leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.565
Нема нешто погадно од чувството на сопствената партнерка да не можеш да и пружиш нормален живот, тоа е убиство за машкото его, исто како да не си способен да донесеш храна после лов и знаеш дека фамилијата ќе ти гладува.
Затоа многу мажи се способни да се разделат само да не мораат да ја трпат својата според нив понижувачка положба на во моментот помалку способна единка во врската.
Паразит никој не трпи,но овде станува збор за период кој ќе помине за временски период.
Зарем машкото его може до тој степен да ја замати свеста и да се одлучи на драстичен чекор?Што кога ќе помине периодот,дали погрешил?Дали треба толку да влијае егото врз машкото расудување на ситуацијата?