Живот без Фејсбук

  • Креатор на темата Креатор на темата Löwe
  • Време на започнување Време на започнување

Дали животот без Фејсбук ќе беше подобар?


  • Вкупно гласачи
    197
Фејсбук максимално го (зло)употребувам.

И кога ми треба, и кога не ми треба, едноставно ми е занимација, алатка што неминовно ми треба ако сакам да се информирам најбрзо.

Патем, еден месец ми беше блокиран, раат си бев без него. Сфатив дека не е страшно, дека апсолутно не е неопходен и дека главата ми е поспокојна без него. Да, фали да си скролаш по мутавите статуси, песни, чат пат сеир на нечиј профил, но тогаш сконтав колку е банална целата таа мрежа кога се шири и менува некои реални релации.
Виртуелно корзо е буквално.
Мене ми е подобар како информатор и портал на кој можам да си ја споделувам поезијата.
 
шо сака да каже авторот на темава...дека фејсбук е начин на живот?или фејсбукот го расипува животот?го расипува да,ама на тие шо го сваќаат премногу сериозно и забегуваат по фејсбук
Ништо не сакам да кажам, само сакам да отворам тема за дискусија дали животот без Фејсбук ќе беше подобар или полош...
Јас лично мислам полош
 
Работата не е дека Фејзбук е лош , напротив има многу позитивни страни ( контакт со луѓе , наоѓање загубени контакти , рекламирање , искажување јавно мислење , ширење покани за "настани", шмекање потенцијални партнери и ред други ) туку што луѓето го користат на погрешен начин и стануваат на некој начин "зависни" ...
Ама да не беше фб , ке беше хајфајв или мајспејс , проблемот е што не е за секој човек интернет :D
 
Да речеме дека ќе се укине фејсбук и после што, сите ќе се преселат на Google+ така да нема живот без социјални мрежи, една социјална мрежа ќе се укине, потоа нова ќе се создаде така да на тие што не им е интересен фејсбук нека него користат и нека не се досадуваат со него ете јас не го користам, досадно е кога скролам и гледам некој си фејсбук статуси, слики, тие што си ги користат нека го користат паметно бидејки темата со ретардирани фејсбук статуси е полна!
 
Дали има или ќе нема Facebook исто ми се фаќа , и онака не го користам :) само понекогаш кога
нема што да се прави ако сакаш да искомуницираш се наоѓа.
А дефинитивно и да го немаше исто ќе беше немаше да ни фали ништо, сепак убавината на животот сепак не е седење пред компјутер и допишување со другарчињата/другарките.....или некој друг.
 
Луѓе зошто се замарате за непотребни работи-Фејсбук не чинел, уништувал животи, те терал да седиш пред компјутер....сето тоа се бесмислици.Небаре Фејсбук е живо суштество.
А за животот без Фејсбук:едноставно замисли си ја телефонската сметка без него.Simple as that.
 
2 месеца без него и супер ми е!!! :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud: Ви препорачувам и вие да ги избришете,верувајте повеќе време за вас ќе имате(y)


trajno go izbrisa ili samo privremeno(posto posto i taja opcija ), posledno vreme i jas mislam taka nepotrebno se gubi vremeto na neproduktivni celi.
od koi nema nikakov dobit
 
Многу очајнички звучи реченицава "Ах да не беше фејсбук" и што ако не беше ? Ќе седевте на нешто друго My Space или ред др. глупости, оваа реченица е за да се тешат демек фејсот им го прави ова кога они самите се криви за тоа.
 
Мислам дека преувеличен е фејсбуков, како којзнае што да е, го прават појак и од самиот интернет
 
Темата требаше да гласи животот без интернет дали би бил подобар?:) ,а бидејки се работи за фб одговорот е , фб според мене е само средство за полесно манипулирање со интернетот .
 
а која е целата поенда на фејсбук може некој да ми објасни на темава?
 
Работата е што нема поента. Фб постои за трошење на слободното време на најнепродуктивен начин. Многу подобро би било без фб, би имало поголема социјализација меѓу луѓето, повеќе дружење и правење муабет во живо а не преку некој си виртуелен свет преку кој не можеш да ги почувствуваш и забележиш емоциите на оние со кои зборуваш.
 
Некој калашникот го измислил за одбрана или незнам која цел,а почнал да се користи како оружје за масовно убивање и војни. Значи некој го измислил - е сега треба само да знаеш за што е и како правилно да го користиш.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom