Жените се мажат за моќ, а мажите за убавина....

  • Креатор на темата Креатор на темата Kallista
  • Време на започнување Време на започнување
Теориите не значат ништо затоа што се само теории.

Бидејќи контрадикторните искуства се поважни од научниот метод...Лол. Изгледа мешаш хипотеза и теорија. Хипотеза е само мислење. Теорија е кога ќе земеш хипотеза и ќе направиш експеримент. Ако е успешен, тогаш станува теорија. Како на пример овој експеримент. Ако мислеше на хипотези во право си, не значат многу додека не се направи експеримент и не се тестираат.

Проблемот е тоа што кај мажите постојат толку многу папучари на кои мозокот им е закржлавен колку зрно од грав што веќе ми се повраќа. Верувам дека не сум само јас тој кој што има толкаво его за да неможе да ги проголта тие double standards кај жените или што и да е во таа нивна филозофија дека тие го одбираат мажот а не мажот нив и дека се се врти околу нив, дека тие одлучуваат со кого ке стапат во брак и кога и дали ќе се разведат. Јасно ми е дека женската психа за повеќето мажи е мистерија, но кога ќе поминеш и низ сито и низ решето, многу работи околу жените ќе ти станат појасно а теории има за читање колку сакаш. Така да, ако веќе не се зема предвид љубовта туку моќта парите и убавината, играта станува гнасна. Секога чест на оној кој ќе дојде до ниво да може делумно да ги процени длабоките намери на жените, тешко на тој што ќе остане заспан.

За теорииве горе објаснив. Живееме во време кадешто машката и женската психа НЕ СЕ МИСТЕРИЈА ако земеш малку време и истражиш. Има цела гранка на науката што се вика mate selection и книгана кон која линкирав горе е добра за објаснување на фундаменталните нешта и како тие работат.

Да те прашам, што дефинираш под љубов? Дали љубовта е нешто во кое двата партнера гледаат алтруистично еден на друг и гледаат да ги задоволат потребите на другиот без притоа да си ги задоволат своите? Во тој случај, таква љубов не постои.

Реалноста е дека секој партнер гледа да си ги задоволи своите потреби, и знае дека начинот на кој ќе го направи тоа е да ги задоволи потребите на другиот. Затоа доста сретнуваш како жени им даваат секс на мажи бидејќи се надеваат дека тоа ќе ги натера мажите повеќе да се посветат на нив а мажи ветуваат на жени дека ќе се оженат со нив, whatever, за да добијат секс.

И жените го викаат истото за тебе, на пример...зашто типов неќе да ми се посвети него само мисли на секс? Чекај...зарем не го викаат тоа сите жени? Неможат да сватат како мажите мислат САМО на секс (добро ова е делумно точно али поентата е таа.) А мажите неможат да сватат како жените мислат само на гушкање, брак, врски, љубов - според нивна дефиниција итн. Ова е главната причина за фрустрацијата меѓу половите, не можат да сватат дека едноставно се различни и имаат различни мотивации.

Да се вратиме на поентата...што е љубов? Доста луѓе прават погрешна проценка тука...љубовта е РЕЗУЛТАТот, а не причината. Љубовта е нешто што се случува кога ќе видиш некоја згодна цура...љубовта не е некое надприродно чувство со кое комуницираме со целиот универзум и се спојуваме како две души и живееме во вечноста лол. Ако ја сватиш љубовта од овој аспект (пак, не измислувам топла вода, има теории = хипотези + истражувања за ова, види го линкот горе) тогаш работите стануваат многу по-јасни и логични и нема потреба за интерпретации како 'експлатација', 'гнасна игра' итн.
 
Секој пар е посебна приказна.
Сепак можеби теоријата со оглед на тоа дека има се погоем број на самци по нашите села, а се повеќе самици по градовите поттикнува да се размисли зошто. А уште еден фактор плус е бракоразводите.

Моќ? Има повеќе видови моќ. Мене ме води слоганот знаењето е сила и моќ. Мислите дека има правила?
 
Македонските девојки користат Француска косметика,носат Италијанска гардероба, обожаваат јапонска кујна, возакаат германски автомобили, и сакаат сето тоа да им го обезбеди Македонскиот маж.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: JOE
Македонските девојки користат Француска косметика,носат Италијанска гардероба, обожаваат јапонска кујна, возакаат германски автомобили, и сакаат сето тоа да им го обезбеди Македонскиот маж.


zato ce odis vo ukraina vo nekoe selo ce si zemis ukrainka bela plava so sini oci :) da te vidi gospod :LOL:
--- надополнето: 31 март 2012 во 22:10 ---
eve kako izgleda edna prosecna ukrainka :)
ukrainianwomen.jpg
 
Prasanjeto e pogresno postaveno. Barem delumno. Zenite se mazat od ljubov(ogromen del). Posle im doagja idejata deka moken/uspesen maz e idealna opcija.
 
Македонките(мнозинството) се бајаги комплицирани женски, барем јас лично така мислам, ако сум грешка некој нека ме поправи и нека ми објасни зашто мисли дека не сум во право !
Македонките(грото) сакаат дечко/маж со изглед ко Бред Пит на пр., во кревет да е*е ко црнец, финансиски да е пун ко брод/танкер, по дома да изиграва домаќинка и да се разбира во се и сешто и.т.н.
Ако имаш изглед, а немаш пари, ништо ..
Ако имаш пари, а немаш изглед, ништо ..
Ако си паметен, а немаш ни пари, ни изглед, пак ништо ..
Всушност дали и самите девојки знаат што конкретно бараат или не ?! :tapp:
 
Не би знаел како е, не сум бил во брак. Некои работи се јасни, длабоко врежани во човекот, како желба за сопствен опстанок и за опстанок на потомството. Дури и некои работи што не привлекуваат носат со себе одредена порака, сигнал: тенката половина значи дека жената не е бремена, широките колкови укажуваат дека нема да има проблем кога ќе раѓа, убавината упатува на здравје и сл.
Некои работи еволуираат или барем изгледа дека е така. За жените пред некој милениум важен бил физички крупниот, здрав и силен маж кој ќе ја штити неа и децата, ќе ги храни и сл. Денес не треба физичка сила, требаат финансии.
Не мислам дека ваквите и слични пориви се занемарување. Можеби не се силни како порано и секако дека не се единствени, но...
Инаку секој човек си има желби и потреби, по некој фетиш, па не би генерализирал. Ретки (или не се? ;) бракови на пребогати старци или старици 90+ со плејбој зајачици и манекени?) од ) се оние кои сакаат дома да имаат цел живот (или пократко, ако има развод) убавица-идиот за жена или тотален дибек со полн новчаник.
Арно ама нешто се потсетив. Некои нешта се повторуваат во секоја бајка - убавицата се мажи за убав и млад принц, син на крал (син на тајкун, значи богат) на коњ (ферари). и свињарот не останува покусо и си ќарува принцеза. Нема приказна за Пепелашка и свињарот, кои си живееле среќно до крајот на животот.
Сепак, уште еднаш, не би генерализирал. Не има секакви.
 
Има една изрека која вели:
Ако си машко и ја цениш девојката по тоа што има убави гради,немој да пљукаш на нив кога ќе прашат а што правиш во животот и колку ти е длабок новчаникот.
 
Не би знаел како е, не сум бил во брак. Некои работи се јасни, длабоко врежани во човекот, како желба за сопствен опстанок и за опстанок на потомството. Дури и некои работи што не привлекуваат носат со себе одредена порака, сигнал: тенката половина значи дека жената не е бремена, широките колкови укажуваат дека нема да има проблем кога ќе раѓа, убавината упатува на здравје и сл.
Некои работи еволуираат или барем изгледа дека е така. За жените пред некој милениум важен бил физички крупниот, здрав и силен маж кој ќе ја штити неа и децата, ќе ги храни и сл. Денес не треба физичка сила, требаат финансии.
Не мислам дека ваквите и слични пориви се занемарување. Можеби не се силни како порано и секако дека не се единствени, но...
Инаку секој човек си има желби и потреби, по некој фетиш, па не би генерализирал. Ретки (или не се? ;) бракови на пребогати старци или старици 90+ со плејбој зајачици и манекени?) од ) се оние кои сакаат дома да имаат цел живот (или пократко, ако има развод) убавица-идиот за жена или тотален дибек со полн новчаник.
Арно ама нешто се потсетив. Некои нешта се повторуваат во секоја бајка - убавицата се мажи за убав и млад принц, син на крал (син на тајкун, значи богат) на коњ (ферари). и свињарот не останува покусо и си ќарува принцеза. Нема приказна за Пепелашка и свињарот, кои си живееле среќно до крајот на животот.
Сепак, уште еднаш, не би генерализирал. Не има секакви.

Зависи кој што бара од спротивниот пол, какви побарувања и желби си има врежано во главата, јас сум машко(сингл) и на пр. многу добро знам што барам од спротивниот пол, две работи, прво и најбитно да ми се свиѓа т.е. мој тип на симпатија да е(во физички смисол), а и карактерот ми е доста битен, но сепак е на второ место, други побарувања немам, не сум материјалиста, имам доволно за просечен живот и не ми е битно она која е од каде е и што е ................... но навистина неможам да сфатам што бараат женските, што конкретно бараат од машките, какви побарувања и желби имаат и дали и они самите знаат што бараат, чисто сумљам дека знаат што бараат !
 
Што се однесува до мажите пак и тука за жал не се согласувам со вас. Можеби мажите повеќе бираат убавина кога станува збор за девојка, но едно е да си фатиш девојка а друго е да земеш жена. Мажите пред се бараат жена што е способна на некој свој начин да се грижи за нивниот дом и нивните деца.
Што ако е убава ако е проста? И зарем сте виделе некоја девојка која е помалку убава или подебелка да остане немажена поради својот изглед? -Не. Најчесто остануваат немажени токму убавите девојки и тоа најчесто поради својата препотентност.

Ова последново е многу интересна констатација, што чудно е вистинита. Темата е малку генерализација сепак сметам дека индивидуалното во секој од нас определува каков маж или каква жена ви сакале да имаме.

Ме интересита мислењето околу ова? Дали машките кога ќе откријат дека девојката во која се вљубиле, премногу станува зависна од нив, се разочаруваат?

Моето искуство, а и на повеќето девојки што јас ги знам (иако искрено не знам како е да си во брак) е спротивно. Машките сакаат жената да е зависна од нив. Повеќето и така се поставуваат. Ги прочитав повеќето мислења на темава и видов дека има полемики околу тоа дали жената бира моќен маж, а мажот жена по убавина......
Бидејќи сме 21 век и се почесто забележувам дека женскиот род барем во Македонијава се дели според оваа констатација на две групи. Од една страна девојки кои сакаат добар општествен статус, кои се добро образовани, кои се борат да создадат добра кариера и другата група на девојки кои единствена цел им се финансиите , добра материјална поткрепа, сметајќи дека така ќе им се олесни животот ако се возат со добра кола, ако живеат во одличен стан куќа, ако можат да си прават шопинг секој втор ден, ако носат моќно и препознатливо презиме, едноставно да си добијат се материјално без никаков труд и само да се смешкаат до мажот (да претпоставиме дека би бил некој влијателен или добро ситуиран).
Е сега првата група може да има девојки кои бараат некој рамен на себе и тоа им е пресудно во изборот за маж (што може делумно да ги смести во онаа втората група ако да речеме имаат се општествено ама им треба моќно презиме) или пак може да трагаат по љубов сметајќи дека тие имаат се што е потребно (моќ, статус, пари) и дека емоционалното ќе им остане да го пополнат. Да најдат некој кој ќе ги сака, поддржува, кој нема да ги кочи и уназадува, кој ќе ги разбира и сл. Во оваа вторава група девојките секогаш имаат некој обичен смртник (длабока љубов) оставена зад себе поради тоа што љубовта им е оставена зад материјалното и општествениот статус како приоритети. И искрено мојот заклучок е дека секогаш оваа група е страшна последица од советите на дотичните мајки али тоа е веќе друга тема.

Ќе напоменам оваа поделба е земена како сфаќање на најголемиот дел, а не сите......сепак сме индивидуални битиа и различни ама потребна е мала квалификација за да ја доловам поентата и секогаш постојат важните исклучоци.

Мене не ми треба моќен маж ако немам љубов, чувства према него. Знам дека несакам луѓе без амбиција и цел во животот, некој кој се откажува и при најмалиот отпор. Моќта е променлива категорија, некој може да ја има и изгуби, а некој може да ја немал, а подоцна да ја стекне. Хармонијата го одржува семејството, а нема хармонија без чувства. Финансиите може да ги олеснат проблемите, но не и да ги надминат разликите. Оние девојки кои бираат маж според принципи основани на моќ и материјална основа без никакви чувства ме интересира што им поминува низ главите кога ќе треба да легнат до човекот за кој се врзале...:pipi:
 
Litle heart, mnogu opsirno go napisa ova. Pola nema da te svatat. Jas ne bi mozela da se omazam za "uspeh". Pozelno e, ama ne e presudno. Znaes koj brakovi najveke opstojuvaat? Tie koi do uspehot doagaat za vreme na brakot, "together"
 
Зависи кој што бара од спротивниот пол, какви побарувања и желби си има врежано во главата, јас сум машко(сингл) и на пр. многу добро знам што барам од спротивниот пол, две работи, прво и најбитно да ми се свиѓа т.е. мој тип на симпатија да е(во физички смисол), а и карактерот ми е доста битен, но сепак е на второ место, други побарувања немам, не сум материјалиста, имам доволно за просечен живот и не ми е битно она која е од каде е и што е ................... но навистина неможам да сфатам што бараат женските, што конкретно бараат од машките, какви побарувања и желби имаат и дали и они самите знаат што бараат, чисто сумљам дека знаат што бараат !
Постојат луге кои знаат што бараат од партнерот, постојат луге кои мислат дека знаат што барат од партнерот и постојат такви кои не знат што бараат, глупаво е ваквата поделба да ја сведуваш на машки и женски. Мегутоа, многу е полесно мажите да ги ставиш во еден кош и да кажеш сите мажи се такви, затоа што се многу по површни од жените, додека секоја жена си е приказна за себе, затоа никогаш нема да дознаеш што сакаат сите жени.


Јас лично не би се омажила поради пари, не дека не сум материјалист, сум, сакам да сум финансиски обезбедена и да купам се што ке ми се допадне на излог, ама за да си го овозможам тоа напорно работам и фала богу имам доволно за да си го живеам животот онака како што сакам. Од друга страна сакам маж кој ке биде доволно способен за да може да си заработи за своите потреби и каприци, не дека ми е проблем јас да финансирам, туку затоа што не сакам мојот маж да се чувствува помалку вреден од мене, а факт е дека мажите потајно патат ако партнерката заработува повеке од нив.
Досега, од сите мои парнери сум била многу по богата и искрено ми пречело кога јас ке сакам да ја платам сметката, а тој си мисли дека тоа го правам од сожалување, или за да се фалам со пари, некои се чувствувале понижени или пак сакале тоа да го злоупотребат.
Мојот иден маж треба или да заработува приближно колку мене или ( ако не заработува многу) да се помири со тој факт, да расчисти со своето его, да не прави драми кога ке треба да го финансирам и нормално сето тоа да не го злоупотребува.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom