Живот по своја мерка!

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Што е мерка?
Мерна единица создадена со взаемна согласност на одредена човечка заедница за да се мери нешто.
Така да нема своја мерка туку таа мерка е секогаш тука за некој да ти мери или ти сам на себеси да си мериш за да докажеш пред другите која е твојата животна мерка.
 
Читајќи една книга, се мотивирав за темава.

Името на книгата ако може ?? :)

Инаку да, мое оддамна зацврстено мислење е дека сопствената среќа и задоволство е едниствен гарант за убав и среќен живот, со кој ќе се осеќате задоволни и исполнети. Вие сте на прво место, па потоа следуваат сите останати.

Еве и едни убави стихчиња околу ова ..

Life is a work of art
you gotta paint it colourful
can make it anything you want
don't have to stick to any rules
you don't need a high IQ
to succeed in what you do
you just gotta have no doubt
just believe in your heart

;)
 
Ако играм според правилата пак сум роб.Подобро би била роб на живот по своја мерка,барем сум "роб" по свој избор.Но изборот е сепак одредена слобода,зарем не?

Дали тоа живеење по своја мерка повредува некого физички?
Дали тоа живеење по своја мерка повредува нечии чувства?
Дали тоа живеење по своја мерка прекршува правила?

Ако трите одговори се НЕ, зошто би размислувале дали да живееме како што сакаме, уште одма почнувај. Иако повеќе би одговарало: „Да одлучуваме како што сакаме“, оти животот е последица на одлуките.

Ако некој одговор е ДА, тогаш има некоја грешка во твоето размислување за тоа какви одлуки да донесуваш.

Не разбирам како е тоа „живот по моја мерка“, апсолутно дека е по твоја мерка. Ако тебе те повредува тоа што живееш по нечии правила, значи дека нивното размислување е погрешно и потребно е синхронизација.

Останува на тебе ( :
Шмекси, читај ме ( :
 
Останува на тебе ( :
Шмекси, читај ме ( :

Ако за тебе
Ако живеете живот по своја мерка, робови сте на сопствените желби, чувства, страсти...
Ако живеете живот по мерка на општеството, тогаш сте робови на општеството, на неговите морали, закони...

Тогаш само ми ја потврдуваш тезата.

Знаеш зошто тигар роден во зоолошка никад нема да се бунтува?
Оти не знае за што да се бунтува.

Не знаеш што е слобода.Не знам ни јас.Али знам што не е.А општеството во кое живееме не е слобода.
Ри реков
Ни вие не знаете како изгледа Господ,па верувате во него.
Кажи ми ја основата на твојата вера,па јас ќе ти ја кажам на мојата.

Само штета е што нашиот глас се слуша само преку блогови и постови.Штета што моите идеали не можат да допрат до другите.

Слобода да бидам тоа што сакам.
Да се движам каде сакам.
Да се вљубам во кого сакам.
Мислиш дека ова е робување?
Слободата вели без контрола и регулација.
Но тоа не ги исклучува моралните последици.
Сепак,ако некому му е потребен пишан закон и устав за се отклони од делување против нечија Волја,тогаш навистина сме предалеку од Анархија.
 
Малце ја измешавме темата. Смекси, ја не зборев за слобода како за безвластие, се задржав на слободата како поим кога единката целосно располага со своето време. Фората е што анархијата може да се постигне (ако се подигне свеста кај поединците) , додека целосно ти како единка да располагаш со своето време, тоа не може да се постигне. Бидејќи си во заедница и бидејќи мораш да преживееш, освен ако не живееш од ваздух.
 
Немојте да мешате природни закони со пишани.
Се во природата е во хармонија,и смртта е природен дел од циклусот,како и јадење и пиење.
Зборувам за закон пишан од човечка рака.
Како и да е,natural,до кога ќе биде ова чекање на свеста?
За среќа.сеуште ни е дозволено да одгледуваме храна,за јадење и надвор од заедница нема да умреш,ама еве и тоа ќе ни го забранат наскоро.
Е тек тогаш што ќе правиме?

Можеш да живееш како што ќе си одредиш,прашање е дали имаш доволно муда да пуштиш чекор?
Да страдаш за своите идеали?
Дали можеш да живееш под ведро небо,да живееш како пештерски човек?
Да јадеш да преживееш?
 
Да а?
Знаеш зошто тигар роден во зоолошка никад нема да се бунтува?
Оти не знае за што да се бунтува.
Фактот што вам родените во решетки слободата ви е апстрактен неопиплив поим ви ја создава илузијата дека таа воопшто не постои.
Искрено,јас не знам како изгледа таа слобода.
Али ни вие не знаете како изгледа Господ,па верувате во него.
Но ветувам дека еден ден ќе дојде,ако треба и крв ќе прска и глави ќе се тркалаат.
Кажи ми, дали за тебе е слобода да мораш да јадеш секој ден?
Дали за тебе е слобода да зависиш од некоја ѕвезда наречена „сонце“ за да таа створи услови тебе храната да ти созрее?
Дали за тебе е слобода да мораш да спиеш секој ден?
Дали за тебе е слобода да мораш да имаш секс со некоја девојка, пошо страстите ти се разгорени?
Дали за тебе е слобода да мораш да идеш на работа секој ден, за да си купиш јадење?
Дали за тебе е слобода да мораш да слушаш професори у школо и да се образуваш, пошо инаку нема да те примат на работа?
Дали за тебе е слобода да мораш шефот да си го слушаш, инаку ќе те избркаат од работа?
Дали за тебе е слобода да не спиеш многу ноќи додека детето ти кенка навечер у соба?
Слобода ли е тоа?

Дали тоа е „живот според твоја мерка“?

Брат, кој те прашува бе тебе?
Мораш.
Нема сакам, нејќам.
Мораш.
Не ми се иде на работа.
Мораш.

Грешиш. Јас верувам во слобода и знам дека постои, но не на оваа земја.

Муабетов со прскање крв не ти го разбирам.
 
Кажи ми, дали за тебе е слобода да мораш да јадеш секој ден?
Дали за тебе е слобода да зависиш од некоја ѕвезда наречена „сонце“ за да таа створи услови тебе храната да ти созрее?
Дали за тебе е слобода да мораш да спиеш секој ден?
Дали за тебе е слобода да мораш да имаш секс со некоја девојка, пошо страстите ти се разгорени?
Дали за тебе е слобода да мораш да идеш на работа секој ден, за да си купиш јадење?
Дали за тебе е слобода да мораш да слушаш професори у школо и да се образуваш, пошо инаку нема да те примат на работа?
Дали за тебе е слобода да мораш шефот да си го слушаш, инаку ќе те избркаат од работа?
Дали за тебе е слобода да не спиеш многу ноќи додека детето ти кенка навечер у соба?
Слобода ли е тоа?

Дали тоа е „живот според твоја мерка“?

Брат, кој те прашува бе тебе?
Мораш.
Нема сакам, нејќам.
Мораш.
Не ми се иде на работа.
Мораш.

Грешиш. Јас верувам во слобода и знам дека постои, но не на оваа земја.

Муабетов со прскање крв не ти го разбирам.

И пак и пак и пак you fail to understand.
Законите на Природата,закони кои се тука токму заради таа симбиоза која владее во Природата.
Да зависиш од Сонцето,но и Сонцето зависи од неговите резерви.
Симбиоза.
Она што се случува кога човека се меша,не е симбиоза.
Каде е симбиозата во економијата?
Зошто само мал дел луѓе од планетава бенефицираат?
Сфаќаш ли дека сите човечки закони не дегенерираат?
Уназадуваат.
Ако веруваш во слобода,ако знаеш дека постои,зошто ондак се помируваш со илузијата дека нема да ја имаш?
Сите сте се предале...
Прскањето крв,значи дека понекогаш треба да се бориш за она во што веруваш.
 
Кажи ми, дали за тебе е слобода да мораш да јадеш секој ден?
Дали за тебе е слобода да зависиш од некоја ѕвезда наречена „сонце“ за да таа створи услови тебе храната да ти созрее?
Дали за тебе е слобода да мораш да спиеш секој ден?
Дали за тебе е слобода да мораш да имаш секс со некоја девојка, пошо страстите ти се разгорени?
Дали за тебе е слобода да мораш да идеш на работа секој ден, за да си купиш јадење?
Дали за тебе е слобода да мораш да слушаш професори у школо и да се образуваш, пошо инаку нема да те примат на работа?
Дали за тебе е слобода да мораш шефот да си го слушаш, инаку ќе те избркаат од работа?
Дали за тебе е слобода да не спиеш многу ноќи додека детето ти кенка навечер у соба?
Слобода ли е тоа?

Дали тоа е „живот според твоја мерка“?

Брат, кој те прашува бе тебе?
Мораш.
Нема сакам, нејќам.
Мораш.
Не ми се иде на работа.
Мораш.

Грешиш. Јас верувам во слобода и знам дека постои, но не на оваа земја.

Муабетов со прскање крв не ти го разбирам.
Ти па ама се тресна со примериве...
Ај иди измени ја природата на било кој начин...
Не ја вртете темава како ви е полесно да се искажете. Не станува збор за зависност од природни појави, од нешта кои не се контролираат со ниту една сила, од нешта кои сами себе не се контролираат.
Сонцето, јадењето, спиењето, хормоните...
Тоа па другото надоле шо го трескаш... Ако не сакаш да идеш на работа, да ти биде некој шеф и да плаќаш за храна - шаторче во село, посади си прехрамбени продукти и не ти требаат пари за луксуз, за купување храна...
Ја имало слободата за која збориш ти преку примериве. Камено доба златна.
И можеш да спиеш бебето ако ти кенка. Има луѓе кои можеш да ги платиш да ти го одгледуваат до колку години сакаш а ти одмарај си во тоа шаторчето, и расти си зеленчуци и овошја.

Не мешај труд и преживување со слобода на избор за начин на живот и слобода при постапување.
Никој никого не прашува и затоа пред никого и не мора да се одговара.

Ја забегувате темата во друга насока. Ама прајте го тоа ко шо треба, не колку ете, напишав.
 
Језда малце темава отиде у слобода и остало ама нема везе ( :
Битно е да се дружиме.
Да не ве цитирам и двајцата.

@smexy
Муабетот ми беше истиот како и во првиот пост.
Какоидае, ти зависиш од нешто друго.
Ако не зависиш од општеството, тогаш зависиш од своите внатрешни страсти и желби.
Врти-сучи - ти си роб на нешто друго.

ime даде многу убава реплика.
Дали тоа живеење по своја мерка повредува некого физички?
Дали тоа живеење по своја мерка повредува нечии чувства?
Дали тоа живеење по своја мерка прекршува правила?

Ако не те интересира ништо понатаму, go ahead. Живеј по своја мерка.
Нека не ти е гајле дали вреѓаш некого со твоето понашање и со твојата себичност и бесчувствителност. Нека не ти е гајле дали повредуваш некого ил не. Нека не ти е гајле за правилата, прекрши ги.

Само едно.
Законот, во секоја држава, не е измислен за оние кои љубат и не се повредуваат меѓусебно. Законот е измислен за оние кои се блудници, убијци, лажговци, крадци, за оние кои им наштетуваат на останатите во една заедница.
Секое твое дело, никогаш не е лично твое.
Секогаш има и други луѓе вмешано.
Размисли малку, дали во секоја одлука одлучуваш сам? Дали на некој друг му мењаш нешто со таа твоја одлука?
Еве, банален пример, запишување средно. Јас се запишав музичко. Тоа на мене ми смени многу ствари. Запознав многу други луѓе. Значи и на другите им сменив нешто. Моите родители сакаа да се запишам таму. Растат ко квасец, горди се на мене (имаат чувства). Ако не се запишев таму, немаше да ги запознаам тие луѓе што сум ги запознала, ќе запознаев други. На тие другите ќе им сменев нешто. итн. итн. во бесконечност.
Дали директно, индиректно, причински или последично, не навлегувам, али битно, Не Си Сам.
Се што правиш, не го правиш сам. Го правиш во заедница.
Затоа, треба и да се однесуваш долично, за таа заедница да функционира.

Верувај ми, анархијата, не може да функционира, ако секој си прави како сака.
Анархија, може да функционира само ако моралот и љубовта меѓу луѓето се крене на едно мноooгу повисоко ниво.
Да не се повредуваат, да ИМ е гајле за другите, да ИМ е гајле за својот морал.

Живеење по своја мерка (во вистинска смисла) во една заедница, нема. Бидејќи нашата природа е расипана.
Ние сакаме да јадеме кога ќе ни се јаде, да спиеме до кога сакаме, да искачаме кога сакаме, да идеме на работа кога сакаме, да не ни е гаје за другите...
Нема да функционира.

Што би било, ако сите си правеа како ќе им одговара?
Не зборувам само за тебе. Зборувам за сите.
Сите луѓе на светов да правеа како им душа сака.
Размисли што ќе беше.

hint: chaos.

@Гладиус
Поентата ми беше таа.

Дека слобода, во вистинската смисла на зборот, не постои.

Ете ти го цел пост во една реченица. На некои луѓе им треба цел пост, на некои една реченца.
 
Убаво рече Гладиус, измешавте се‘ овде. Не може човек да се ослободи од потребата да јаде, тоа е физиолошка потреба, кај секое едно живо створење на нашава планета. Логично, не може да се смета дека си роб на јадењето. А smexy па забегава со анархизмот, што е и според мене, да речеме, идеалното решение за живот по своја (сечија) мерка. Ама брат, тоа не го глеаме ние во наш животен век. Можеби ако постои реинкарнација.
Е сега, што во општествениов затвор би значело живот по своја мерка? Претпоставувам да си тераш како највеќе ти одговара, ама не може да не си ограничен од решетките. Значи ќе тераш како ти чини, ама само до крајот на собата. Во собата прави што ти лежи, ама кога ќе удриш во ѕидот, толку од живеењето по своја мерка!
 
Ама брат, тоа не го глеаме ние во наш животен век. Можеби ако постои реинкарнација.

Доста со тоа пер...Ви викам,анархија нема да се деси се додека вие викате дека нема.викам погоре...сте се предале :)
--- надополнето: Jul 12, 2011 5:32 PM ---
Еве едно песниќе во контекст на темата
 
Сметам дека да биде човек среќен е релативна работа, секој има различна перцепција околу тоа што го прави среќен. Секако дека гледам да одам по свој некој терк и да живеам на свој начин, но не можам да бидам целосна среќна доколку и луѓето во мојот живот не се среќни. Мислам дека сепак не може да живееме баш целосно како ќе ни текне, сепак треба да се имаат во обзир и туѓите чувства. Гледам да правам баланс во животот. И волкот сит и овците на број. Со други зборови и јас да бидам среќна и исполнета, а во исто време да правам и другите да бидат насмеани и задоволни. Не можам комплетно да живеам за себе. Да, јас не живеам за другите, не живеам за туѓото мислење, но секогаш внимавам на туѓите емоции. Ако сум јас задоволна, не значи дека треба да мижам и да не се замарам за тоа како другите се чувствуваат, ако тоа зависи од мене на пример.
 
Си бил еднаш еден брачен пар, кој имал12- годишен син и едно магаре. Одлучиле да одат на патување, да работат и да го запознаат светот и така кренале на пат.
Кога дошле до првото село, луѓето коментирале:
" Погледнете го ова невоспитано момче. Тоа седи на магарето, додека неговите кутри родители го влечат."
Тогаш жената рекла на својот маж : " Нема да дозволиме луѓето да зборуваат лошо за нашиот син ". Мажот го симнал детето од магарето и седнал на него.
Кога дошле во наредното село, луѓето мрмореле :
" Погледнете го ова, нека се засрами човекот кој допушта неговата жена и неговото дете да го влечат магарето додека тој седи ". Тогаш одлучиле дека жената ќе седи на магарето, а мажот и детето да ги држат уздите.
Така тие пристигнале и во трето село, каде што луѓето повторно коментирале :
" Кутар човек! Цел ден работел, а неговата жена седнал на магарето. И кутро дете. Којзнае што уште го чека со таква мајка. "
После ова, одлучиле сите тројца да се качат на магарето и продолжиле да патуваат.
Кога дошле до следното село, слушнале како луѓето коментираат дека грбот на сиротото магаре ќе пукне од преголема тежина. И тогаш сите тројца се решиле да се симнат и да пешачат. Кога поминувале низ следно село, не можеле да поверуваат на коментарите на луѓето кои им се смееле:

" Видете ги овие три будали... Пешачат, а имаат магаре кое може да ги носи. Зарем не би било нормално еден да биде поштеден од пешачење, а само двајца да пешачат."

Тогаш синот и таткото му ги заврзале нозете на магарето и заедно го понеле да го носат.
Тие пешачеле, а магарето го носеле...

Секогаш ќе те критикуваат и ќе зборуваат лошо за тебе, што и да направиш. Тешко е да им удоволиш на сите, а и тешко е да најдеш личност на која ќе и бидеш доволно добар таков како што си. Пушти ги луѓето нека зборуваат... Пеј, смеј се, танцувај, љуби и уживај во секој момент од својот живот...

" Ако на патот до целта застануваш да го маваш со камен секое куче кое ќе залае на тебе, никогаш нема да стигнеш до целта. "
 
Дали тоа живеење по своја мерка повредува некого физички?
Дали тоа живеење по своја мерка повредува нечии чувства?
Дали тоа живеење по своја мерка прекршува правила?
Ако трите одговори се НЕ, зошто би размислувале дали да живееме како што сакаме, уште одма почнувај. Иако повеќе би одговарало: „Да одлучуваме како што сакаме“, оти животот е последица на одлуките.
Ако некој одговор е ДА, тогаш има некоја грешка во твоето размислување за тоа какви одлуки да донесуваш.
Не разбирам како е тоа „живот по моја мерка“, апсолутно дека е по твоја мерка. Ако тебе те повредува тоа што живееш по нечии правила, значи дека нивното размислување е погрешно и потребно е синхронизација.

1.Никогаш не планираме да повредиме некого физички,освен ако сме загрозени,нели?
2.Живеењето ''по мое'' скоро секогаш би повредило нечии чувства.Во голем број е таков случај,зато шо не работиш по нечии правила или не играш по нивната музика.(пр.добиваш прашање искрено да одговориш на некого искрено мислење за него.И му даваш одговор шо не очекувал и после добиваш етикета.Барале искреност - ја добиле.Не им се бендисала - не им чиниш.Не сакам да си го заебам денот за да му е добро на некој друг.).Сите луѓе сме егоисти,разликата е дали признаваме отворено или не.
3.Сите сме прекршиле барем едно правило во животот.Дали морално или правно.Никој не е безгрешен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom