Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Па од кога грците го купија Жито Лукс фирмата оди само во надолна линија.леле да се сеќавам на старито Жито Лукс какви погачици имаше па пирошки со сирење ма немаше никаде ни еден Специјал и Вегера нема такви да направи, а сега нема ништо од тоа се е без везе незнам што стана со Жито Лукс навистина беа добри!
Па од кога грците го купија Жито Лукс фирмата оди само во надолна линија.
истото и јас го помислив ама ја викам да не ги окривувам Грците но вистина така е!
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:Се додека не стане познато е добро. Кога ИМЕТО на бурекџилницата (или како и да ја наречам) ќе стане познато, сите ги расипуваат производите. Во Специјал фурната цел живот јадев пастермајлии и беа преубави, ама последниве неколку месеци штедат на материјал и помали се од порани. Порано кога ќе купев полна беше месо, а сега трчи, трчи оп едно мевце... па пак трчи па уште едно мевце. Ама тоа е. Од Жито Лукс порано го јадев тој ролатот со вишни ама сега ставаат две вишнички во цел ролат, а порано течеше од сите страни кога ќе гризнев. Ама јебига.
Јас не знам која им е пазарната политика на жито лукс ама од моја гледан тоќка изгледа самоубиствена.
Значи пак си остануваат најдобрите печива кај локалните бурекџии кои имаат подолгогодишна традиција и во името на квалитетот не го укрупнуваат својот бизнис.
Не сум купил нешто од жито лукс најмалку 10 години, специјал кај стара телевизија точно е дека почнуваат малку да стануваат стиснати на материјал, ама затоа до сега мојот локален бурекџија не ме изневерил, кој бил во лептокарија или учел во средните во близина знае дека бурекџијата на ќошот на задниот ред згради кон карев не паднале на квалитет, ѓеврекот им е феноменален, преклопена пица за 20 денари тамански, балга кифла полна со крем за 15 денари, ма тоа има за 30 денари да не можеш да дојадеш.