Женски манипулации и целта

  • Креатор на темата Креатор на темата koletheman
  • Време на започнување Време на започнување
:facepalm:



:duel:
Ти од медицина, јас од психологија. Тука сме негде.

Манипулацијата потекнува од личноста и карактерот. (Потреба за восхит, недостиг на емпатија, чувство на супериорност, намера да контролираат други, ладнокрвно стратешко размислување, недостиг на вина, импулсивност, користење луѓе како средства...).
Манипулацијата може да се појави како реакција на страв, несигурност или ниска самодоверба.
Фројдски гледано, се работи за конфликт меѓу Ид, Его и Суперего личноста најчесто бара паметен начин да го добие она што го сака без вина.

Многу манипулатори се бидејќи дома постоела емоционална манипулација; родителите биле непостојани, казнувачки или непредвидливи; морале да ,,учат да преживеат" со адаптивни стратегии. Ако како деца гледале дека лажењето носи награда, дека вината може да се префрли на друг, дека преку емотивна уцена се добиваат работи тоа го учи како нормално.
Некои манипулираат заради чувство на моќ, избегнување одговорност, навика, страв од напуштање, немање емпатија, од потреба за сигурност, од ниска самодоверба, од избегнување конфликти..

Оралната фаза (Фројд) каде се развива зависност, потреба за внимание и пасивно-агресивни стратегии.
Значиии сепак се стекнати, не мислам дека се вродени. Хормоните можат да влијаат на однесување, но не го диктираат карактерот.

Посесивното однесување може да биде несвесна форма на манипулација. Децата што растат со прекумерно контролирачки или нестабилни родители често учат дека љубовта, внимание или прифаќањето се добива преку потчинување. Значи, посесивноста често е насобрана реакција на воспитување и искуства, а не природна или вродена карактеристика. Хормоните можат да влијаат на емоциите, ама карактерот и средината го формираат однесувањето.

Само долго е ова, да не почнувам, зошто и други фактори зависат за манипулациите како социјални, општествени, културни итн..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom