари. Запознав многу други луѓе. Значи и на другите им сменив нешто. Моите родители сакаа да се запишам таму. Растат ко квасец, горди се на мене (имаат чувства). Ако не се запишев таму, немаше да ги запознаам тие луѓе што сум ги запознала, ќе запознаев други. На тие другите ќе им сменев нешто. итн. итн. во бесконечност.
Дали директно, индиректно, причински или последично, не навлегувам, али битно, Не Си Сам.
Се што правиш, не го правиш сам. Го правиш во заедница.
Затоа, треба и да се однесуваш долично, за таа заедница да функционира.
Верувај ми, анархијата, не може да функционира, ако секој си прави како сака.
Анархија, може да функционира само ако моралот и љубовта меѓу луѓето се крене на едно мноooгу повисоко ниво.
Да не се повредуваат, да ИМ е гајле за другите, да ИМ е гајле за својот морал.
Живеење по своја мерка (во вистинска смисла) во една заедница, нема. Бидејќи нашата природа е расипана.
Ние сакаме да јадеме кога ќе ни се јаде, да спиеме до кога сакаме, да искачаме кога сакаме, да идеме на работа кога сакаме, да не ни е гаје за другите...
Нема да функционира.
Што би било, ако сите си правеа како ќе им одговара?
Не зборувам само за тебе. Зборувам за сите.
Сите луѓе на светов да правеа како им душа сака.
Размисли што ќе беше.
hint: chaos.
@Гладиус
Поентата ми беше таа.
Дека слобода, во вистинската смисла на зборот, не постои.
Ете ти го цел пост во една реченица. На некои луѓе им треба цел пост, на некои една реченца.