KaiTekk
R&B boy
- Член од
- 17 март 2006
- Мислења
- 1.045
- Поени од реакции
- 22
Теориите не значат ништо затоа што се само теории.
Бидејќи контрадикторните искуства се поважни од научниот метод...Лол. Изгледа мешаш хипотеза и теорија. Хипотеза е само мислење. Теорија е кога ќе земеш хипотеза и ќе направиш експеримент. Ако е успешен, тогаш станува теорија. Како на пример овој експеримент. Ако мислеше на хипотези во право си, не значат многу додека не се направи експеримент и не се тестираат.
Проблемот е тоа што кај мажите постојат толку многу папучари на кои мозокот им е закржлавен колку зрно од грав што веќе ми се повраќа. Верувам дека не сум само јас тој кој што има толкаво его за да неможе да ги проголта тие double standards кај жените или што и да е во таа нивна филозофија дека тие го одбираат мажот а не мажот нив и дека се се врти околу нив, дека тие одлучуваат со кого ке стапат во брак и кога и дали ќе се разведат. Јасно ми е дека женската психа за повеќето мажи е мистерија, но кога ќе поминеш и низ сито и низ решето, многу работи околу жените ќе ти станат појасно а теории има за читање колку сакаш. Така да, ако веќе не се зема предвид љубовта туку моќта парите и убавината, играта станува гнасна. Секога чест на оној кој ќе дојде до ниво да може делумно да ги процени длабоките намери на жените, тешко на тој што ќе остане заспан.
За теорииве горе објаснив. Живееме во време кадешто машката и женската психа НЕ СЕ МИСТЕРИЈА ако земеш малку време и истражиш. Има цела гранка на науката што се вика mate selection и книгана кон која линкирав горе е добра за објаснување на фундаменталните нешта и како тие работат.
Да те прашам, што дефинираш под љубов? Дали љубовта е нешто во кое двата партнера гледаат алтруистично еден на друг и гледаат да ги задоволат потребите на другиот без притоа да си ги задоволат своите? Во тој случај, таква љубов не постои.
Реалноста е дека секој партнер гледа да си ги задоволи своите потреби, и знае дека начинот на кој ќе го направи тоа е да ги задоволи потребите на другиот. Затоа доста сретнуваш како жени им даваат секс на мажи бидејќи се надеваат дека тоа ќе ги натера мажите повеќе да се посветат на нив а мажи ветуваат на жени дека ќе се оженат со нив, whatever, за да добијат секс.
И жените го викаат истото за тебе, на пример...зашто типов неќе да ми се посвети него само мисли на секс? Чекај...зарем не го викаат тоа сите жени? Неможат да сватат како мажите мислат САМО на секс (добро ова е делумно точно али поентата е таа.) А мажите неможат да сватат како жените мислат само на гушкање, брак, врски, љубов - според нивна дефиниција итн. Ова е главната причина за фрустрацијата меѓу половите, не можат да сватат дека едноставно се различни и имаат различни мотивации.
Да се вратиме на поентата...што е љубов? Доста луѓе прават погрешна проценка тука...љубовта е РЕЗУЛТАТот, а не причината. Љубовта е нешто што се случува кога ќе видиш некоја згодна цура...љубовта не е некое надприродно чувство со кое комуницираме со целиот универзум и се спојуваме како две души и живееме во вечноста лол. Ако ја сватиш љубовта од овој аспект (пак, не измислувам топла вода, има теории = хипотези + истражувања за ова, види го линкот горе) тогаш работите стануваат многу по-јасни и логични и нема потреба за интерпретации како 'експлатација', 'гнасна игра' итн.