Женски манипулации и целта

  • Креатор на темата Креатор на темата koletheman
  • Време на започнување Време на започнување
:facepalm:



:duel:
Ти од медицина, јас од психологија. Тука сме негде.

Манипулацијата потекнува од личноста и карактерот. (Потреба за восхит, недостиг на емпатија, чувство на супериорност, намера да контролираат други, ладнокрвно стратешко размислување, недостиг на вина, импулсивност, користење луѓе како средства...).
Манипулацијата може да се појави како реакција на страв, несигурност или ниска самодоверба.
Фројдски гледано, се работи за конфликт меѓу Ид, Его и Суперего личноста најчесто бара паметен начин да го добие она што го сака без вина.

Многу манипулатори се бидејќи дома постоела емоционална манипулација; родителите биле непостојани, казнувачки или непредвидливи; морале да ,,учат да преживеат" со адаптивни стратегии. Ако како деца гледале дека лажењето носи награда, дека вината може да се префрли на друг, дека преку емотивна уцена се добиваат работи тоа го учи како нормално.
Некои манипулираат заради чувство на моќ, избегнување одговорност, навика, страв од напуштање, немање емпатија, од потреба за сигурност, од ниска самодоверба, од избегнување конфликти..

Оралната фаза (Фројд) каде се развива зависност, потреба за внимание и пасивно-агресивни стратегии.
Значиии сепак се стекнати, не мислам дека се вродени. Хормоните можат да влијаат на однесување, но не го диктираат карактерот.

Посесивното однесување може да биде несвесна форма на манипулација. Децата што растат со прекумерно контролирачки или нестабилни родители често учат дека љубовта, внимание или прифаќањето се добива преку потчинување. Значи, посесивноста често е насобрана реакција на воспитување и искуства, а не природна или вродена карактеристика. Хормоните можат да влијаат на емоциите, ама карактерот и средината го формираат однесувањето.

Само долго е ова, да не почнувам, зошто и други фактори зависат за манипулациите како социјални, општествени, културни итн..
 
Манипулирање кај некоја личност најчесто се открива преку постапките на некоја личност. Не се работи толку за тоа што некој ќе каже туку како се однесува. Дали се совпаѓа кажувањето со однесувањето. На многу од вас ви е позната изреката „Едно кажува а друго прави" е тоа е манипулација. Следете само шема на однесување на личноста во која се сомневате и тоа е сосема доволно.

П.С.
Совет...
На Youtube има еден куп аудио книги и теми со совети како да се препознаат нарциси,психопати и секаков вид на манипулатори. Доволно е да се преслушаат неколку од нив и ќе добиете идеја за што се работи.
 
Последно уредено:
Сите манипулираат повеќе или помалку и кога велам сите не мислам само за жените. Сите се нарциси повеќе или помалку. За „твоја утеха" интересно е што статистички мажите се повеќе склони да бидат психопати генетски отколку жените кои се во многу мал процент. Се разбира не е само генетиката одговорна за тоа дали некој ќе биде манипулатор или психопат секако дека околината и воспитувањето највеќе влијаат како причина за такво однесување.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom